164 #ПрегледВоПеток – Google, Instagram, Twitter…

Првиот официјален #ПрегледВоПеток во 2022 дами и господа…

Google Analytics нелегален во Европа?

Дали Google Analytics за американските онлајн сервиси ќе стане незаконски за функционирање во Европа? Кога законот за заштита на приватноста беше поништен во 2020 година, сериозно се одрази на американските онлајн сервиси што работат во Европа. Пренесувањето на податоци од европски граѓани во САД повеќе не им беше дозволено, бидејќи ова значеше дека податоците од европските граѓани ќе станат подложни на американските надзори што е јасно прекршување на европскиот GDPR.

Силиконската долина и понатаму продолжува да ги игнорира правилата изјавувајќи:

“While this (=invalidation of Privacy Shield) sent shock waves through the tech industry, US providers and EU data exporters have largely ignored the case. Just like Microsoft, Facebook or Amazon, Google has relied on so-called “Standard Contract Clauses” to continue data transfers and calm its European business partners.”

NOYB

Сега, австриското тело за заштита на податоците го враќа ударот со прогласување на Privacy Shield за неважечки: Одлуката е дека употребата на Google Analytics ја прекршува Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). „Google“ е „предмет на надзор од американските разузнавачки служби и може да му се наложи да им ги открие податоците oд европските граѓани“. Затоа, податоците на европските граѓани не смеат да се пренесуваат преку Атлантикот.

.Драмааа…

Twitter со NFT хексагон профилни фотографии

First things fisrt…Што е NFT?

NFT ви дозволува да купувате и продавате сопственост на уникатни дигитални производи и да следите кој ги поседува користејќи го блокчејнот. NFT или “non-fungible token“ технички може да содржи што било дигитално, како што се цртежи, GIF, песни или ставки во видео игрите. NFT може да биде нешто единствено, како уметничка слика или една копија од многуте, како тргување картички. но блокчејнот води евиденција за тоа кој има сопственост на производот.

Твитер гo интегрира NFT со додавање на специјален облик на шестоаголник околу илустрацијата на (засега достапните) аватари на профилната фотографија.

При лансирањето, Твитер поддржува неколку крипто-паричници што корисниците можат да ги поврзат со нивните профили и да потврдат дека нивните токени се NFT.

Instagram со нова опција за монетизација за креаторите на содржина

Only Fans или Instagram Fan Subscription?

И нема некоја многу голема разлика. Instagram ја тестира новата опција преку која креаторите на содржина ќе имаат можност да ја монетизираат својата комуникација со најголемите фанови преку различни опции што ќе бидат достапни само за нив.

Екслузивна содржина видлива само за оние што се спремни да платат е стратегијата со која Instagram ќе ги задржува креаторите на оваа платформа наместо да ги изгуби во битката со TikTok и YouTube. Ова е начин плус и да ги мотивира да објавуваат што повеќе содржина.

Сега за сега е во тест фаза и од опциите што се достапни за цени од $0.99 – $99.99 се: Live вклучувања само за претплатените, сториња само за претплатените и значки за претплатените.

Бонус линкови

Овој #ПрегледВоПеток ја препорачувам “Black Space” на Netflix.

Бај.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.