Само-опредметување како метод на еманципација

Моментно работам на превод на текстот на д-р Зала Волчиќ и м-р (2b) Мојца Планшак од годинешнава „Glocal2“ претставен под насловот „Social Networking as a Way of Crafting Commodified Identity“ кој ќе биде објавен во зимскиот тримесечник на „Културен живот“. Во него авторките на аналитички начин ги разгледуваат начините на кои се само-претставуваат жените (девојките) на сајтовите ала-Facebook/MySpace. Низ методите на феминизмот и пост-феминизмот се разгледува кои се сѐ последиците од практикувањето на слободите на модерната жена во онлајн сферата.

Еден од поклучните заклучоци е дека, жените (на овие сајтови) симулирајќи ги методите на претставување на жената во машки доминираните медиуми подлегнуваат на континуирано само-опредметување како парадоксален начин на практикување на своите изборени слободи.

Машкиот поглед (male gaze) или „опул“ во современите медиуми историски се поврзува со ренесансата и машкиот поглед на уметникот кој женското тело го користи како предмет во својата борба со тогашната владејачка средновековна идеологија.

Еве неколку цитати од овој текст (да не глумам тука расипан телефон):

Иако жените сега уживаат сѐ она што за претходните генерации беше незамисливо, особено на поле на сексуалните слободи, тие во исто време се подредени на низа ненасилни, но во исто време екстремно наметливи, дисциплинирачки техники кои ги регулираат димензиите на нивните тела, неговите контури, движењата, гестикулациите, како и општото држење во јавниот простор, и појавноста на сите негови делови…

Постои сѐ пораширен став во феминистичката литература дека, на пример, MySpace, ги еманципира жените. Жените ја наметнуваат својата независност и еманципираност во општеството (…) и , спротивно на минатите времиња, сега жените се ре-сексуализираат за себе, а не за мажите. (Сепак)… медиумите ги претставуваат жените на сѐ посексуализирани начини, слично на претставување(то) на предметите за продажба преку вообичаените техники…а тие претставувајќи се преку овие техники прават еден вид континуирано само-опредметување како парадоксален начин на практикување на своите слободи…

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

4 Comments Само-опредметување како метод на еманципација

  1. ribaro 13/01/2009 at 09:50

    Зошто жените да се ре-сексуализираат, за да се еманципираат и станат независни?

    Тотален погрешен пристап, морам да речам. Прашањето е, како жените да го искористат својот сексипил за да се еманципираат, или зошто не го кориатат тоа? Уствари јас познавам еден/а активист во Македонија која токму тоа многу вешто го прави и има резултати, сигурен сум дека ќе ја препознаете. Сериозен сум.

    Од друга страна пак, замисли што би се случило со опшеството кога и мажите би се ре-сексуализирале, колку да го покажам парадоксот на теоријата за ре-сексуализација.

    п.с. Ако ннавистина ја препознаете, тогаш ставам точка а муабетот 🙂

  2. sead93 13/01/2009 at 13:03

    Рибаро, многу е длабок твојов коментар, рили 🙂 ке почекам да ме помине утринскиот мамурлок, па ќе напишам попладне една реплика :))

  3. sead93 14/01/2009 at 10:42

    Мислам дека самиот процес на ре-сексуализација е цикличен, вака историски гледано, само варираат формите и самиот степен на сексуализација. Во таа смисла мислам дека е тое еден вид забревтан процес кој тешко може да се стопира или радикално менува, едноставно во таков цивилизациски контекст живееме. Инаку сосема се согласувам дека е прилично парадоксален. По мене е најважен моментот што женскито субјект во својата еманципација застанува на степенот на „формална рамноправност“ во играта која сепак сума сумарум е дизџајнирана да ја подредува, наместо да помогне во „прекин на играта“ и целосно редефинирање на улогите на половите/родовите.

Comments are closed.