Она што беше до скоро само дел од техно-инфо-кулоарски муабети и преписки по форуми полека станува дел од написи во сериозни весници (LA Times) и како полека да ја открива конечната стратегија на „Google“ да го преземе приматот на „Мајкрософт“ во кибер-просторот со создавање на своја конфигурација на сметач кој лесно ќе се поврзува во мрежа и кој секако ќе работи на Google-оперативен систем. Оние на кого им е смачено од монополот на хуманистот Гејтс секако ќе најдат прилична сатисфакција во овие засега непотврдени гласини, но револуционерните нешта обично така почнуваат.
J. Krishnamurti~ Without freedom from the past there is no freedom at all because the mind is never new fresh innocent.