Пратениците конечно постигнаа целосен консензус!

Ако ова општествово наше го интересира околу кое прашање политичките партии конечно постигнаа целосен консензус и околу која агенда се обединија целосно, безусловно и без претходни натегања, притисоци од САД и ЕУ, и самоуверено зачекорија кон евро-атлантаските интеграции, тогаш нека остане запишано во блогосферава дека тоа беше консензусот околу анти-модернизацијата:

411998320_645843c3081.jpg

Повеќето од пратениците не ги користат новите модерни телефони „ХТП МДА“ што им ги додели Собранието по последниот тендер за избор на мобилен оператор на кој победи компанијата „Те-мобајл“, а го обжали „Космофон“. Пратениците велат дека немаат потреба од нов телефонски апарат бидејќи биле навикнати на телефоните што сега ги користат. Новите телефони во продажба чин

ат по 18.000 денари и имаат опции за Интернет, испраќање документи, групни пораки и слично. – Не ми требаат сите функции што таму ги има. Телефонот е скап и навистина не ми е потребен. Размислувам да го вратам – изјави Стојан Андов од ЛП. Никола Поповски од СДСМ ќе продолжи да го користи телефонот од марката „нокиа“. Пратениците Роза Топузовска-Каревска и Ѓорѓи Оровчанец и понатаму ќе се служат со старите апарати. Џевад Адеми од ДУИ вели дека новиот апарат не му врши работа. – Ќе го чувам за украс. Не го користам ни претходниот телефон од Собранието. Мојот личен телефон е подобар – изјави Адеми.

(Време, 10 јануари 2008, Пратениците не ги користат модерните телефони)

 

 

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

5 Comments Пратениците конечно постигнаа целосен консензус!

  1. Darko Buldioski 12/01/2008 at 20:19

    Абе и јас да имам опција да бирам помеѓу неколку скапи телефонски апарати, би се однесувам вака.

    А плус, што е за нив еден таков мобилен, три патни налога, и оп, може да го има кој сака па и Nokia Communicator

  2. sead93 12/01/2008 at 20:34

    Да стои тоа, секако, а мојата лична интерпретација е како „водечките умови“ во државата се (а) инертни кон промени и (б) неспособни да држат чекор со модерноста. Ако не можат да се справат со сегашноста како ќе планираат за иднината.

  3. Волан 12/01/2008 at 22:13

    Ја позајмив твојата слика за еден мој пост … поздрав …

    Незнам кој е авторот … но сликата е закон …

  4. sead93 12/01/2008 at 22:24

    Волан, сликата е free ware , само нека се угоди за твоите намени 🙂

  5. Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.