Одамна ја немав видено Ива (Билјана Секуловска) на вести. Нели во Брисел е сега па поретко ја има. Таа индиректно ме потсети на сите новинари, презентери и сл. тв фаци кои се пренемагаат за време на вести глумејќи некоја динамичност, атрактивност, сензационалност.
Порано почесто, сега не толку ама сепак, кометирам колку ме нервира тоа, патем мило […]
Entries Tagged as 'TV'
Гледав вести, случајно
October 3rd, 2007 · 1 Comment
Апел до АПЕММ
September 20th, 2007 · 3 Comments
Веќе подолго време на фреквенциите на трите национални ТВ концесиониери одат наградните телефонски квизови во период од 13/14 до 15/16 часот. Колку што мене ми е познато ова е директно кршење на законот за радиодифузија според кој вакви програми се дозволени само по 17:00ч, не случајно за да се оневозможи злоупотребата кон децата при отсуство […]
Говорете македонски
August 19th, 2007 · 1 Comment
Првин се израдував дека еве една од нашите национални телевизии се решила да вложи во емитување на телетекст информации на својата фреквенција, и да ги збогати можностите за пристап до информации, но веднаш потоа, во типичен локален стил, следуваше разочарувањето од (а) немање информации и (б) присутност на вакви моменти:
Што да се каже? Веројатно […]
Зошто мажите не гледаат сапуници?
July 14th, 2007 · 12 Comments
Соочени со податоците дека сè повеќе жени гледаат фудбал, и други „машки“ спортови (и акциони тортури од типот „Умри машки“), и со тоа полека, но сигурно, ги уриваат бариерите помеѓу класичните типови на публика, (o)станува интересен/чуден податокот дека мажите сè уште стојат цврсто на своите гледачки стојалишта и „упорно“ одбиваат да се еманципираат медиумски […]
MTV will cover the 2008 presidential election
July 2nd, 2007 · No Comments
Одамна энев дека MTV - Music television, не пушта муэика во Америка, ама се си мислев дека се нешто као эабавна телевиэија со сите ние глупи емисии од типот на Pimp My Ride и Дома кај… ама ова не го очекував.
На последниот конкурс на Knight News Challenge некојси Ian Rowe во името на оваа телевиэиска […]










