Мултиетнички додаток

По повод 30 години од своето постоење италијанскиот национален дневен весник La Repubblica за прв пат во својата историја ќе започне со издавање на неделен додаток наменет за останатите националности во Италија.

Мултиетничкиот додаток е наречен Metropoli и претставува колор додаток со 24 страни кој ќе излегува во недела. Тој има за цел да го доближи овој весник до 2,5 милиони имигранти кои всушност претставуваат 3,5% од вкупната популација на земјата.

Мене потегов ми изгледа крајно (економски) логичен а плус и зборува многу за отвореноста на весников. Додека ја читав оваа вест се обидував да си замислам какви би биле реакциите доколку на некој ваков сличен потег (се разбира од економски побуди) се реши некој од нашите весници.

Искрено, мене тоа би ми се допаднало бидејќи јас сакам “мојот” весник во него да има се`.

Извор: Editors Weblog

3 Comments Мултиетнички додаток

  1. Anonymous 04/02/2006 at 17:43

    А што би добил ти со еден таков додаток? Ти си имигрант?

  2. Anonymous 04/02/2006 at 18:43

    А што би добил ти со еден таков додаток? Ти си имигрант?

  3. Darko156 05/02/2006 at 21:11

    Јас би добил прекрасно чувство дека “мојот” весник има се`.

    И дека ќе можам да го препорачам на нови луѓе 🙂

Comments are closed.