Skip to content


Киборзи – добредојдовте!

Сподели

Господинот Petruzziello италијаец кој во автомобилска несреќа ја има загубено левата рака имаше можност да опробува биомеханичка рака, која не му била имплантирана туку поврзана со електроди со неговиот мозок во времетрање од цел еден месец. Само по неколку дена успева да научи да прави сложени движења, ала да фати  и подигне чаша, и т.н. само со помош на своите мисли и концентрација…. Она што претстои како предизвик за научниците сега е да изнајдат начин како на овој исчекор да му дадат трајност, елем, биомеханичката рака да биде трајно имплантирана и функционална.

Се чини дека киборгизацијата во целосна смисла на тој збор не е толку далечна иднина. Физичкиот спој на човекот со технологијата не е новина. Пејсмејкери, вештачки колкови и сл….сето тоа ние одамна познато и веќе сосема природно… Но успешниов пример на фузија на технологијата и “живо месо”  е неверојатно возбудлив исчекор во некоја нова неуромансерска ера…

Киборзи -Добредојдовте!

ако сакате да прочитате повеќе можете да го сторите тоа тука: Experts: Man controlled robotic hand with thoughts

Категории: Society, technology.


Video: Sead Dzigal @ E-society.mk (updated)

Сподели

Видео: презентацијата на Сеад Џигал на конференцијата e-society.mk одржана во организација на Фондацијата Метаморфозис.

Категории: New media, academic, local, online.


i – весникот од иднината веќе излегува во Португалија

Сподели

Ме воодушеви видеово, и морав да го ставам во пост, не ми е доволно само да го твитнам или букмаркирам.

Детали читај на EditosWeblog: A Portuguese success story: could i be the future of newspapers?

Категории: print.


Мора од некаде да се почне – Обука: Основи на Интернет огласување

Сподели

Повеќе од 2 години зборувам, предавам, држам обуки на теми поврзани со Интернет, нови медиуми, интернет маркетинг и слично. Комуницирам со голем број на луѓе кои на овој или оној начин се вклучени во некои сегменти од овие приказни. Сум зборувал и како дел од непрофитни настани и публика од граѓанскиот сектор, и како дел од комерцијални настани пред публика од бизнис секторот.

Дополнително, со различните професионални ангажмани низ годиниве наназад се среќавам и соочувам со доста конкретни препреки кои го успоруваат процесот на развој на помасовна употреба на интернетот за различни, но пред се маркетинг цели.

И што од сето тоа? Зошто работава споро оди напред?

Ништо премногу револуционерно. Дојдов до сознанија (искуствено потврдени) дека нема само еден, условно речено, виновник за целава ситуација. Како и за многу други работи сутуацијава е мозаик каде парчињата се исповрзани и не е така лесно да се склопат.

Има најмалку три страни кои сносат, секој за себе, различни одговорности. Врзани се во круг па тешко е да се каже која прва треба да повлече нога. Треба секој својата.

1. Компаниите немаат квалитетни интернет презентации, зборувам за сајтови кои имаат јасна цел, кои се обидуваат квалитетно да пренесат некоја порака или да продадат производ или услуга. Ако нема сајт зад кој стои одредена цал, нема ни мотивација и свест за негово промовирање, ни пак може да се измери успешноста. Зошто би рекламирале прозивод на интернет ако немате негова соодветна презентација таму? Дополнително, компаниите не умеат да ги согледаат (или умеат ама не го прават тоа) предностите кои ги нуди Интернетот во поглед на претставање и промоција на нивните прозиводи и услуги. Не знаат за колку пари што може да добијат, и како да го измерат тоа и што е најважно што може да побараат односно да очекуваат од своите промотивни интернет кампањи.

2. Маркетинг агенциите немаат доволно голем интерес да навлегуваат во ова поле. Пазарот е мал, особено ако се спореди со ТВ или билборди (ourdoor). Потребни се инвестиции во знаење и собирање релевантни податоци и сето тоа оди по линија на помал отпор, односно споро. Плус кога ќе се додаде напорот кој тие треба да го вложат за да го убедат клиентот дека треба да се подготви стратегија за интернет промоција, предизвикот станува уште поголем. Тие се на средина, меѓу предизвикот да го убедат клиентот и да најдат ефективен пласман на пораките. Не им е лесно, ама мора и тие да ја играат својата улога, не смее да има правдање :).

3. Содржинска понуда во МК е сеуште сиромашна. Тука, можеби во последнава година е забележан најголемиот локален развој. Значи факт е дека во МК нема квалитетна содржина на интернет каде човек би сакал да објави реклама. Интернет огласувањето е злато заради можностите за таргетрање т.е. заради нишите (niche) кои се созадаваат. Нив локално ги нема затоа што нема од што да живеат, а нема од што да живеат зошто немаат квалитетна понуда која во фокус ќе ја стави ефективноста на кампањите а не времето на прикажување.

И така се во круг. Влианија и одговорности има многу, не се само овие. Голем е кругот и не е лесно да се развива. Но мора да се почне од некаде. Како што и пишав погоре, веќе неколку години работам, и не сум само јас, на развој на овие работи. Една работа што мислам дека може да се заклучи е дека сите овие горенаведени мора да дознаат што се нуди интернетот како платформа за промоција и како треба да му се пристапи за да може да е очекуваат подобрени резутати.

Току затоа, како прва од серијата обуки кои Центарот за нови медиуми си ги постави во својата агенда решивме да биде токму оваа за Основи на Интернет огласување. Потесната целна група за која ја скроиве оваа еднодневна обука опфаќа: директори на продажба и маркетинг, маркетинг и ПР агенции (медиа директори и закупувачи на медиумски простор) и менаџери на мали и средни компании.

На обуката, посетителите ќе добијат одговор на следниве прашања:

  • кои се основни карактеристики на интернет огласувањето?
  • кои се предностите и недостатоците кои ги нуди оваа форма на огласување?
  • како да ги комбинирате различните начини на таргетирање?
  • како може да ја следите ефективноста на вашата кампања?
  • какви типови на огласи постојат кој за што е најдобар?
  • што е контекстиално рекламирање и како да го употребувате?
  • на кои социјални медиуми да се рекламирате и како да го направите тоа успешно?
  • како да процените на кои веб страници е најдобро да се рекламирате?

Краен рок за пријавување и уплата е 08.12.2009

Бројот на учесници е ограничен на 15 заради задржување на квалитетот на содржината и можноста да се посветиме соодветно на сите учесници. а тука може да се симне детална агенда: Основи на Интернет огласување (pdf 120KB)

Се разбира, доколку ти се види обукава корисна, ќе ни биде задоволство да бидеш дел од неа. Доколку оваа тема не те интересира, проследи ја до некој на кој мислиш дека ќе му биде од корист а ти следи ги следните објави во следните неколку месеци, ќе има обуки и на други теми :)

Категории: advertising, online.


Позитивен пристап кон Интернет. Свежи локални примери

Сподели

Последниов месец и повеќе, решивме, јас и другите луѓе од Центарот за нови медиуми да бидеме малку поагресивни во напорите да поттикенеме позитивна дискусија за Интернет и социјалните медиуми. Не дека нешто значително сме направиле, но сепак, ете некои работи се придвижуваат. Дали е до нас или не, нема да носам заклучоци сега. Не е ни важно тоа.

Имено, кога се дискутира за Интернет секогаш мора да се имаат на ум неговите импликации и да се има крајно конструктивен пристап. Мотивацијата за овој пост ми е текстот кој денес Бисерка Велковска го објави во Нова Македонија: „Фејсбук“ не е за десетгодишници.

- Родителите често се во дилема дали на своето дете да му дозволат или да му го ограничат користењето на „Фејсбук“ и на другите социјални мрежи. Сметам дека не е препорачливо децата уште од многу мала возраст да имаат профили, но тоа не значи строго да му забранувате на вашето дете да користи „Фејсбук“. Добро е отворено да разговарате со него и да бидете информирани за тоа колку време посветува на ваквите активности и што работи за да можете навремено да го советувате и да интервенирате ако има потреба – вели психологот Јана Величковска од општата болница „Ре-медика“.

фото: crisp.org.mk

фото: crisp.org.mk

Навистина ми се допадна аголот на пренесување на темата, нормално не дека има изјава од мене :) туку дека Бисерка не се обидува да дига паника или да брка сензационалност. Пред да го пише текстот препорачав да фати позитивен агол и ја замолив да ги види постовите кои се линкани на погоре. Не знам дали и тоа имало влијание, ќе си каже самата :) ама текстов покажува дека не паднала во стандардната замка во која новинарите, особено после емисијата Пулс на ТВ Алфа од пред некој ден, докажано „паѓаат”.

А свеж доказ за оваа замка, ако воопшто може и така да ја наречеме, е текстот кој исто така беше објавен во Нова Македонија пред некој ден со наслов: Уништен имиџ од видео на Јутјуб. Покрај позитивниот крај на локалниот пример, авторот (во овој случај проектот на Метаморфозис) не успеал во главен фокус (најочигледно е во самиот наслов) да го истакне позитивниот исход и соодветната постапка за спречување на злоупотребата.

Во секој случај и двата текста се крајно за поздравување и се надевам дека секој од нас во иднина ќе се обиде да ја извлече и што е најважно да ја истакне позитивната страна на интернетот. Свесен сум дека сите ги знаеме и мислиме дека нема потреба да ги истакнуваме позитивниве страни, ама ако оставиме традиционланите медиуми да ја поставуваат агендата и понатаму ќе продолжиме да воздивнуваме секогаш кога на некој настан или тв емисија ќе се поставуваат, искрено речено, досадните прашања за безбедност, опасност од измама и слично.

Категории: New media, Society, facebook, local, online.