Како реакција на претходните два поста (Толковен речник на новинарски жаргонизми и Паника!!! Паника!!! Дневник добиле SPAM) еден редовен читател на блогов реши да стаи коментар, ама испаднал малку подолг а и не можел да се одлучи на кој пост да го стави па се договоривме да го ставам како посебен пост. Значи официјално, првиот гостин блогер на комуникации.нет: Док
Гледам тема на дискусија е лозата Експерт (презимето кај женските членови не се менува бидејќи семејството Експерт го има зафатено помодарскиот синдром на исто презиме и кај двата сопружници како и кај женските деца) и нивната семејна лоза до 2. колено.
На лозата Експерт им е строго забрането да склучуваат бракови со членови на други семејства освен со блиските на нив династии Упатени, Доброупатени, Неименувани, Познавачи.., значи нешто слично како порано во кралските семејства низ Европа.
Па така со додавање на презимиња (што истотака е фенси), се појавуваат и нови семејства како Доброупатен-Експерт или Неименуван-Експерт.
Ако сеуште не ви текнува дека сте се сретнале со некој од лозата Експерт, еве ви неколкумина горди и истакнати претсавници:
Закон Експерт и сестра му Политика Експерт (немажена, Политика е курва и никој не ја сака), нивните први братучеди Интернет Неименуван-Експерт и Одличен Познавач…Листата е долга, а и немав намера генезата на семејната лоза Експерт да биде подолга од нивните изјави, но ете ги има насекаде околу нас, па ова е најкусо што можев.
Поздрав
Благодарност до Док.
Ludwig van Beethoven~ Music is a higher revelation than philosophy.