Ни помина редот

Толку од нашето чудо со целосна покриеност. Деновиве се јавив во Он.нет за да ми кажат кога и како можам да се приклучам, оттаму добив одговор дека мојата населба е покриена, сега ми останува само да ја најдам и испробам мрежата

Туку мене муабетот ми беше дека кај BBC веќе не сме најтазе настан. Тие вчера објавија вест дека Северна Ирска станал првиот регион во европа кој бил комплетно покриен со брз интернет.

Northern Ireland has become the first region in Europe to have 100% access to high speed internet, according to the government. …повеќе

Извор: BBC News

4 Comments Ни помина редот

  1. Anonymous 17/01/2006 at 16:59

    Има некои типци што шетале по Скопје со лаптопи и не испаднало баш целосно покриено…

    Веројатно е попокриено во „провинција“, односно, надвор до главниот град, кај што има помалку луѓе кои се способни да платат за интернет.

  2. Марија 17/01/2006 at 17:19

    BBC не мразат и затоа не тргнале од најтазе вестите. 🙂 Инаку, ние сме првите што се целосно покриени. Ако не со друго, со магла. 🙂

  3. Anonymous 18/01/2006 at 00:15

    pokrieni sme 100%. Toa e fakt. Najdete antena, zastanete so notebook pored nea i ke vidite deka sme pokrieni. E, a vie sakate doma da imate wireless. Ne be batka na krov ke se kacis i od tamu ke surfas

  4. Darko156 18/01/2006 at 00:20

    колку за информација. Навистина мојот стан гледа на лоша страна ама од мрежа ни ал ни абер.

    Ај во некои подобри времиња можеби ќе имам среќа

Comments are closed.