Лелеее.. па мислам дека фразата “идеме јако” ја немам искористено во #ПрегледВоПеток од 2019-та.. сТрамота!
Спремни?
ИДЕМЕ ЈАКО и овој петок со новостите од изминативе 7 дена!
TikTok со нови рестрикции за своите малолетни корисници
Со цел да ги заштити младите корисници од интернет предаторите, TikTok воведува нови рестрикции за сите оние под 18-годишна возраст.
Корисниците под 16 год. нема да може да добиваат коментари од профили кои не ги следат, нивните видеа нема да можат да се користат во дуети ниту пак да се преземаат. Нивните профили ќе бидат приватни и видеата ќе можат да им ги гледаат само пријателите.
На видеата на 16 и 17 годишните корисници дуети ќе можат да прават само нивните пријатели. Нивните видеа исто така нема да можат да се преземаат од платформата.
“The groundbreaking changes announced today mark the next step in our mission to ensure TikTok is a safe platform for all our users.
Alexandra Evans, TikTok’s European head of child safety
TikTok го помина Facebook во време поминато на платформата по корисник
Времето кое корисниците во Велика Британија го поминуваат на TikTok скоро па дупло се зголеми во 2020. Еден корисник поминал просечно 19.6 часа месечно на TikTok, наспроти 16.6 часа на Facebook, според истражување на компанијата App Annie. Податоците покажуваат слични бројки и во останатите земји.
Parler се врати со поддршка од руска компанија за технологија
Откако платформата Parler ја снема од интернетот поради нејзината улога во бунтот против Capitol Hill, тие делумно се враќаат во живот неделава со поддршка од руска компанија за технологија.
Во понеделникот веб страната беше повторно достапна но со порака од John Matze (Parler CEO) дека работат на враќање на функционалноста на платформата. IP адресата што ја користат во моментов е во сопственост на DDos-Guard, компанија на двајца руси кои нудат сервиси за заштита од дистрибуиран напад на негирање на услуга.
Ако веб страната се врати во комплетна функционалност, корисниците на Parler ќе можат повторно да ја користат платформата во својот интернет пребарувач додека пак апликацијата е сè уште банирана на App Store и Play Store.
Идеална структура на Google Ads кампања
Сите кои работите со Google Ads знаете дека старите SKAG-SILOS структури на кампањи не можат да се споредат со стратегиите на Smart Bidding кои бараат промена во структурата.
Во последните неколку години се случи една мала револуција во структурирањето на кампањите бидејќи Google во целост го промени начинот на кој клучните зборови работат и воведе свои ML (machine learning) и AI (artificial intelligence) опции за распределба на буџетот.
Не грижи се, тука е Miroslav Varga да го сподели своето искуство со тебе за тоа како треба да изгледа идеалната структура на една Google Ads кампања.
Whopper to the future
Царевите на маркетингот, Burger King, се враќаат во новата година со уште една супер кул кампања. Тие воведоа нова опција на нивната апликација што ти дозволува да закажеш испорака. Ништо иновативно, нели?
Иновативен е начинот на кој тоа го измаркетираа. Генијално. Направија видео насловено “Whopper To The Future” и го позиционираа како “time travel”. Клик на линкчето.

Бонус линкови
- Shutterstock Outlines Emerging Visual Trends for 2021 [Infographic]
- Google Maps just got a big upgrade — what you need to know
- The World’s Smartest Mask – Project Hazel
Се читаме во следниот преглед во петок 😉