Хауард Рајнголд (Howard Rheingold), име за кое и не би требало да се ставаат линкови на Wikipedia (ставен е чисто од навика 🙂 на својот скорешно отворен Влог (video-log) постави уште една епизода, „A (re)slice of life online, part two: RSS“. Интересно е да се види како овој онлајн гуру ги користи алатките на Web 2.0 во секојдневниот живот:
Интересно е што тој ги користи блоговите за да ги филтрира онлајн содржините на останатите медиуми, кои потоа ги пребарува ако го заинтересираат. Nice 🙂 Ова го нарекува „social filtering“:
На влогот можат да се погледаат и неговите претходни видео-постови.
Ја гледав пред некој ден и првата епизода, и малку сум изненаден. Прво што со влогов таргетира/ат општа публика и што „лекциите” се ептен основни. Второ, што и покрај тоа ми се чинеше дека термини и прикаски од типот на „social filtering“ ќе има далеку повеќе, а всушност (барем засега) нема.