Време ради, Велија се гради

Тажно е кога некој медиум ќе згасне, или ќе го снема (привремено?), макар тоа било и заради пари. Кога на читателите некој ќе им каже дека медиумот пропаднал заради пари, или конфликт околу парите, како на дете да му кажете дека не постои Дедо Мраз, едноставно ќе ја разбиете розевата илузија за идеалите кои ги велича новинарството (вистината, правдата, интересите на заедницата, читателот…), и ви останува суровиот факт дека парите често се, не само најважниот, туку и, единствениот двигател на медиумите 🙁

Приказната за престанок на печатењето на „Време“ ја проследив(ме) со слично чувство. Без човек премногу да навлегува во техникалиите на конфликтот, неколку работи се индикативни:

velija-murdoch.jpg

-Фактот дека медиумот кој цело Време бараше (и наоѓаше) афери, во својот скут да ти развивал солидна афера за македонски услови. Да не се плаќале давачки за вработените? А се демаскираат оние кои не плаќаат даноци и давачки? Зошто молчеле новинарите две години? (ова Чомски и Херман ќе го наречат прв филтер во оневозможување на слободниот печат и слободните медиуми).

Со договорите, онака крипто-капиталистички, да се врши притисок врз новинарите? И така за нашиов Rupert Murdock-wanna be, новинарот не е човек со кого треба да се договараш или преговараш, туку е некаков сив ентитет, на граница помеѓу човек и машина за профит?

-Да се третира медиум, дневен весник, како продукт од рангот на ЦМОК, МК-Кола и сличито, е сериозен пораз за новинарството и општествениот интегритет на медиумите. Инвестирањето во медиумот е долгорочен процес, градењето на доверба во медиумот уште подолгорочен, а оние кои ценат дека не е и не мора да биде така, ќе се соочат со овие медиумски закони и закономерности, порано или подоцна. Лансираше Латас една теорија во историското пердашење со Мирка Велиновска дека новинарството е само бизнис, (ако се продаваш добар си новинар и тоа е целата приказна, а што и како пишуваш не е битно), и изгледа дека неговиот идеолошки брат, а реален конкурент, во целост ја доразви и реализира токму таа псевдо-новинарска методика.

Колку и да сакаат ваквите господа да го сведат новинарот на шиткач на информации, а читателот на попален површен полуобразуван малограѓанин, останува ние останатите да им докажеме дека не е така. А светот, кај е отиде светот? Ако не потрчаме, сигурно нема да нé чека.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Време ради, Велија се гради

  1. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 05:55

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is magnificent, let alone the content!. Thanks For Your article about Време ради, Велија се гради | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.