Морам да му се заблагодарам на Chez Tako за одличните провокации кои во неколку наврати ме натераа да размислувам зошто токму сега и токму оваа турска серија (1001 ноќ) го постигнува токму овој успех. Да не беше толку настојчив, или да се предадеше побргу можеби и немаше да го напишам постов. А во постов ќе има сумирано и поткрепено неколку од главите причини кои ми помогнаа да ја добијам дебатата 🙂
1. Надмината е јазичната бариера
Појавата на хрватските сапуници јасно покажа дека добар дел од публиката има потешкотии да го чита титлот на сериите. Причините се различни: на бабите бргу им заминуваат буквите, на децата не им оди лесно читањето, а на сите заедно далеку полесно им е да не треба секогаш да гледаат во телевизорот додека оди сериајта. Мошне практично е делумно и да се ислуша епизодата зашто и онака нема да се пропушти многу…. од едноставна причина што и не се случува во секоја сцена баш најважното. Патем, додека се гледа/слуша може да се заврши уште некоја работа по дома од типот на пеглање, чистење, готвење, сурфање, дремење 🙂
Не би сакал да навлегувам во конкретното решение… има различни коментари… го бивало, не го бивало… Во оваа пригода вооппшто не е важно тоа зошто очигледно си ја врши работата.
2. Конечно бабите, дедовците, мајките и татковците можат на мира да гледаат ТВ (заедно со децата)
Децата киснат пред ТВ, тоа е веќе познато. Но (за мене) вчудоневидувачки е огромниот број на деца, дури и на навистина мала возраст, кои ја гледаат серијата. Имав некои претпоставки, кои ми ги потврдија неколку прајтели со кои поразговарав на темава. Имено, и онака најчестиот изговор на родителите е дека децата се мирни и не мора да ги пазиш и мислиш додека се пред ТВ, па сега имате две муви средени со еден удар. Ем се мирни (гледаат затоа што разбираат – види точка 1), ем родителите на раат може да си ја гледаат серијата која им се допаѓа без да мора да се борат за далечинскиот и да војуваат за промена на каналот со цртани филмови.
3. Квалитетот на медиумската содржина е низок
Почетокот на есенската сезона во 2009 и еве почетоков на 2010 се период во кој (чинам) немало понеквалитетна понуда на нашите ТВ програми. Сериите се ефтини, филмовите стари и репризирани по 100 пати, а локалните (сопствени) продукции веќе со години не нудат ништо ново (ако ги исклучиме двете квиз шоу-а на А1). Круна на евтината и неквалитетна понуда, која ми послужи како добар доказ за овој аргумент беше новогодишната филмска програма. Немаше скоро ниту еден нов филм на најпопуларните канали, дури ми се чини и Супермен 1 го дадоа :). Дополнително, кога веќе ја разгледуваме медиумската содржина, вредно е да се напомене дека оваа серија оди на А1, канал кој сезонава загуби добар дел од својата програмска понуда, па мораше да се фокусира на нешто друго за да си ја одржи позицијата бр.1 во локалните рејтинг листи.
4. Содржината на серијата е блиска до публиката
Морам да признаам, имам слушано една епизода и гледано половина од друга. Сето ова за време на новогодишниве празници. И искрено, бев изнеанден кога во серијата слушнав зборови како холдинг, акции, интернет, факултет, берза, компанија и сл. Веднаш си помислив, еве уште една причина зошто има интерес… Иако слични бизнис тематики веројатно се провлекуваат и во „шпанските“ сапуници (не дека сум ги гледал 🙂 сепак овде се тие спакувани на еден начин кој публиката го чувствува како близок и примамлив, како еден вид прозорец кој им го овора деловниот свет во кој една жена и те како може да се снајде, Едноставно, потенцијалната публика се шири, дејствието се одвива во урбана, современа средина која лесно ја препознава нашиот народ, и кон која може да развива свои аспирации, желби, надежи. Нема премногу сложени општествени разлики и тоа дополнително овозможува поистоветување со ликовите за поголем дел од публиката.
5. Сериски циклуси на побарувачка и понуда
Без некои потехнички истражувања и статистики (а кој да ги направи кај нас?), лесно воочливо е дека постојат еден вид „сапуничарски криви амплитуди“, или едноставно кажано периоди на висока побарувачка и гледаност, и потоа одредени следствени периоди на затишје и помала побарувачка на содржини од ваков тип. Понудите и популарноста некако одат во бранови (Касандра, Клон, првите хрватски сапуници и сл., сѐ до Шехерезад), и работата се сведува во тоа, кога одредена добро спакувана и продуцирана серија почнува со прикажување, а со која нашиот обичен гледач, или гледачка, можат лесно да се идентификуваат и поврзат. Моментот е речиси сѐ, а да се темпира истиот е навистина работа на умешност. Добро, можеби некогаш и може да се посреќи сосем случајно тој така важен момент, на пласман и апетит за нешто ново, но останува очигледниот впечаток дека тајмингот е пресуден.
Тоа е, ние си ги дадовме нашите причини, фала му на Сеад за помошта. А кои се твоите размислувања? Зошто баш ШехерезаТ (Şehrazat) е толку популарна? Коментари од типот, не знам не сум гледал не се важат, бидејќи и ние не ја гледаме :))))
Бонус линкови:
1001 ноќ mp3 аудио од насловната нумера
1001 ноќ Facebook група со над 32.000 челнови
Позадини за десктоп 1024×768 1280×1024
Добар финиш со музиката за преземање, мислам дека, вака псот фестум, и музиката има важна улога во привлечнсота на серијалот.
Тоа за верните фанови кои случајно ќе налетуваат на постов 🙂 да не се почуствуваат запоставени… 🙂
Pingback: Tweets that mention 5 причини зошто 1001 ноќ е хит | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
1. Плус домаќинките можат од кујна да ја следат ако пуштат погласно, па се преповторуваат елементитет по 100 пати и така контент има околу 15 минути по епизода. Наводно и мажите баталиле фудбалски натпревари на сите канали, и гледаат Шехерезад.
Туку, зошто никој не реагира на прекумерното (и противзаконско?) рекламирање на сите можни начини во една епизода… Нели е 12 минути е максимум во прајмтајм и не смее да има поп-апи и ова она?
2. За сечиј невкус? Па да, мислам моралните дилеми дали да ја земе бремена и големиот успех на распуштеница со дете да се омажи после 1001 епизода?!? Демек не губете надеж… Очај. А, и видов една за малце ќе абортираше. Или тоа беше во Ѓумуш. Нејсе (турцизам за енивеј 🙂
3. Некогаш бил повисок? Генерално се гледа помалку телевизија, дури и политичките емисии не виреат веќе. Мислам дека имаме некаде околу 250.000 кабелски претплати („пута четири“) плус нели 33% Македонци имаат интернет… Значи, реално гледано, не е Сител закана за А1. Туку Ејчбиоу (на македонски), Ејиксен, Фокслајф, Фокскрајм, Дискавери (од вчера на македонски), и сите останати што ќе бидат на македонски. Прашање на време кога ќе станат и на албански за да може и косовските и албанските телевизии да си го окркаат.
4. И тоа што викаш, штета што од бизнисот им фалат обложувалниците што се главен бизнис кај нас.
5. Novelty factor will wear out soon?!? Enter Bolywood! Кина чека позади ќошот, ќе се вратат ли Русите? Можеби Бвазил. НО, најважно од с`е е да им текне дека домашната продукција најдобро ќе го погоди гледачот. Ќе седат на кафе на Кеј, на вечера во Воденица, ќе се муваат на Велешко езеро, со музика на Мартин Вучиќ, хмммм
Генерално гледано, сегментацијата на публиката и на изборот ќе си го сторат своето. Не ми се верува дека има можност за да се повторат вакви бројки било кога во иднина. На Интернет и на DVB-T е уште полесно да смениш канал отколку на аналогна ТВ…
Штом главните така викаат, така е!
Uste edna pricina, spored mene najvazna e deka serijata e na A1 i mediumskata masinerija na Velija najdobro si ja vrsi rabotata. Mokjta na propagandnata masinerija ne smee da se potceni, dodeka nivoto na narodot ne smee da se preceni.
На Tако му е драго што послужил како муза, но не може сосем да се согласи како поразена страна. Особено кога неговото прашање беше зошто токму оваа серија е популарна а не било која друга. Така што со дел од изнесените аргументи и те како се согласувам, но на жал не со сите. Згора на што Тако и немаше изграден став во моментот на дискусија, така што "победата" е дискутабилна. А колку настојчив може Тако да биде почнува да следи
Тако е согласен дека јазичната достапност и социјалниот обединувачки карактер се едни од примарните атрибути на успехот на серијата. Сега конечно бабите не ќе мора да одговараат на прашањето "Шо кажа, шо кажа? "
Но нискиот квалитет на сеопшатата понуда е само плодно тло за да се вгнезди успехот на конкретнава серија, но не и објаснување за нејзниот успех. (или повторно зошто оваа а не Ѓумуш и слични).
Што се оденсува до содржината, јас сум осгасен дека таа е блиска до народот како смета и Дарко, и во делот каде збори за препознаени желби, интереси, фантазии сум речиси на негова страна. Што се однесува до јазикот кој повторно Дарко го споменува (холдинг, акции итн.), се плашам дека тој е близок на широката публика. Ова само се надополнува на , фактот дека Дарко урбаниот сетинг го смета како мамка за македонската публика која не во целост потекнува е е бликса со урбани теми како споментатите. Друга слабост на неговото согледување е тоа што Дарко не го споменува моментот на новитет -ова е една, ако не и првата синхронизирана серија, така што овој моментот е дополнителна предност. Потоа истата се дава на А1, која како национална телевизија се гледа низ целата земја не само благодарение на кабловските оператори кои претежно оперираат во урбани зони. Ова го доведува во прашање ставот на Дарко за урбаната привлечност од аспект на то што можеби поголемиот дел од публиката се рурални или рурално ориентирани гледачи, голем дел од кои програмата ја следат низ своите собни антени. Токму ова ја прави серијата подостапна од остатокот. Од друга страна, јас не претендирам да зборам за цела серија, и овие мои мини заклучоци се произлезени од една изгледана епизода , а со помош на која и да се согласам со Дарко за добрата нејзина изработка, која патем сметам дека треба да се земе како главен фактор на нејзиниот успех – ги има сите адиктивни моменти на една серија од таквиот тип – а не само успехот да се препише како верувам дека тоа Дарко би го направил на медијската необразованост на публиката.
За крај моите судови ги оставам отворено да шетаат по бојното поле без да прогласувам победник.
И за пост-фестум, мора да кажам дека моите општи сили, меѓу кои и дискутатнтските, се на општо прениско ниво, така што можеби и не сме на истиот ринг.
Јеее, Тако стави коментар, па кај си ти, те чекав :)) ајде со ред да ти одоговорам сега 🙂
Прво, баш ми е мило што се сложуваш со дел од аргументите… дали сум победил или не, не е ни важно, целата ситуација беше предизвик фрлен кон мене, а не тема на која требаше да те победам… тоа таму горе беше за зголемена драматизација 🙂
1. Дарко не рече дека секоја од причините одвоено (изолирано) е заслужна за популарноста, веројатно сите одеднаш (заедно) се причина и плус уште некои, спомнати во коментариве и некои кои не ни текнале…
2. Нискиот квалитет… и зошто не друга (Ѓумуш на пр.). Затоа што другите не ги исполнуваат добар дел од овие причини…
3. Содржина. Холдинг, акции и сл… не се блиски до сите, но се блиски до публика до која претходно не биле блиски овие серии.. значи нова публика… и оттаму толку многу публика вкупно. А дека фирми, акции берзи… се популарна тема покажуваше неодамнешниот тренд кога сите кои одеа во кладилници станаа акционери и сл.
4. Првата точка „надмината е јазичната граница”, е впрочем факторот синхронизација. Да кликаше Тако и на линковите ќе видеше дека целата точка реферираше на тој момент. А Дарко тука се извинува ако не бил доволно јасен 🙂
5. Покривање на А1 и популарност. Повторно не кликал Тако :). Ако руралните теми биле посоодветни за МК не ми е јасно зошто тогаш реалното шоу Фарма не е толку голем хит. (тука оставам прсостор некој како контра аргумент да ми извади популарност за Фармвил на Фacebook :)) Факт, треба да извадам повеќе докази за урбаните теми… ама сепак… ете нека стои така сега за сега.
И за крај… не мора да се вадиш на рангот 🙂 се е отворено… дебата е здрава работа… осбено кога е конструктивна… бујрум
Мислам дека Фармвил е репетитивен (како тетрис) и плус има МНОГУ силен елемент на друштвени мрежи, т.е. те мотивира да ги труеш сите наоколу за да ти се зачленуваат и така да профитираш. И не треба мозок колку што разбирам (не сум член, гледав 10 минути како се игра додека пиевме кафе у Корзо, на лаптопот дечково ја ораше нивата на пет-годишниот син).
Нееее, те молам Киро, не ја носи натаму дискусијава :)))))
Сори, тоа што напишав не треба мозок, не мислам дека само глупи играат, туку нема потреба да се употребува мозокот додека се игра. Не мораш ексклузивно да го играш, туку можеш во позадина (како радио да слушаш)…
a so ke se sluci so seherezad ?
Блог пост – коментар на Панта Реи
1001 домаќинка – http://mislam.blogspot.com/2010/01/1001.html