Кибернетика или Сајбернетика??

Има една категорија/група на луѓе со која во најголем дел од моето искуство сум бил во конфликт. Од споделеното искуство со моите поблиски и подалечни пријатели можам да констатирам дека не сум единствениот, особено тука новинарите ќе ме поддржат.

ЛЕКТОРИ

Се ежам луѓе, немате поим колку се ежам. За среќа во последно време немам некој нeпосреден контакт со нив но сепак денес изутрина почнав да пцујам уште во 9:30 кога ја отворив првата страница на Неделно Време.

Минатата недела оставив коментар на колумната на Геро која беше посветена на новиот бран. Коментарот не се однесуваше на суштината на текстот туку беше еден совет кој ми се гледаше логичен. Замолив ако може да се користи во иднина кибер наместо сајбер простор.
Би можел тука да ја поткрепам оваа посочена корекција, но само ќе го наведам терминот кибернетика, и понатаму се станува јасно.

Е сеа, следува утринската ситуација: Коментарот ми го објавиле во рубриката Vox Populi, и притоа објавиле уште еден коментар каде некој дечко по име Андреј не се сложува со мене. И сето тоа ќе беше ок доколку ЛЕКТОРКАТА во мојот мојот коментар во кибер не го сменила во сајбер.

Заклучок: Очајно ни е потребен некаков нов речник кој внатре ќе ги стандардизира новиве термини, (иако кибернетика постои од средината на минатиот век и не е баш некој нов термин) и очајно ни е потребно селективно требење/филтрирање на лекторите.

На оваа тема една дискусија имаше на почетокот на постоењето на овој блог. Еве линк до претходниот пост

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

15 Comments Кибернетика или Сајбернетика??

  1. GoodBytes 23/01/2006 at 01:05

    Денешниот живот носи огромен број нови зборови. Нашите зачмаени институции и порано не беа способни да го следат потребниот стандардизиран развој на нашиот јазик, а сега имам чувство дека тој јаз само се продлабочува.

    Лекторите најчесто, барем кога се работи за овие термини, немајќи пропишан стандард на кој ќе се потпрат, решаваат да се потпрат на (нивната) здрава логика, и сопствениот лекторски авторитет.

  2. Darko156 23/01/2006 at 13:35

    За конкретниов пример: во консултација со една лекторка која ми е најсветлиот пример дојдов до заклучок дека кибер простор е правилно 🙂

  3. bi 23/01/2006 at 13:40

    Малку е тешко на луѓето во Македонија да им кажеш нешто како треба. Сите мислат дека знаат се. На пример јас еве две години се мачам да им објаснам дека треба да користат македонска поддршка кога пишуваат. А имам и еден пријател кој работи како ИТ во една ревизорска куќа кој уште повеќе се соочува со тој проблем.
    На луѓето им е кул да велат принтер, веб пејџ, таг, (и ти употреби во претходниот напис) сајт, потоа – пост, даунлоуд, аплоуд, фајл, месиџ, па дури и компјутер.

    Ова е сосем малку, а сето е кривица на луѓето од областа на информатиката. Јас знам уште на времето кога појма немав од компјутери, дури ми се јавуваше одбивност да научам нешто слушајќи ги тие што „знаеа“. Буквално ми зборуваа на странски. А нив тоа им беше гордост. Као само тие знаат што е муабетов и се чувствуваат поважни и попаметни од другите оти користат странски зборови. Како интелектуалец на телевизија во онтолошки дискурс. 🙂
    Сега е малку тешко да се поправи работата, а ако веќе некој треба да ја поправи, тоа се тие кои ја зезнаа – информатичарите.

  4. Darko156 23/01/2006 at 13:48

    Не велам дека сум јас идеалниот пример, јас не сум нити информатичар (иако не се тие најкривите, барем според мене) нити пак сук јазичар.

    Сепак онаму каде нема логика да се преведува или нема превод на даден термин не велам дека треба да се измисли нешто по секоја цена

  5. bi 23/01/2006 at 14:00

    Не ни реков дека велиш дека си идеалниот пример :). само дадов коментар на написот.
    Сепак, кој ќе одреди кај има логика да се преведува?
    Хрватите преведуваат и најобични работи. И ние имаме поинакви имиња за месеците, ама кој ги знае. Но ние изгледа сме најголемите космополити, најголемите антинационалисти и глобалисти што дури сакаме да ја поништиме нашата индивидуалност.
    Овој текст ме заинтригира зашто и мене ме мачи проблемот со нашиов јазик, дури и за тоа ми е последниот напис на блогот.

  6. Teko 23/01/2006 at 16:25

    Прашање од еден информатичар:

    Ајде дечки помогнете ми и преведете ги следните термини:
    – Load Balancing
    – High Availability
    – Encryption
    – Cryptography
    – download
    – upload
    Доста се за денес.

    Поздрав и благодарам

  7. bi 23/01/2006 at 17:28

    Јас не сум ни информатичар ни јазичар, ама еве предлог од еден пријател кој повеќе се разбира во ова.
    – изедначување на оптоварувањето
    – достапност
    – енкрипција
    – криптографија
    – преземање податоци
    – предавање податоци

    🙂

  8. Teko 23/01/2006 at 17:54

    Енкрипција и криптографија???
    Изедначување на оптоварувањето не е правилен превод. Load Balancing – Се работи за рамномерна дистрибуција на податоци.

    Јас разбирам дека многу од термините се непознати за луѓето на кои IT не им е професија. Но менувањето на овие термини може само да ги "гетоизира" македонските информатичари.

    Како и секоја професија, и оваа си има свои термини. За жал ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА налага на користење на истите WorldWide.

    Јас сум за користење на општо прифатените IT термини, и воопшто не сакам за download да викам превземање на податоци или пак за hard-disk тврд-диск.

  9. Darko156 23/01/2006 at 18:18

    Ама за веб сајт сакаш да викаш интернет страница, мене идејата ми е да ги употребуваме оние термини кои има логика да се употребуваат и кои звучат ок, а не по секоја цена да се правиме хрвати 🙂

  10. bi 23/01/2006 at 23:55

    Ако веќе сакаш така да ги викаш во Македонија и на македонски треба да кажеш даунлоуд, хард-диск и ворлдвајд. А информатичка технологија исто е ИТ и на македонски. Колку што забележав ти живееш во Соединетите држави па нормално ти е информатичките термини да ги кажуваш на англиски. Но во нашиот јазик и кога кажуваш некој странски збор го пишуваш на кирилица како што се чита. Сепак мислам дека воопшто не е комплицирано да се преименуваат најчесто користените термини, како што кажа Дарко, кога е веб нека биде страница, кога е интернет нека биде пребарувач, или кога се печати нека е печатач. За тие термини што се многу нови и што се појавуваат со развојот на информатичката технологија не мора секогаш да се користат наши веќе постоечки зборови, може да се измислат неологизми.

    Инаку глобализацијата не го налага тоа (користење на исти термини), бидејќи ако беше така немаше да се прави уникод и да се прилагодуваат работите дури и за така мала земја како нашата. Ние имаме дури и проверувач на спелувањето 🙂 на македонски.

    И уште нешто. Глобализацијата не е нешто што неминовно треба да го прифатиме и да му се покориме. Во неа нашата нација е загрозен вид.

    Connecting through culture celebrating diversity.

  11. Zarko Trajanoski 24/01/2006 at 16:22

    Уште на времето, кога пишував на тема киборг-антропологија, ја расчистив дилемата. Тие што претпочитаат да користат „сајборг“, ако се доследни, треба да зборат за „сајборг-антрополоџи“ (мај аполоџи)!

    А ако сте љубители на нови македонски кибер-поговорки, повелете…

  12. Teko 24/01/2006 at 23:05

    Прво да кажам дека развивме добра дискусија, и тоа е убаво.
    Второ, не сакам да бидам сватен погрешно. И јас сум за преводи на некои термини, како интернет страница или печатач, но за некои термини, со несоодветен превод може да се изгуби значењето.
    Подржувам превод на термини кои се употребуваат во меѓусебната комуникација помеѓу луѓето.
    Јас проблемот го гледам од свој агол, и воопшто не зборувам во име на сите информатичари од Македонија.
    Тоа што живеам во САД нема никаква врска со моето размислување. Мојот став се темели врз практично искуство и комуникација со колеги од страна. Информатичката глобализација налага користење на општо усвоени термини.
    Значи зборам под информатичка глобализација.
    Уникод и совверот прилагоден за нашата земја нема врска со глобализацијата. Тоа се прави за пари, а глобализацијата се рефлектира преку користење на Софтвер кој подржува Уникод. Конкретно информатичката глобализација ми налага во секојдневното комуницирање да употребувам Character Set наместо карактерно множество, тоа го употребував и во Македонија…
    Еден проф. на факултет настојуваше да преведува термини, па за Integer податочен тип (гледате податочен тип, а не Data Type) милуваше да каже Целоброен тип, што во обратен редослед може да биде поинаку толкувано и да го изгуби своето значење.

    Поздрав на сите и уште еднаш благодарам на убавата дискусија.

  13. Александар 29/01/2006 at 16:25

    Dear Teko,

    со извинение, покажуваш симптоми на еден многу раширен синдром – размислување на англиски – причина што ти звучат туѓо македонските преводи и неологизмите (што се сосема легални – јазички гледано). Истите симптоми го имаат и мнозина што живеат во Македонија, не мора да се во странство. Ко што рече еден анонимрз на р-Еволуција – дечки, премногу висите на интернет.

    Јас исто не знаев македонски до пред некоја година. Го научив токму од лекторките во МТВ (откако почнав не да се конфронтирам со нив по секоја цена, туку да ги замолувам да ми ги даваат текстовите испочкртани за да видам каде сум згрешил, според нив, и кога нешто не ми беше јасно, беа срциња па ми образложуваа и ми кажуваа зошто нешто е сменето. Брзо се изгуби суетата и кај нив, и кај мене – целта ни беше подобар македонски јазик).

    Кај нас – мислам дека тоа беше кажано кај .анти – проблем е што оние што треба да се грижат за јазикот (Институтот за македонски јазик, на пример) дремат и не прават ништо. Тие го одредуваат јазичниот закон, а законот се донесува за да се почитува. Додека не си ги почитуваме постојните (јазички) закони, ќе владее хаос.

    И за крај, што имам забележено на тема „глобализација“ кога ќе ми налета да преведам упатство за некој апарат. Денес има некое глупаво правило „брендовите“ и “трговските марки“ да бараат да се пишуваат на латиница, бидејќи тоа им било заштитен знак. Во упатствата на една агенција (една од најогромните) стои – сите забелешки за авторските права (копирајтот) да не се преведуваат, освен на ФРАНЦУСКИ и ПОЛСКИ. Значи, таму има некој што си ја врши работата и не дозволува неконтролирано навлегување на туѓи термини во јазикот. Не гледам нешто дека Франција и Полска заостануваат во технолошкиот развој затоа што нивните ИТ-стручњаци го користат својот мајчин јазик.

    Поздрав

  14. Anonymous 21/02/2006 at 03:18

    Користам кирилична подршка уште пред да излезе Уиндоуз 98 – имав руски драјвер. Типкам слепо, имам брзина од 780 отчукувања во минута, така што за мене е огромно губење време да користам “шифт“ за ’ш’ и сл. Тоа е за аматери, кои не работат постојано на сметач. Ден денес не можам да се разберам со луѓето во МКД за тоа. Уште во ’96 сум праќала документи со кирилична подршка во Франција (заедно со снимениот фонт) и во Бугарија, и немало проблем. Меѓутоа, кога еднаш пратив нешто во БТ, имаше проблем, бидејќи тие си имале свој фонт за списанието и си сакале во тој исклучиво (ме разбираш). Секоја шуша си правела фонт. И сеа ја сум крива што користам кирилична подршка коа сите у Македонија си користеле тие кретенските фонтчиња што си ги измислувале за да се праат шизици у маало, и треба цела книга да прекуцам. Тие што беа платени да ги решат овие прашања сеуште ништо не направиле а земаат веќе 20 год. плата за тоа на Електротехнички и Информатички факултет. Сега скоро имав расправија со еден информатичар (патем кажано јас сум преведувач) кога реков дека не користам пиратски фонтови од типот на МАК К ТАЈМС. Замислете, тие не биле пиратски рече, затоа што биле регистрирани официјално, т.е. патентирани. Значи, разговор на глуви. Таквите фонтови се пиратски затоа што не се правени како што треба туку се лепени на АСКИ кодот, и затоа има глупости со ’шифт’ и мифт. Ама некој што пишува на компјутер само електронска пошта тоа не може да го почувствува. Нека се обидат амо да селектираат со двоен клик некој збор кој содржи ’ч’ на пример, па можеби ќе сфатат што зборувам. Времето е пари, нели ? Нејсе, Бил Геитс ја заврши работата вместо платените многу почитувани наши стручњаци од горе наведените факултети, и од Уиндоуз 98 наваму имаме македонска подршка која ја користат по се изгледа само 0,05 корисници на сметачи. Е демек, проблемот не било дека биле пиратски македонските фонтови, туку дека не биле Мајкрософт фонтови. Значи да почнеме сите да купуваме Макинтоши или што ? Мајкрософт е реалност.
    Второ, не разбирам што е таа искомплексираност од преведени термини. Да не ги земаме само Хрватите за пример,инаку и Словенците си имаат се преведено, туку што мислите, дали францускиот Уиндоуз или германскиот користи тнр. ’интернационални, глобалистички’(читај англиски) термини, и дали има во Франција или Германија нормален човек што тоа му пречи. Русија, Кина, Сауди Арабија и др. да не ги спомнуваме.
    Ептен напредни луѓе ова Македонциве, они мислат на англиски, иако не се стручни во англискиот, а па во македонскиот ич за да би критикувале преводи. У ствари тоа англискиот им делуе афродизијачки и убаво им е да си замишљаат дека се у Невјорк, Лондон, Сиднеј. Пред некој ден еден клиент ме убедуваше дека не требало да преведам компанија со друштво, дека тоа не било исто, и Законот за трговски друштва требало да биде Закон за компании. Се потврдува поговорката дека полош од оној што не прочитал ниедна книга е оној кој прочитал само една. Господе Боже спасувај од искомплексирани луѓе.

  15. melbourne airport tr 21/11/2012 at 05:25

    William Shakespeare~ Speak to me as to thy thinkings As thou dost ruminate and give thy worst of thoughts The worst of words.

Comments are closed.