Skip to content


Кога Грујо стана Лери, Сергеј,
Ерик и Марк заедно

Сподели

Не знам што паметно да напишам… постов е само  обид за ракција на законот кој вчера беше изгласан во нашето Собрание. Закон за кој само малкумина се потрудија да продискутираат нешто пред да се донесе. Закон за кој ниту опозицијата а особено не власта не беа доволно гласни во соите јавни произнесувања. И како што обично бива кај нас дискусијата ќе се отвори откако истиот веќе е донесен а откако ќе бидат потрошени предвидените пари ќе се разгледува можноста и да се повлеќе законот, бидејќи нели, се коси со уставот на нашата земја.

За она што не очекуваше прв пат слушнав Дамјан: Што е lawful intercept и како сите нас ќе не боли. Искерно се надевав дека нама да дојде тој ден кога ова ќе стане реалност.

Законот ги обврзува операторите да му обезбедат на МВР да може во било кој момент да ја прислушува целата комуникација која ја прави некој корисник. Тоа значи дека во еден момент МВР одлучува да следи некој човек, и од тогаш копија на сите податоци, сите четувања, отварања на web страни, разговори, пристапи до facebook, google, youtube, porntube и сл. во реално време додека се случуваат, ќе бидат пратени (и најверојатно складирани) некаде во полиција. Притоа прислушувањето ќе се одвива без знаење на корисникот (нормално), но нити знаење и контрола на операторот. За таа цел МВР инсталира специјална опрема кај операторот која му дава целосна слобода да прави што сака.

Сепак ете…. јас денес преку FB од BoingBoing.net дознав дека законот е изгласан. Macedonia introduces universal, deep telco/Internet wiretapping; hardly any MPs bother to vote

Приклучете се на каузата преку која веќе неколку недели се вложуваат напори да се сврти вниманието кон оваа тема. Дополнително еве уште некој корисен текст на темава:

- Амандман 1984 на Уставот на Република Македонија
- Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија
- #privatnost на Twitter
- Кратка анализа… на Хелсиншки комитет (doc)

Категории: Society, information society, local.

Тагови: , , .


iPad и светот потоа

Сподели

Се сеќавате на постот во кој го објавив сликите од овој блог на iPad, кои ми ги прати Милчо? Е, па Милчо всушност тогаш и си купил iPad и набрзо потоа се заљубил човекот. Веднаш му предложив да напише пост за неговото личноискуство , но му требаше еден месец за да му помине првичната еуфорија. Еве го подолу крајно искрениот гостински пост на Милчо Узунов:

Штом го купив мојот iPad сакав веднаш да ја споделам мојата еуфорија со светот, но тогаш ништо немаше да биде објективно и се ќе беше испомешано со емоции и не сосема логично. Денес по скоро месец дена дружење со мојот iPad и откако на свет дојде новиот iPhone верувам дека можам сериозно и од реална дистанца да ги сумирам моите импресии за малото уредче кое дигна толку врева пред и позади себе.

Photo by Apple

Немам намера да ве заморувам со техничките детали (батерија, екран, копчиња) кој ги имате насекаде околу вас, она што сакам да го споделам е личниот впечаток и промената која овој уред ја создаде кај мене и моите секојдневни навики.

Нова класа, нови предизвици

Таблетот (iPad) е класа за себе. Есенцијално откако го користам ја сменив мојата рутина на користење на компјутер (лаптоп, десктоп). Сега поврзувањето на интернет е многу лесно преку мојата „електронска тетратка“ која ја фрлив на каучот покрај мене (нормално заштитена во гумена футрола и проѕирна фолија). Така не морам да одам да седнам пред компјутер или да го тргнам на маса лаптопот или нетбукот кои грејат и бучат. Од овој аспект може да се каже дека iPad-от го третирате како мобилен или како некаков весник кој секогаш е тука покрај вас.

DSC_0760

Го користам за она за што го користам 90% лаптопот (десктопот): меил, RSS Feeds, сурфање. Кога ми треба да го користам како лаптоп, сакам да пишувам или да бидам поефикасен во чат сесијата со моите пријатели ја користам дополнителната тастатура. Практичен со батерија од 12 часа го оптимизира моето време на интернет и се чувствувам многу комфорно но и природно додека го користам.

Овој уред е дизајниран како да е наменет за некој кој што прв пат гледа, да не речам прв пат допира компјутер и од тој аспект е зачудувачки како луѓето од Apple успеале да го исфрлат технолошкиот товар кој го носиме со себе и да го редизајнираат компјутерот одново.

Photo by iA

Продолжи…

Категории: Journalism, Mobile, New media, print, technology.

Тагови: , , , , .


Промовиран националниот форум за интернет надзор

Сподели

NFIN.org.mkГодини наназад истражувањата покажуваат дека т.н. Google генерација (линкот е додаен подоцна) не е толку способна околу ИТ технологиите како што постарите често нагласуваат. Тоа е сосема нормлано, бидејќи сепак, можеби тие знаат како да кликнат овде или онде, но сепак им недостасува искуство и пошироки позанвања за да можат во секоја ситуација да донесат правилна одлука. Се разбира за тоа е тука процесот на образование, формално, неформално, улично, но и интернет образование.

Токму за превенција и заштита од несакани искуства на Интернет и соодветна образовна надградба е основан Националниот форум за интернет надзор. Оваа нова македонска непрофитна организација ќе биде јавно промовирана утре во рамките на меѓународната „Лидерска конференција за ИКТ во образованието 2010“.

Во делот од страницата каде е појаснето зошто постои овој форум е наведено следново:

Децата на денешнината се особено поврзани со употребата на Интернетот, бидејќи скоро и да не познаваат време кога тој не постоел. Има многу штетни појави на кои децата се изложени кога користат Интернет – кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, но можеби најголемата опасност се крие во нивната потенцијална сексуална злоупотреба.

Сексуалната злоупотреба може да се појави во повеќе видови: сексуални предатори, несоодветни содржини, злоупотреба на малолетници во педофилски активности, итн. Децата, како млади личности отворени за сознанија, сеуште немаат доволно развиени критериуми и одбранбени механизми за да ги препознаат овие опасности, а уште помалку да се борат со нив.

Токму тука се наоѓа оправданоста, а и неопходноста од постоењето на организации како што е НФИН – Националниот форум за интернет надзор. Овие организации ги заштитуваат децата од несаканите видови на нивно искористување, и тоа со повеќе видови на активности, кои меѓусебно се надополнуваат и помагаат.

Овој форум ќе делува преку:

  • Соработка со интернет-провајдерите
  • Можност граѓаните да пријавуваат престапници
  • Подигање на свеста и едукација
  • Соработка со државни институции и органи
  • Соработка со странски организации
  • Интернет присуство
  • Известувања на јавноста

Па затоа ако забележете некој сексуален предатор? Сајт со несоодветна содржина (детска порнографија, педофилски содржини…)?
или ако некој се обидува да дознае податоци од деца и млади во chat-соба? пожелно би било да: Пријавите тука!

Напомена: Авторите на овој блог како основачи на Центарот за нови медиуми соработуваат НФИН и се Заштитници на децата на Интернет! Можете и вие!


Категории: New media, information society, local, social media, technology.

Тагови: , , , .


Live: Richard Stallman in Skopje, Macedonia

Сподели

Категории: Media.


140.mk, слушни ја македонската твитерсфера

Сподели

140mk_logoПоминаа повеќе од 14 часови од лансирањето на 140мк. Во овој пост ќе се обидам да ја сумирам идејата за 140.мк како и да одговорам на некои прашања што се покренаа после лансирањето на сервисот.

Главна идеја и мотивација за креирањето на овој сервис е прикажување на македонската твитерсфера на едно место. Планираме 140.mk да биде повеќе од директориум, сакаме да стане референтно место на кое ќе се следат локалните трендовите.

140.мк (бета)_1275392132546

Планот на 140.мк не е да прерасне во клиент за твитање туку ефективно да ја следи дебатата во македонската твитер заедница. Затоа, иако има опција да твиташ, ретвиташ и одговараш од самиот сервис примарната улога на 140.мк не е да се твита од него туку да се следат трендовите.

На почетната страна е поставено да се прикажуваат категориите со највеќе членови и последните 5 регистрирани корисници. Секој корисник одбира до 6 категории при регистрација кои подоцна можат да се менуваат. Твитови од корисникот се прикажуваат во сите категории во кои тој се пријавил. Токму затоа релеватноста на твитер стримот не е голема.  Поради овие причини на почетната страна се одлучивме за прикажување на последни корисници наместо твитови. Во иднина ќе размислуваме за промена на оваа функционалснот.  Засега брзо решение за ова може да биде идејата на @dasaf.

Twitter - Дарко Крстевски- ping до #140mk @140mk сака ..._1275402545777

Голема благодарност до сите што беа вклучени во процесот на создавање на 140.mk, како и до оние што станаа дел од 140.mk и испратија пофални зборови, критики и совети за подобрување. Запомнете:

Квалитетот, вредноста и релевантноста на 140.mk зависи од бројот на членови. Затоа: Приклучи се со твојата twitter сметка!

Категории: New media, Web 2.0, social media, twittersphere.

Тагови: , , , , , , , , .