Дома имаме по „многу” телевизори

Насловов е мојата слободната интерпретација на веста објавена на Тотал.ком.мк. Имено тие се повикуваат на последните податоци објавени од Советот за радио дифузија (СРД) и велат:

Дури 44% од македонските семејства имаат повеќе од еден телевизор. Околу 38% од граѓаните имаат видеорекордери, а 33% ДВД плеер, покажуваат податоците на Советот за радиосифузија за минатата година. Телевизија, преку кабелска гледаат 21,2%, а преку сателитска 14% од популацијата. …Тотал

Се разбира нема потреба да се истакнува дека повторно гледаме повеќе ТВ од Европа. Сепак мене ме интересира колку тоа ТВ приемници има во МК, се обидов да најдам податок на стат.гов.мк за бројот на семејства во МК и сакав да помножам, ама некако не бев сигурен колку е ова повеќе од еден ТВ по дома? Дали е тоа 1,2 или 1,4 или пак се бројат како цел телевизор па повеќе од еден е два, пошто расипаните не се бројат така?

Податоциве се оскудни, но доволни уште еднаш да ја потенцираат потребата од загриженост, бидејќи премногу народ е зависен од ТВ.

2 Comments Дома имаме по „многу” телевизори

  1. dr. Max 24/01/2007 at 01:45

    Луѓето се зависни од Телевизијата. Некоја манија ја зафати македонштинава со овие Шпански и не Шпански серии, сапуњари и течни сапуни.. Колку само попаметна работа може да се најде од следење на касандри, љовисни и не снам ти какви Шпански абортирав-дете-ама-у-суштина-е-живо-и-татко-му-е-богат-а-ја-сум-слугинка серии!

  2. airport transfers melbourne 21/11/2012 at 05:16

    Joshua J. Marine~ Challenges are what make life interesting overcoming them is what makes life meaningful.

Comments are closed.