Јакоб Нилсен ги споредува ТВ и Интернет

TV vs. InternetНасловот и постов ми се директно преземени од mislam.blogspot.com. Конечно посветив време на rss ридерот и прочитав еден релативно постар пост на PantaRei кој всушност пренесува една табела која ја објавил познатиот гуру Јакоб Нилсен. За овој пост се обидовме (со Сеад) да ја преведеме и адаптираме малку табелата. Повели:

Телевизија

Интернет

ПубликаМасовна: сите ги гледаат истите главни/основни канали, затоа програмата мора да биде мешана/разновидна.Niche (специјализирани целни групи): сите го бараат она што ги интересира во моментот кога тоа им е потребно.
Корисност/употребливостВклучи гоСфати го
ТехнологијаСлаба: не може ништо повеќе од прикажување слики, не нуди дополнителни опцииМоќно: може сè; нуди многу опции и сервиси
Главен пристап кон корисничниот интерфејс“Исто време, ист канал” следната неделаПребарување и навигација
Корисничко искуствоПасивно: седите и чекате да се случи онака како што замислил уредникотАктивно: се наведнувате и одлучувате каде сакате да одите понатаму, во кое било време
ТекЛинеаренНелинеарен
ВознемирувањеНема (освен искушението да правите нешто друго за време на рекламите), затоа истанувате фокусирани во емисијата која ја гледатеМногу: други прозорци и табови ви прелетуваат (и подобро да си го проверите меилот, веднаш, може има нешто важно)
СопственостMSM (мејснстрим медиуми = големи корпорации, затоа што е скапо)Средствата за производство се во рацете на сите, менувајќи ја централизираноста која беше предизвикана од индустриската револуција
Вредност на призводитеГолемаМала
Социјален контекстНајчесто со други; во семена атмосфераНајчесто сам; во канцеларија или во свое дувло
Градење на брендСлики и слоганиИскуство
Добар за рекламирање?ДаНе (освен за реклами на пребарувачи и мали огласи)
Поддршка на продавачкиот циклусСоздавање на побарувачкаИстражување, купување, исполнување (за електронски производи), подршка на корисници, одржување на однос.

Само да напоменам дека се согласувам со забелешката на Panta Rei:

Не ми е јасно само зошто смета дека Интернет не е добар за рекламирање? Во линкот кај тоа „Не“ има заклучоци кои се базираат од една страна на „слепост за рекламни банери“, а од друга страна рекламите кои се „стопени“ со текстот се прогласуваат за неетички, што е сомнителен пристап кон проблематиката. Овие тврдења се во најмала рака чудни и ако се има предвид дека рекламите на веб можат да се многу прецизно таргетирани кон публиката и дека со нивно соодветно поставување не само што не им пречат на посетителите, туку добар дел од нив ќе имаат интерес да кликнат на некоја од нив. Телевизијата никогаш не може да понуди толку прецизно таргетирање за рекламите, а освен тоа е и прескапа.

И да доплнам, дека некои од карактеристикиве се изненадувачко чудни, да не речам ептен упростени, но авторот си го појаснува тоа во својот оригинален текст:

Of course, I’m simplifying when I say that TV has easy usability and no features. One look at a remote control implies otherwise — and usability of remote controls hasn’t improved since I analyzed it 5 years ago. Indeed, people basically don’t use any of TV’s advanced features precisely because they’re so cumbersome. As a result, the received user experience is pretty simple: turn it on, sit back, and enjoy the show.

Оригиналниот текст: Velocity of Media Consumption: TV vs. the Web
Постот на mislam.blogspot.com: Јакоб Нилсен ги споредува ТВ и Интернет

6 Comments Јакоб Нилсен ги споредува ТВ и Интернет

  1. Mitko239 04/01/2010 at 13:19

    Мислам дека во блиска иднина (веќе постојат интересни концепти и производи) можеме да очекуваме телевизијата да стане двонасочен медиум.

    Сепак не очекувам дека тоа ќе биде на начин на каков што сме навикнале на интернет туку нешто повеќе како "моја телевизија". Еден вид ТВ на интернет стереоиди 🙂

    Моментот на IPTV каде што можам јас да бирам што ќе гледам и кога ќе гледам, надополнето со стрим на информации кои јас сакам да ги примам на ТВ неизбежно ке доведе и до таргетирано ТВ рекламирање според мојот "профил" каде што би добивал реклами кои се во корелација со моите интереси базирани врз основа на она што го гледам.

    На крајот на краиштата иднината на секоја технологија е во персонализацијата и корисничкото искуство…

  2. Pingback: Tweets that mention Јакоб Нилсен ги споредува ТВ и Интернет | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

  3. Darko Buldioski 04/01/2010 at 15:22

    Митко, се сложувам, и само да надополнам, не е иднината, туу сегашноста. IPTV веќе е реалност, некое време, веќе содржината се прима различно, секако не е толку доминантен, ама прашање е на година или две, зависи за кој пазар збориме 🙂

    мене табелава ми е доста дискутабилна и избанализирана, ама сепак интересен повод за дискусија е 🙂

  4. Александар 05/01/2010 at 17:49

    “Моќно: може сè; нуди многу опции и сервиси“ – Вулгарно поедноставено… Може многу повеќе од досега познатите технологии, но далеку од сè. Ова е проповедање (евентуално ептен субјективна проценка), но никако реална ситуација.

  5. darko buldioski 05/01/2010 at 19:58

    се сложувам Александар, ама не сакав да интервенирам во оригиналот 🙂 а во моемнтот на објавување нема в премногу време за да напипам поиздржан коментар во постот.

Comments are closed.