Иако се бројни поплаките за квалитетот на тв-програмите од домашно производство, кои се (сé по)малку на број, некако локално не се разви поелаборирана критика на таа тема, и не се дојде до некој локален синоним за Trash TV, иако, гледано од страна, можностите за тоа се бројни. „Trash TV“ се дефинира како тв-програма од најнизок квалитет во однос на трите медиумски столба, информирање, едуцирање и забава, со тоа што ја предимензионира компонентата на забава и ја доведува до апсурд и во провоkативен контраст во однос на морално-вредносниот систем во кој се емитира програмата, сé со цел гледаност по секоја цена.
Во оригиналниот (американски) контекст, под „Trash TV“ пред сé се подразбираa „talk show“-a со контроверзни теми, гости и испади во живо, а „легендите“ во овој поглед се Geraldo, The Morton Downey, Jr. Show, Jenny Jones, Ricki Lake, секако Jerry Springer Show и други. Иако во рамки на американските медиуми се смета дека времето на оригиналните Trash TV шоуа е поминато, се смета дека за нивни наследници се голем број на reality show-a и други тв-програмиз а ефтина забава, па овој под-жанр сé уште некако живее во различни форми, а како примери можат да се наведат Big Brother (во сите свои локализирани пројави), Cheaters, Peep!, и слично.
И каде е тука нашата дежеличка? Строго дефинициски моментно сме во можност да гледаме една таква програма преку личноста и неделото „Топ шоу“ на Боки Treizehn (kind of 🙂 оти самиот концепт на емисијата е премногу измиксан од wannabe провокативно ток-шоу со локални патос-вертикали од типот турбо-фолк, и ефтин хумор), и многу многу кандидати кои се некаде на среде пат и прилично „креативно“ ја прошируваат дефиницијата за Trash TV. Без претензии да се прави некоја ала-ЕУ црна листа, сериозни кандидати да се вбројат во ова поодбрано друштво, ТВ пандан на junk food, по лично авторско находение, би биле следниве (локално достапни) програми:
-трач-астролошките програми преку мегастарот Сабина до сите нејзини повеќе или помалку познати кло(в)нови.
-латино сапуниците.
-кро-пуниците.
-вестите на Сител под диригентската палка на маестро Млатас.
-експлоатирачките тв-квизови
-ТВ Пинк (со исклучок на вестите, кои се прилично профи сработени)
-едно 94.6% од домашните ток-шоуа
-тв-преносите од собрание
…и многу многу заслужни други кои ќе ни простат што не ги споменавме.
… ама јас нема да си простам ако не ја спомнам… онаа емисија Стилисимо, во која неколку јавни психотични фаци „анализираат“ некоја јавна личност, кажувајќи како не е добро облечена, за подоцна емисијата да кулминира со документирање на парталите и чудните сандали на член од првата (психотичната) група.
Да, да, пример на место 🙂 Не знам што само сакаат да продадат на таков наич?!? Стил не,секако.