Начините како се креира и функционира популарната култура се обемно истражувани, а еден од најчестите заклучоци е тој дека самата популарна култура ги користи општите колективни митови, архетипови, стравови, сеќавања и слично, ги освежува, прекодира и ни ги презентира во нови форми. Темата вака поставена можеби и не звучи интересно, но што ако една култура постапно се сведе на својата популарна култура (т.е. нема култура надвор од популарната) и таа иста култура полека стане глобална и доминантна? За критичарите за кои глобализацијата е груба американизација на остатокот од светот еден показ (слики долу) дека таквата глобализација може да се разбере и како враќање на културата во своите изворни краеви, бредирана и во поинаква форма, но без изворна оригиналност и различност.
Тинторето и Супермен

Dick Cavett~ Its a rare person who wants to hear what he doesnt want to hear.