АЛЕФ ја продолжува eдицијата Контакт, која започна со изданијата Сајберсвет, политика на најлошото од Пол Вирилио и Историја на теориите на комуникација, со уште едно ново издание Подемот на мрежното општество. – капиталното дело од познатиот философ на кибернетскиот простор Мануел Кастелс Станува збор за дело со исклучителна важност, оригиналност и влијателност во која авторот Кастелс нуди анализа на глобалната економија, детално опишувајќи како таа се одигрува во различните општествени и регионални контексти. Читај повеќе