Толковен речник на новинарски жаргонизми

Од извори блиски до Владата = секретарката на министерот му кажала на шефот на набавки, а овој на шоферот, кој ми е школски од средно.

Партиски извори од X тврдат = чистачката на партиските простории наслушнала…

Експертите велат = професор ми од студии со кого си го имам муабетот мисли…

netartnews-739607.jpg

Неофицијално = со ова журналистичка мантра си ги маскирам личните шпекулации и ги внесувам во текстот за да тој биде подолг и попровокативен за читање, а не може никој да ги демантира оти никој пак не знае кој наводно го кажал тоа што стои во текстот под „неофицијално“.

Во јавноста се шпекулира = помеѓу новинарите се шпекулира…

По кратка пауза со реклами, се враќаме на вестите = по куса пауза со вести, се враќаме на рекламите (copyrights Баждарџијата)

(to be continued…).

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

7 Comments Толковен речник на новинарски жаргонизми

  1. Darko Buldioski 22/01/2008 at 01:01

    А за експерт од Скопје (види претходен пост) што ќе биде = слушнав пред зграда еден збореше а сите комшии го слушаа

  2. Ивана 22/01/2008 at 16:30

    ahahah….секоја чест, добро толкување 🙂

  3. GoodBytes 22/01/2008 at 19:25

    Expert before cooperation!

  4. femgerila 22/01/2008 at 21:33

    еве од режијата ми кажуваат дека треба да завршиме со емисијата= не знам како да се одјавам, а морам.

  5. sead93 23/01/2008 at 00:13

    2 Ивана: tx, ќе има продолжение 🙂

    2 Darko, femgerila: го пробивте кодот 🙂 ајде дајте уште примери 🙂

  6. Баждарџија 23/01/2008 at 11:00

    Упатените – Кога новинарот во претходниот текст ги употребил експертите најмалку два пати.

    Добро упатените – кога новинарот има свое мислење за темата на која пишува па својот коментар го припишува на добро упатените со цел да остане објективен или неутрален.

Comments are closed.