69 #ПрегледВоПеток

И касно во петок навечер се чита #ПрегледВоПеток 😉

Француската влада ќе ги скенира социјалните мрежи за даночни измами

Царината и УЈП во Франција добија дозвола да ги прегледуваат профилите на корисници на социјалните мрежи, нивните објави и слики во обид да најдат докази поврзани со непријавени приходи.

Во својата одлука судот посочи дека се свесни на можни повреди на слободата на изразување и нарушување на приватноста на корисниците, но сепак најавија дека содржината која е заштитена со лозинка нема да биде прегледана, само она што е јавно објавено.

TikTok го објави првиот извештај за транспарентност на платформата

Соочени со константен надзор поради цензура и безбедносни причини, TikTok пробува да ја врати назад довербата од корисниците во САД. Со таа цел го објави својот прв извештај за транспарентност, откривајќи дека добиле 298 правни барања за податоци од корисници и 26 барања од владите за деактивирање профили, во првата половина од 2019.

Извештајот за транспарентност покажува дека платформата не ги добила тие барања од Кина (каде што не е достапна), туку онаму каде што им се главните канцеларии.

Кога сме на тема TikTok и вертикална содржина, новиот Sero TV на Samsung се ротира вертикално за да можеш да гледаш TikTok видеа и Instagram сториња. Да го цитирам @darko156, “Единствениот производ од Samsung кој би размислил дали да го купам”.

Е-момчињата прават дебели пари

Новите симпатии на тинејџерите не пеат и не глумат. Тие се е-момчиња (xaxa, e-boys) и многу брзо стануваат дел од забавната индустрија со потенцијал да прават многу пари.

Тоа не се само момчиња туку и е-девојчиња кои се многу популарни на TikTok и Instagram бидејќи прават вирална содржина и изгледаат многу хип (трифтаат хипстерска облека). Затоа си лапаат зделки во модната и забавната индустрија.

DuckDuckGo е default пребарувач за корисници на Android во Европа

Практиката на Google да се „мести” самиот како default пребарувач на својот оперативен систем беше прогласена за нелегална од страна на ЕU antitrust правилата. Како резултат на тоа, Google доби парична глоба од $5 милијарди.

Сега Google ќе мора да направи промени и да им овозможи на корисниците сами да изберат default пребарувач. Кога корисници на Android во рамките на Европската Унија ќе регистрираат нов уред, ќе им бидат прикажани три алтернативни пребарувачи. DuckDuckGo ќе биде прв на листата во сите држави.

Ќе биде интересно да видиме какво влијание ќе има ова врз пребарувањето во Европа, ако воопшто го има. Секако, корисниците ќе можат да си го изберат Google, ако го преферираат.

Бонус линкови

Толку за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.