Чиста сметка, долга љубов

Новинарите сега и официјално ќе патуваат на сметка на државата…Колку и да се добронамерни овие одлуки имам чувство дека лошо ќе влијаат на професионалноста и етиката на локал-новинарите. Замислете викнати сте на една официјална посета на кој и да е естаблишмент и при тоа напишете што сте виделе или ептенски баш како било. И оп! за следното патување „паднал рејтингот“ на вашиот медиум :)…Не мора се да се гледа скептички, но ова како да мириса на лошо уште пред да полетаат авионите.

Владините функционери со пари од буџетот ќе ги покријат трошоците на патувањето на новинарите ако проценат дека медиумското покривање на настанот е во интерес на јавноста. Право да бидат следени од медиумите кога ќе посетат некоја земја имаат само премиерот, неговите заменици и министрите. Зависно од важноста на посетата, нив ќе ги придружуваат најмногу до пет новинари од електронските и печатените медиуми со најголем рејтинг.

9 Comments Чиста сметка, долга љубов

  1. Mилозвучна_солза 04/01/2007 at 19:29

    Дали тоа значи дека и блогерите ќе можат да се квалификуваат за овој тип на известувања?

    Постојат доста блогери кои пишуваат за одредени и конкретни области, за кои пола од новинарите благо речено, немаат појма.

  2. darko156 04/01/2007 at 20:37

    Те има ли на рејтинг листа?

    Плати си и ти кај што треба, и ќе те стаат на листа и ќе те зимаат со тебе министерот за култура и сл.

    Или (ова веројатно повеќе ќе функционира) иди досаѓај му секој ден, фати 100 врски, величај го секој ден во твојот медиум и ќе те земе со него следниот пат кога ќе патува во странство 🙂

  3. GoodBytes 05/01/2007 at 00:55

    Колку лошо решение… најдобар критериум дали некој настан вреди да се покрива или не е токму директната пазарна оправданост на пренесувањето на таа информација – ако е hot, ќе носи гледаност/читаност, ако не, тогаш не заслужува да се покрива медиумски.

    Овие владиве се однесуваат со парите од буџетот како да се народни.

  4. GoodBytes 05/01/2007 at 04:05

    Инаку текстот кажува дека ова шеткање на државен трошок траело со години, а дека сега прв пат се уредува со правилник. Од лошо, полошо.

  5. sead93 05/01/2007 at 08:57

    Да, мислам дека најпроблематични се следниве неколку работи: (1) проценката за кој настан (според кој самите функционери треба да се грижат што е во интерес на јавноста, а во реалноста тоа ќе бидат нешта кои се од интерес на самите функионери, а не јавноста),(2) селекцијата (кои новинари) и (3) што е трошок (дали вклучува и екстра-екскурзиски трошоци, на пример грицки и пијачки за новинарите и слично). Не сум прецизно информиран за праксата во западниве демократии, но во наши локални гребаторско-културни рамки ова ќе бидеприлично штетно, се разбира за јавноста. А самата формулација дека сега ова само се официјализира е катастрофа сама по себе.

  6. darko156 05/01/2007 at 11:49

    „Спонзорирање” на новинари не е непозната работа. Јас сум запознаен со вакви примери, но не во област на политка туку во бизнис.

    Сепак „очекуваниот резултат” (претпоставувам) е секаде ист. А тоа не е воопшто добро по независноста на медиумите, или објективноста на новинарите.

    Иако во идеален случај ова не би требало да биде проблем се додека она што го пишува или кажува новинарот држи, но сите ние добро знаеме дека ова тешко оди

  7. Pingback: Komunikacii » Медиумска реалност, епизода не знам која

Comments are closed.