116 #ПрегледВоПеток

За многу години празници… кои и да ги славиш или веќе ги прослави… Ете нè во 2021, година за која веројатно имаме далеку помалку очекувања во споредба со 2020. Искуството, важна работа е…

Не дека не се приметува ама еве да се пофалиме, во новава година имаме и нов дизајн на носечката слика на прегледов.

Ако веќе го изгледа последниот #комкаст посветен на Топ 5 извори на тема: медиуми и маркетинг, каде меѓу другите работи беше спомнат и #ПрегледВоПеток, сега е време да го „искликаш” и овој преглед главно посветен, по кој знае кој пат, на Facebook.

Ново Facebook Pages Experience

По долги тестови и најави, Facebook објави дека во периодот кој следи полека, но сигурно, сите Facebook страници и корисници ќе добијат ново искуство. Еве ги на кратко главните промени:

  • Нема веќе Page Likes. Јеееееееееееее. Да, Facebook вели дека бројката која денес ја гледаме како репер за тоа колку фанови има страницата или од пред некоја година колку лајкови има, нема да постои веќе. Очекувано, најавувано, ама и не толку трагично. Сепак, ќе има број на followers место likes затоа што, како што велат од Facebook, тоа е порелевантна бројка. Велат, низ годините голем број фанови одлучиле да не ја следат содржината на бројни страници и нерелевантно е да се бројат… Демек овие кои се followers сакаат да добиваат содржина од страниците… а дали навистина ја добиваат… ако не плаќа самиот Page… хм..
  • Страниците ќе може да учествуваат во јавни конверзации, што значи дека ќе може како страница да се коментира и сл. а оние кои ја следат страницата ќе ги гледаат тие коментари повисоко, односно во својот фид ќе добиваат постови каде страницата коментирала, како што е сега со нашите пријатели… Ова може да направи сериозна промена во стратегијата на користење на Facebook кај брендовите од пасивна комуникација централно сместена на свој пејџ во активна комуникација која проактивно може да се премести на многу повеќе места вклучувајќи и групи.
  • Се воведува опција за Q&A нешто налик на она што сега го има Instagram со одговор во stories. Ќе отвори ова интересни опции…
  • Позадински администраторите ќе добијат уште неколку промени од кои поважната ќе даде опции за повеќе различни администраторски улоги со цел поефективно управување со содржината и прашањата.

Ако сакаш да читаш на кратко еве овде: Facebook redesigns Pages with a more simplified layout and no ‘Like’ button
Ако сакаш на долго и широко, и досадно: Get Started With the New Pages Experience

Facebook vs Apple

Додека сме кај Facebook еве еден релевантен коментар/реакција на принт рекламите преку кои Facebook го напаѓа Apple. Да, да добро прочита, Facebook се „рекламираше” во весник, преку испечатена реклама… некои толкувања велат дека е класичен PR потег за да предизвикаат реакции. Поводот е промената на новите iOS верзии каде корисниците се предупредени и им се дава опција да прифатат или одбијат Facebook да ги следи нивите активности со цел подобро сервирање на персонализирани реклами. Овој, меѓу другите коментари, вреди да се прочита:
when you see an ad headlined “Apple vs. The Free Internet”, most people would assume they’re about to hear an argument about free as in freedom.
Facebook: Free as in Bullshit

Facebook и малите бизниси

Во меѓувреме и сами вработени во Facebook не се комплетно убедени дека Facebook е крал во персоналзиираните реклами кои им се особено важни на малите бизниси: Facebook managers trash their own ad targeting in unsealed remarks.

А како доказ за тоа може да послужи и овој пример. Иако не станува збор за ист „проблем” сепак е дел од проблематичноста која ја носи Facebook со себе, сите години наназад: A business owner who spent nearly $46 million on Facebook advertising says he’s been booted from the platform without explanation

Nominis e1

Номинис е нов видео поткаст со луѓе кои ги бие добар глас. Ни доаѓа од Хрватска а зад него стои екипата на Udruga eCommerce Hrvatska. Мене ми се допадна првава епизода.

Бонус линкови

Толку за денес, не заборавајте да ги искликате и бонус линковите.. има мнооогу за читање и таму…

До следното читање/гледање…

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.