Добро утро,
Петочки со полурастопен прв снег во 2021 и најновото #ПрегледВоПеток издание…
Започнуваме со чешлање на настаните од изминатата недела!
WhatsApp игра валкано
Мислам дека не постои човек што ги чита Terms and Conditions на секоја апликација што ја користи а тек пак нивните ажурирања.
Но, ако сте едни од оние што веруваа во завери од типот на “се согласуваш да ти го продадат бубрегот со кликање на “I accept”, check this out…
WhatsApp во новата верзија на своите Terms and Conditions што треба да биде во функција веќе од следниот месец, им наложува на своите 2 билиони+ корисници дека треба да споделат листа на податоци со Facebook. Овде спаѓаат телефонскиот број, контакт листата па дури и нивото на батерија, IP адресата, временската зона, информации од пребарувачот што се користи и мобилната мрежа.
И, ако решите дека не сакате да му ги дадете овие информации на Facebook, едноставно нема да можете да продолжите да ја користите WhatsApp апликацијата.
WhatsApp по брза постапка стана F*ckedApp :/
Но, од компанијата го негираат сето ова и посочуваат дека промените се однесуваат на бизнисите што ја користат апликацијата за комуникација со своите корисници, па ваквата промена би им била од корист.
Signal и Telegram ја искористија ситуацијата
Од другата страна на драмава се наоѓа моментално најбогатиот човек во светот – Елон Маск. Тој отворено го критикува Facebook во повеќе наврати а последно е обвинувањето дека социјалната мрежа има вина во организирањето на бунтот што се случи во Capitol Hill.
И се случи твитот “Use Signal”! Без спомнување на Facebook или WhatsApp. Сепак ова беше доволно да го преплави системот за верификација на апликацијата и истата да има потешкотии со регистрирањето на сите нови корисници.
Signal апликација сега е Бр.1 на на App Store.
Telegram се наоѓа на второто место по симнати апликации и бележи нови 25 милиони корисници во последните 72 часа.
Елон Маск – инфлуенсере…
Главните канали на социјалните мрежи повеќе нема да го имаат главниот збор
И додека Марк и Twitter сигурно си велат “избегнавме куршум“ со тоа што ги блокираа акаунтите на Трамп на своите платформи, Европската комисија овој чекор го смета за кршење на правата за слобода на говор (аха и Трамп имал право на слобода на говор за жал).
Според нив, дигиталните гиганти немаат право да лишат било кој од правото на јавно изразување и сметаат дека ваквата моќ не треба да ја имаат приватни компании туку демократски правни институции.
Слободата пред сѐ!
Social Cooling?
Колкумина од вас ги избришаа своите акаунти на социјалните мрежи по The Social Dilemma или во најмала рака внимаваат на што сѐ кликаат?
Како што на времето бевме слепи за климатските промени и аерозагадувањето, сега сме слепи за “загадувањето“ од социјалните мрежи. И знам дека ова е крајно контрадикторно со она што го работам и проповедам но…ова е тоа што го работам и проповедам….
Па читатели постои нешто што се вика Social Cooling!
Во кратки црти ова е начин на измамување на алгоритамот и избегнување од “канџите“ на социјалната платформа.
Менување на своето однесување онлајн и те како може да го збуни Facebook и останатите мрежи. Но колку е ова изводливо?
Instagram тестира нов layout за сториња
Не знам колку од вас користат десктоп верзија на Instagram и скролаат сториња на екран од компјутер, ама ако на пауза од работа знаете да здивнете минута две на овој начин, еве новина.
Instagram го менува приказот на сторињата на својата десктоп верзија. Сторињата ќе бидат прикажани во вертикален скрол на цел екран. Сега за сега се работи само за тест верзија па останува да видиме како ќе биде прифатена.

Бонус линкови
- Are You Down with RCT? The Solution to the 360-degree Fallacy
- A contact page for influencers
- How speakers and trainers feel about remote presenting
- Fortnite streamer TheGrefg broke Twitch records with more than 2 million concurrent viewers
- Internet 3.0 and the Beginning of (Tech) History
- Your Way, Way Better
- Boom TikToka u Hrvatskoj: U 2020. prva knjiga o TikToku, u 2021. prvi regionalni talent show!
Се читаме во следниот преглед во петок.
Баи 🙂