…за земјотресното мк новинарство

Ете, пак мора да се реагира.

Не дека уживам да критикувам ама ете, морам :). Во првиот обид кога коментиравме за техниките на објавување на онлине вести на сајтот на А1, Стеван реагираше позитивно. Стеван веќе не е таму, ама ајде да видиме дали сега ќе реагираат пак.

Ева што не ми чини.

А1.com.mk – Насловна вест – Земјотрес!

– Информацијата е објавена во 13:54. Фино. Брзо реагирале и објавиле. Јас преку линк на Twitter (патем и овој од таму го кликнав) видов дека и Макфакс имаат објавено ама според нивните детали некоја минута подоцна во 14:09. Одиме понатаму.

– Почнувам да читам. Изјави од скопјанка, видео прилог, изјава од Сеизмолошката опсерваторија. Слики од тие машините што мерат. Мапа. Браво. Браво. За 50 минути новинаров се си стокмил. Алал нека му е.

– Па и стендап си направил новинарот во прилог кој наликува како да е правен за некоја хипер локална телевизија (Скопје и скопјани се во центарот на сторијава) а не национална телевизија. Патем нели епицентарот бил блиску до Гостивар

– Продлжувам понатаму, 79 коментари (до сега 🙂 првиот од нив објавен во 13:29, па 13:30 и така се до 20тиот коментар, се видовити. Сите тие објавиле коментар пред и да биде објавена сторијава. Алал нека му е на народов. Брз, информиран и поише од новинариве, знае народов дека А1 ќе објави па да си стаат они кометар на време 🙂

– Налет друго, од коментарите добив чувство дека сторијава не била баш таа кога тие почнале да коментираат. Ко да собирале информаци заедно со новинарот, паралелно, ко да барале на интернет и ко да споделувале и тие.  А нив, читателите, активните читатели на А1.com.mk никаде ги нема во прилогот. Поглед во коментарите открива каде и колку се осетил земјотресов, и тоа е вредна информација а?

Да резимирам или јасни ми се поентиве?

Објавување на интернет си има свои принципи, етички и уредувачки правила. Тоа што на интернет може да се дополни/промени содржина лесно не значи дека треба да се изгуби доследност транспарентност и сл. Изгледа професорот мој по печатени медиуми имаше право кога ми викaше: „Од кај да знам јас дека не сменилe нешто. Вака на харија е можам за збор да го фатам”.

Се обидував да му објаснам дека не оди тоа баш така, ама по се изгледа тој пореално ги гледал локалниве практики. Може бидејќи ги учел нашиве новинари, затоа. А јас само се надевам дека некој медиум ќе се обиде да гради доверба. На овој начин дефинитивно не се гради тоа знам сигурно.

Патем, јас не го осетив земјотресов, ми кажаат подоцна на чет, а првите информации ги добив Twitter. Ова беа моите пораки на Twitter:

Tweet1: Првиот земјотрес во МК кој се појави на твитер 🙂 http://tinyurl.com/7plbfy детал на Макфакс http://tinyurl.com/9ganz4

Tweet2: The first earthquake in MK that hit Twitter 🙂 http://tinyurl.com/a4o4pd and in Macedonian http://tinyurl.com/7plbfy

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

6 Comments …за земјотресното мк новинарство

  1. sead93 08/01/2009 at 21:00

    Супер пост, честитки 🙂 Ова им е втор текст/прилог/вест во последнава недела што оди вака со еден збор со извичник (Земјотрес! Скандал!). Делува несериозно, искрено кажано, и новинарски и вака реално гледано, како да се работи за некоја зафрканција. Јас преку самиот твитер узнав мног повеќе од самиот прилог, како и од некои коментари на самиот прилог, иако повќето се комични. За ажурирањето на самиот прилог не би додавал ништо освен што стварно треба да има јасни и едноставни правила, доволно е да с епогледне како го прават тоа на BBC сајтот, не мора ништо да се измислува.

  2. Anonymous 08/01/2009 at 23:52

    „Од кај да знам јас дека не сменилe нешто. Вака на харија можам за збор да го фатам”…

    ахаахааа:) Видиш, си знаел он со кого си има работа…ќути, добро е додека не почнат да се бришат тие коментари што се всушност извори за сторијата…тогаш па ептен опасно станува….

  3. Јетон 09/01/2009 at 01:50

    „Не дека уживам да критикувам ама ете, морам :)„

    Мораш, ти и сите ние. Но и критиката е добро упатена и фактички уредена.

    Барем тие од А1 го спомнаа Гостивар, оние од ИНА го лоцираа земјотресот во Скопје и Тетово…

    Се согласувам со Сеад, коментарите во А1 се легенда. Еднито „известува„ ексклузивно за А1 преку комент. Другиот го почуствувал во Австралија. А мнозинството граѓани спиеле до тоа време.

    „Е вака не се прави држава„- да цитирам еден коментатор од А1. 🙂

  4. Ели 09/01/2009 at 11:17

    Ете, јас не ја имав видено веста од А1, па кликнав на линкот од погоре, и види чудо! Сега место „Земјотрес!“ насловот е „Два земјотреса!“

    Ова или штедат електрони или почнуваат некое (квази)реалити њуз шоу, со апдејти на лице место и сите салтанати 🙂

  5. Darko Buldioski 09/01/2009 at 11:28

    Фала за апдејтот Ели. Немаше да кликнам да видам 🙂

    Тажно.

  6. gratis iPad 31/08/2012 at 12:14

    It certainly does take quite some time to find awesome info. such as this. Thank you very much.

Comments are closed.