Skip to content


i – весникот од иднината веќе излегува во Португалија

Сподели

Ме воодушеви видеово, и морав да го ставам во пост, не ми е доволно само да го твитнам или букмаркирам.

Детали читај на EditosWeblog: A Portuguese success story: could i be the future of newspapers?

Категории: print.


Мора од некаде да се почне – Обука: Основи на Интернет огласување

Сподели

Повеќе од 2 години зборувам, предавам, држам обуки на теми поврзани со Интернет, нови медиуми, интернет маркетинг и слично. Комуницирам со голем број на луѓе кои на овој или оној начин се вклучени во некои сегменти од овие приказни. Сум зборувал и како дел од непрофитни настани и публика од граѓанскиот сектор, и како дел од комерцијални настани пред публика од бизнис секторот.

Дополнително, со различните професионални ангажмани низ годиниве наназад се среќавам и соочувам со доста конкретни препреки кои го успоруваат процесот на развој на помасовна употреба на интернетот за различни, но пред се маркетинг цели.

И што од сето тоа? Зошто работава споро оди напред?

Ништо премногу револуционерно. Дојдов до сознанија (искуствено потврдени) дека нема само еден, условно речено, виновник за целава ситуација. Како и за многу други работи сутуацијава е мозаик каде парчињата се исповрзани и не е така лесно да се склопат.

Има најмалку три страни кои сносат, секој за себе, различни одговорности. Врзани се во круг па тешко е да се каже која прва треба да повлече нога. Треба секој својата.

1. Компаниите немаат квалитетни интернет презентации, зборувам за сајтови кои имаат јасна цел, кои се обидуваат квалитетно да пренесат некоја порака или да продадат производ или услуга. Ако нема сајт зад кој стои одредена цал, нема ни мотивација и свест за негово промовирање, ни пак може да се измери успешноста. Зошто би рекламирале прозивод на интернет ако немате негова соодветна презентација таму? Дополнително, компаниите не умеат да ги согледаат (или умеат ама не го прават тоа) предностите кои ги нуди Интернетот во поглед на претставање и промоција на нивните прозиводи и услуги. Не знаат за колку пари што може да добијат, и како да го измерат тоа и што е најважно што може да побараат односно да очекуваат од своите промотивни интернет кампањи.

2. Маркетинг агенциите немаат доволно голем интерес да навлегуваат во ова поле. Пазарот е мал, особено ако се спореди со ТВ или билборди (ourdoor). Потребни се инвестиции во знаење и собирање релевантни податоци и сето тоа оди по линија на помал отпор, односно споро. Плус кога ќе се додаде напорот кој тие треба да го вложат за да го убедат клиентот дека треба да се подготви стратегија за интернет промоција, предизвикот станува уште поголем. Тие се на средина, меѓу предизвикот да го убедат клиентот и да најдат ефективен пласман на пораките. Не им е лесно, ама мора и тие да ја играат својата улога, не смее да има правдање :).

3. Содржинска понуда во МК е сеуште сиромашна. Тука, можеби во последнава година е забележан најголемиот локален развој. Значи факт е дека во МК нема квалитетна содржина на интернет каде човек би сакал да објави реклама. Интернет огласувањето е злато заради можностите за таргетрање т.е. заради нишите (niche) кои се созадаваат. Нив локално ги нема затоа што нема од што да живеат, а нема од што да живеат зошто немаат квалитетна понуда која во фокус ќе ја стави ефективноста на кампањите а не времето на прикажување.

И така се во круг. Влианија и одговорности има многу, не се само овие. Голем е кругот и не е лесно да се развива. Но мора да се почне од некаде. Како што и пишав погоре, веќе неколку години работам, и не сум само јас, на развој на овие работи. Една работа што мислам дека може да се заклучи е дека сите овие горенаведени мора да дознаат што се нуди интернетот како платформа за промоција и како треба да му се пристапи за да може да е очекуваат подобрени резутати.

Току затоа, како прва од серијата обуки кои Центарот за нови медиуми си ги постави во својата агенда решивме да биде токму оваа за Основи на Интернет огласување. Потесната целна група за која ја скроиве оваа еднодневна обука опфаќа: директори на продажба и маркетинг, маркетинг и ПР агенции (медиа директори и закупувачи на медиумски простор) и менаџери на мали и средни компании.

На обуката, посетителите ќе добијат одговор на следниве прашања:

  • кои се основни карактеристики на интернет огласувањето?
  • кои се предностите и недостатоците кои ги нуди оваа форма на огласување?
  • како да ги комбинирате различните начини на таргетирање?
  • како може да ја следите ефективноста на вашата кампања?
  • какви типови на огласи постојат кој за што е најдобар?
  • што е контекстиално рекламирање и како да го употребувате?
  • на кои социјални медиуми да се рекламирате и како да го направите тоа успешно?
  • како да процените на кои веб страници е најдобро да се рекламирате?

Краен рок за пријавување и уплата е 08.12.2009

Бројот на учесници е ограничен на 15 заради задржување на квалитетот на содржината и можноста да се посветиме соодветно на сите учесници. а тука може да се симне детална агенда: Основи на Интернет огласување (pdf 120KB)

Се разбира, доколку ти се види обукава корисна, ќе ни биде задоволство да бидеш дел од неа. Доколку оваа тема не те интересира, проследи ја до некој на кој мислиш дека ќе му биде од корист а ти следи ги следните објави во следните неколку месеци, ќе има обуки и на други теми :)

Категории: advertising, online.


Позитивен пристап кон Интернет. Свежи локални примери

Сподели

Последниов месец и повеќе, решивме, јас и другите луѓе од Центарот за нови медиуми да бидеме малку поагресивни во напорите да поттикенеме позитивна дискусија за Интернет и социјалните медиуми. Не дека нешто значително сме направиле, но сепак, ете некои работи се придвижуваат. Дали е до нас или не, нема да носам заклучоци сега. Не е ни важно тоа.

Имено, кога се дискутира за Интернет секогаш мора да се имаат на ум неговите импликации и да се има крајно конструктивен пристап. Мотивацијата за овој пост ми е текстот кој денес Бисерка Велковска го објави во Нова Македонија: „Фејсбук“ не е за десетгодишници.

- Родителите често се во дилема дали на своето дете да му дозволат или да му го ограничат користењето на „Фејсбук“ и на другите социјални мрежи. Сметам дека не е препорачливо децата уште од многу мала возраст да имаат профили, но тоа не значи строго да му забранувате на вашето дете да користи „Фејсбук“. Добро е отворено да разговарате со него и да бидете информирани за тоа колку време посветува на ваквите активности и што работи за да можете навремено да го советувате и да интервенирате ако има потреба – вели психологот Јана Величковска од општата болница „Ре-медика“.

фото: crisp.org.mk

фото: crisp.org.mk

Навистина ми се допадна аголот на пренесување на темата, нормално не дека има изјава од мене :) туку дека Бисерка не се обидува да дига паника или да брка сензационалност. Пред да го пише текстот препорачав да фати позитивен агол и ја замолив да ги види постовите кои се линкани на погоре. Не знам дали и тоа имало влијание, ќе си каже самата :) ама текстов покажува дека не паднала во стандардната замка во која новинарите, особено после емисијата Пулс на ТВ Алфа од пред некој ден, докажано „паѓаат”.

А свеж доказ за оваа замка, ако воопшто може и така да ја наречеме, е текстот кој исто така беше објавен во Нова Македонија пред некој ден со наслов: Уништен имиџ од видео на Јутјуб. Покрај позитивниот крај на локалниот пример, авторот (во овој случај проектот на Метаморфозис) не успеал во главен фокус (најочигледно е во самиот наслов) да го истакне позитивниот исход и соодветната постапка за спречување на злоупотребата.

Во секој случај и двата текста се крајно за поздравување и се надевам дека секој од нас во иднина ќе се обиде да ја извлече и што е најважно да ја истакне позитивната страна на интернетот. Свесен сум дека сите ги знаеме и мислиме дека нема потреба да ги истакнуваме позитивниве страни, ама ако оставиме традиционланите медиуми да ја поставуваат агендата и понатаму ќе продолжиме да воздивнуваме секогаш кога на некој настан или тв емисија ќе се поставуваат, искрено речено, досадните прашања за безбедност, опасност од измама и слично.

Категории: New media, Society, facebook, local, online.


Кога ќе почнат да заживуваат локалните весници?

Сподели

via www.inquisitr.com

Одма да напоменам, постов разгледува само еден фактор или можен аспект за кој може да се претпостави дека ќе внесе малку живот во нашиве локални дневни весници. Е сега, да одам по ред.

Нели, сите знаеме дека веснициве изумираат, и дека црно им се пишува и слични такви стандардни приказни. Позитивниот дел од оваа приказна вели дека ова нема да се случи доколку тие успеат да се променат, и да се прилагодат на новиот медиумски еко-систем и сл. Нашиве тешко дека наскоро нешто сериозно ќе почнат да размислуваат во оваа позитивнава насока, но сепак еве јас ќе се обидам да посочам како би можеле да го сторат тоа.

Нели Интернетот е заканата. Но што точно од таму? Таму има многу, се и сешто, и работи кои вредат и работи кои не вредат. Меѓу другото има и теми кои ги нема во нашите весници, барем не толку колку би можело. Теми за кои на големо се дискутира и чита на Интернет. Па ако еден квалитетен дневен весник има капацитет тие истите теми да ги сработи квалитетно зошто да не поторшам малку време и да го прочитам и неговиот напис. Зошто кај нас нема:

  • Осврт на некоја практична книга, каде ќе се претстават во кратки црти поентите кои ги истакнува авторот и други познавачи на темата. Може да е книга за маркетинг, за продажба, за медиуми, за технологија, за ред други работи за кои и покрај самиот Интернет, види чудо, уште се објавуваат книги. Во последниве два дена налетав на два текста кои отвараа прашања и теми врз основа на претставување на книга. Еве го едниот пример: How to Market Your Business With Facebook
  • Истиот пример може да се искористи и за следниот совет: Далеку повеќе инфорамции за Интернет. Интернет како тема, ама не како феномен или нешто сега ајде да видиме дали е добар или лош, туку конкретно. Тој и тој со овој сервис нуди ова, постигнал тоа, еве шо вели тој, еве што велат другите. Нешто што дел од луѓето во секој случај го читаат. Секако тука не алудирам на легендарни содржини од овој тип: „Гугл“ навлезе во бизнисот за интернет-огласување (Време, број 1820, 11.11.2009)
  • реални прикази поврзани со реални луѓе на Интернет. Пред некој ден во Америка се пишуваше за судење во кое некој млад дечко како алиби ја искористил статус пораката на својот Facebook профил. Нормлано, ова може да влезе во нашите весници во рубриките Каледоскоп, или на последната страница, но за вакви теми потребни се далеку повеќе детали разгледување на можните последици, влијанија и сл. Зарем некој пронајде и презентираше искуство за враќање на изгубена лозинка или за преземен профил на некој од познатите сервиси? Јас знам најмалку две одлични, позитивни, приказни во кои наши граѓани комуницирале со сервисните служби на некои познати интернет сервиси и епилогот бил крајно поучен за сите.
  • технологија, гаџети, сервиси, понуди, производи, споредби. Ова го има крајно малку. Некои весници прават и цели додатоци за овие теми. Кога може за автомобили, зошто не и за овие работи. Секако, мотивацијата е јасна. Повеќе реклами, а тие производи и компании секако се рекламираат. Зошто кај нас сеуште не се издвои ниту еден посериозен новинар, аналитичар или сл. кој следи и коментира технологија по весници. Ако континуирано зборуваме дека Интернетот е иднината, зошто не го гледаме тоа и во дискусиите во весниците?
  • компјутерски игри, истражувања, совети. зошто никој не пишува за нив, редовно? Зарем не е тоа легитимна целна публика која може да се привлече да купи дневен весник? Зошто во весник да не прочитам текст: 5 совети за креирање подобра содржина на Интернет.

Има вакви конкретни теми уште многу. Да се разбереме, не се македонските весници на исто ниво со оние од западниот свет и со оние американските. Па затоа мора и да се соочиме дека локалните битки за враќање на нивниот сјај не се секогаш идентични со тие што ги читаме на Интернет. Треба да се изнаоѓаат локални решенија, да се погледне подлабоко дома, да видиме зошто весниците паѓаат и како може да се подмлади публиката.

Јас издвоив овде неколку предлози, но не сум само јас потенцијален читател. Што би сакал ти да видиш во дневен весник за да го купиш? Мора да има нешто :)

Категории: New media, local, print.


Како незадоволните корисници да бидат ваши најдобри пријатели?

Сподели

Ни тргна со интервјуата оваа недела, затоа еве продолжуваме понатаму.

Минатата недела одблиску го следев твитер каналот на Вип оператор чие џивџање веднаш предизвика интерес кај твитер заедницата. Можеби е тоа така поради тоа што е прв од мобилните оператори и поголемите компании што се појавија на твитер, но очигледно е дека бизнис заедницата во Македонија почнува да ја сфаќа моќта што ја нудат друштвените медиуми. Вип оператор е еден од предвесниците на скорешна масовна употреба на интернет страниците за социјално вмрежување од страна на бизнис заедницата. На оваа тема поразговаравме со Митко Цабевски, продукт маркетинг менаџер за иновации во Вип.

  • Зошто Вип оператор се одлучи да го користи твитер како алатка за комуникација со своите сегашни и идни потрошувачи и како алатка за промоција на своите понуди?

Митко Цабевски: Twitter се покажа како одлична комуникациска платформа која им помага на компаниите да останат поврзани со своите потрошувачи на лесен и крајно интерактивен начин. Вип оператор се одлучи да им се придружи на големиот број компании кои комуницираат преку Twitter од причина што комуникацијата е лесна, брза и пред се лична. Можете слободно да комуницирате со секој поединечен корисник и да му посветите внимание како кога би бил во некој наш салон, само што разликата е во тоа што разговорот може да потрае, корисникот е во својот дом и можеме целата комуникација да ја надополниме со линкови до услуги, понуди и други детали кои можат да му помогнат на корисникот… сето тоа во 140 карактери :).

Тоа е главната причина зошто користиme Twitter. Лесната и комотната комуникација овозможува квалитетен разговор со корисникот. Истото важи и за Facebook, но за разлика од Facebook видовме дека корисниците на Twitter се корисници кои се поупатени во технологијата, па е доволно само 140 карактери или еден линк за да им се помогне и да се упатат до некој сервис или понуда.

Што се однесува до промоцијата, не само Twitter туку и Facebook и други социјални мрежи се атрактивно место за промовирање на услуги и новитети. Секако, квалитетната комуникација е на прво место, но преку комуникацијата со корисниците тие добиваат информации за новитетите и услугите. Тие информации се лесни да се споделат со други, доколку самиот корисник види дека некоја понуда или услуга е квалитетна и вреди. Токму доверливоста на корисникот е одлична промоција.

Искуството ни покажува дека корисниците не преферираат да комунцираат со компании, корпорации и слично, напротив корисниците очекуваат да комуницираат со вистински личности – претставници на Вип оператор кои искрено и несебично ќе сторат се за корисникот.

Vip-Twitter

  • Колку време беше потребно да се донесе одлука за користење на твитер? Како течеше подготовката и колку луѓе се ангажирани за одржување на твитер каналот?

Митко Цабевски: Имавме неколку состаноци каде активно се дискутираше за друштвените профили, начинот на комуникација, целосната стратегија, колку ресурси ќе се потребни и сл. Во оддржувањето на Twitter профилот на Вип се вклучени луѓе од маркетинг одделот, техника како и од контакт центарот.

  • Кои се вашите очекувањата од користењето на овој комуникациски канал?

Митко Цабевски: Корисникот е на прво место. Нам ни е важно корисникот да знае што е квалитетна услуга, да разбира што купува и да има доверба во нашиот бренд. Тоа единствено може да се направи со директна комуникација. Таа комуникација нема само да е придобивка за корисникот, туку и за нас бидејќи ќе има информации за трендовите и за желбите на корисниците. Директната комуникација со корисниците ни овозможува брзо и едноставно да добиеме информации како да ги направиме тие корисници среќни и задоволни. Со среќен корисник доаѓа и успехот.

Во таа смисла преку Twitter и Facebook градиме нов отоворен однос со корисниците каде што: нашите најдобри корисници се наши партнери и промотори и евентуалните наши незадоволни корисници се наши најдобри пријатели коишто точно ќе ни кажат зошто не се задоволни и каде треба да се подобриме.

Сведоци сме на вистински бум на социјалните мрежи на интернет каде што корисниците го имаат главниот збор кој дефинитвно не смее да се игнорира.

Токму затоа ги користиме овие платформи за да биде поблиску до своите корисници, да изградиме еден искрен и отворен однос како единствен начин за успешно работење на една компанија во денешно време.

Категории: Web 2.0, marketing, online, social networking sites, twittersphere.