Yo Yo! 🙂
First things first. Од кога се немаме читано? Среќна Нова 2019 година! Идеме со нова сезона на #ПрегледВоПеток и многу нови четива. Да видиме што нè чека.
- Up and down, Facebook’s becoming a ghost town. На самиот старт на годинава, eМarketer објавија извештај за трендовите кои нè чекаат во дигиталниот маркетинг во 2019та. Прво лошите вести. Сè повеќе и повеќе се намалува бројот на интеракции на Фејсбук, а со тоа и времето поминато на оваа социјална мрежа. Бегаат младите од старите. Но, и покрај ова, добрите вести се што Фејсбук сè уште доминира на пазарот на дигитални реклами и во 2019та приходот од рекламите (на светско ниво) се очекува да достигне 67.25 билиони долари.
- #10YearChallenge meme. Сигурно си во тек со најновиот тренд на социјалните мрежи, но дали си во тек со способностите на алгоритамот за facial recognition? Голем дел од сликите што се објавуваат во склоп на предизвикот се веќе достапни во јавноста (интернетот), но начинот на кој се поставени не дозволува за прецизно собирање податоци. Затоа многу е полесно кога на алгоритамот ќе му помогнеш со чист, едноставен и точно означен сет на “then-and-now” слики. Благодарение на #10YearChallenge, сега постои огромна база на слики од луѓе од пред 10 години, која може да се најде или во добри или во лоши раце.
- Fake news. Овoј Facebook news. Фејсбук сè уште има големи проблеми со лажни вести кои произлегуваат од руски акаунти. До сега се отстранети 471 Фејсбук акаунти и 41 Инстаграм акаунти чија цел била ширење пропаганда во региони каде режимот на Путин има силни геополитички интереси. Оваа година политички избори имаат и многу други земји, а какви дополнителни мерки ќе преземе Фејсбук за справување со лажните вести останува да видиме.
- Нова година, нова математика. Главниот акцент во маркетингот отсекогаш бил ставен во инката, односно линеарното патување на потрошувачот од запознавање со твојот бизнис до носење одлука да купи нешто од тебе. Овој модел денес веќе не се применува. Повеќе од 6 месеци наназад, Google ги истражува податоците од clickstream-от на илјадници корисници. И резултатите воопшто не одликуваат типично однесување на потрошувачот како во marketing funnel-от. Сега треба да бидеме насочени кон предвидување на намерите на луѓето затоа што тоа е клучниот дел во равенката за раст на еден бизнис.
- Здрав разум при работа. Во светот на Google Analytics, многу често се среќаваме со алатки за анализа на податоците и нивно презентирање. Но за да дојдеме до таа анализа, потребно е прво да собереме што е можно попрецизни податоци, а најголемата помош за тоа ја добиваме од Google Tag Manager. Оставаме на Miroslav Varga да ви каже како да ги најдете вистинските податоци, што со нив и како да ги презентирате.
- Design 2k19. Технологија без дизајн е ништо за крајниот корисник. Дизајнот е тој што го прави пристапот до технологија едноставен и лесен. Како тема, дизајнот е доста сложен. Постојат многу правци, многу различни лични вкусови и не секогаш е лесно да се дебатира за дизајнот и неговите очекувања. Што нè очекува на тема трендови во графички и веб дизајн за оваа година? Свежина, уникатност, минимализам… се само дел.
Бонус линкови:
Толку за денес. Доколку имаш нешто интересно што сакаш да го прочиташ во #ПрегледВоПеток слободно пиши ни порака на Фејсбук.
Се читаме следен петок. (nervous chuckle)