Среќна Нова и сè по ред. Се враќаме во програма со првиот #ПрегледВоПеток за 2020. 🤩
Facebook и политика
Trump беше избран со наша помош
Извршен директор од Facebook кој ја поддржа претседателската кампања на Hillary Clinton во 2016 изјави дека е можно платформата да е одговорна за изгласувањето на Trump за претседател.
Станува збор за Facebook VP Andrew Bosworth кој во интерна порака напиша дека маркетинг алатките (огласувањето) од Facebook кои се користеле во кампањата на Trump се одговорни за неговата победа во 2016. Исто така напиша и дека големи се шансите истото да се случи и оваа година. Секако не станува зор за злоупотреба туку за неверојатната стратегија на одговорниот човек зад кампањата: Brad Parscale.
Пораката беше споделена во вторникот од The New York Times. Истиот ден Bosworth ја објави и на неговиот јавен Facebook профил, откако посочи дека не била наменета за јавноста поради недостаток на контекст.
Џабе бан на deepfakes
Во ноември Twitter најави дека креира нова политика за deepfakes на платформата и побара фидбек од јавноста. Во понеделникот, Facebook најави дека ќе банира одредени манипулирани фотографии и видеа.
Новата политика (или deepfakes ban) ќе се однесува и на реклами и на обични објави. Но демократите во САД не се нешто многу загрижени затоа што постојат неколку очигледни начини на заобиколување на банот.
Google Discover и Search реклами
Што е Google Discover и како да се појавиш во него
Google Discover e алатка која произлезе од желбата нa Google нивните корисници да добиваат содржина која ги интересира пред воопшто да впишат (пребараат) клучен збор или фраза.
Ова е всушност реинкарнација на Google Feed, што претставуваше персонализиран и оптимизиран (за мобилен) фид кој им овозможуваше на корисниците да бидат во тек со новостите.
Google Discover има потенцијал и може да биде оптимизиран да носи дополнителни посети. Econsultancy направија супер статија во која објаснуваат како да се појавиш на Google Discover и кои се придобивките.
Нови екстензии на фотографиите во Search рекламите
Во последно време Google работи на креирање нови екстензии на фотографии што би им овозможило на огласувачите да прикажуваат релевантни фотографии заедно со нивните search реклами.
Сè уште нема официјални информации за новите екстензии, но достапни се за некои огласувачи. Како што ќе стануваат достапни за сите, не заборавај да ги додадеш во твојот Google Ads акаунт и да следиш како се одразуваат врз нови посетители на твојот вебсајт.
Нова инфлуенсер економија
Продажбата преку социјалните мрежи ги трансформира платформите во шопинг центри. Instagram веќе има опција сопствениците на брендови да продаваат производи директно преку апликацијата, а инфлуенсерите гледаат како тоа да го искористат за нив.
Instagram веќе тестира “Shopping from Creators” со група на инфлуенсери кои имаат пристап до нивната “checkout” опција за да можат полесно да прават трансакции и да заштедат на време.
Инфлуенсерите исто така бараат начин како да продадат пристап до самите нив, односно нивната содржина и креативно размислување. Некои инфлуенсери им наплаќаат на луѓе да ги додадат во “close friends” на Instagram.
Бакшиш и подароци се уште една прилика за монетизација, во главно кај инфлуенсерите активни на платформите како Twitch и TikTok. Како што инфлуенсерите заработуваат преку станување продавачи и креаторите преку бакшиш и подароци (или месечна претплата), останува прашањето: каде се брендовите во оваа приказна?
Инфлуенсер економијата се менува, а брендовите ќе мора да најдат нов начин да ги привлечат инфлуенсерите. Маркетинг метриките ќе мора да соодветствуваат на најновите стратегии за монетизација. Најмногу ќе профитираат оние што ја разбираат и одговараат на промената на динамиката на пазарот.
Бонус линкови
- СТОП дезинформации – Вебинари 2019
- Twitter will let you limit replies
- Snapchat Releases Latest Update of Trending Topics on the Platform [Infographic]
Тука е крајот на првиот преглед во петок за 2020. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.
Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂