70 #ПрегледВоПеток

Го стартуваме овој #ПрегледВоПеток со одлична домашна вест!

Испазари и плати веднаш со скенирање на QR код

Откако соседна Србија најави дека ќе им овозможи на своите граѓани да плаќаат производи скенирајќи го QR кодот на пакувањето, Народна банка изјави дека може да се очекува и кај нас воведување на ваква технологија.

Воведување на нови услуги за е-плаќање, како оваа, го намалува количеството на готовина во оптек и го забрзува процесот на префрлање на парите на сметката на продавачот.

Сепак, ова е само најава и ветување, избори се ближат, мора да бидеме претпазливи колку ќе им поверуваме на ваквите најави.

Интервју со Sundar Pichai, CEO на Google и Alphabet

Sundar Pichai, 47-годишниот CEO на Google, исто така стана CEO и на мајката компанија, Alphabet. Larry Page и Sergey Brin, ко-основачите на Alphabet, на 3ти декември најавија дека ќе се повлечат од секојдневните работни обврски.

Fortune направија интервју со Pichai, првото долго интервју откако стана CEO на Alphabet, а новинарот Lahinsky го прашуваше за многу од работите кои може да се очекуваат од новинар во неговата позиција. Но одговорите на Pichai оддаваа многу малку информации.

До некаде, е разбирлив потегот на Pichai. Но новинарите имаат обврски во вистинско време да посочат кога некој избегнува да одговори нешто. Решението, како и секогаш, е во практикување на најстариот новинарски принцип: зборување со луѓе кои ги знаат работите што сакаш да ги дознаеш. А тоа започнува кога ќе се соочиш со фактот дека CEO не држи монопол кога станува збор за знаењето, а и да знае нешто корисно, најверојатно нема да го каже.

Зошто најдобрите девелопери ги ставаат потрошувачите први

Пред многу години како резултат на сè поголемата конкуренција од Apple и Google, Microsoft направија она што мислеа дека е ‘the next big thing’: Windows 8. И покрај сите новитети и напори овој производ да успее, луѓето си стоеа зад тоа дека оперативниот систем е непотребно збунувачки и тежок за користење. Се согласувам.

Windows 8 е класична студија на случај за бренд кој не размислува за потребите на своите потрошувачи. Инженерите беа уверени дека знаат што потрошувачите сакаат, па затоа многу малку луѓе надвор од инженерскиот тим на Windows биле вклучени во развојот.

Но ова не е несекојдневна приказна во светот на технологијата. Под притисокот постојано и брзо да се лансираат нови и иновативни производи, многу компании го практикуваат inside-out пристапот, каде идните производи ги прават инженери во вакуум.

Тука се поставува прашањето: како tech компаниите ги дефинираат нивниот бренд и нивната стратегија однадвор кон внатре? Harvard Business Review зборуваа за три фундаментални чекори кои лидерите треба да ги направат. Интересна статија која топло ти препорачуваме да ја прочиташ.

Потенцијални промени на .org доменот

Последниве два месеци доста прашина се дига околу потенцијалите промени на сопственоста на .org доменот. The Public Interest Registry, невладината организација што оперира со овој домен уште од 2003, во ноември најави дека приватна компанија под името Ethos Capital сака да ја купи за $1.135 милијарди.

Што би значело ова? Покрај иронијата приватна компанија да менаџира со систем дизајниран да им помага на невладини организации, не е баш јасно. Фирмава очигледно ќе сака да прави профит што во превод значи деќа ќе им ја отежни работата на организициите во одржување на нивните веб страни.

Исто така постои можноста Ethos да прави договори со корпорации што сакаат да затворат сајтови поради прекршување на авторски права. И секако, влади кои сакаат да ги цезурираат невладините организации што ја критикуваат нивната работа.

Што значи 5G за веб дизајнерите?

Последна вест овој преглед во петок е хајпот за 5G.

Влеговме во 2020 и сите почнаа да зборуваат за 5G, најновата генерација на мобилна мрежа. Но 5G нема да има влијание само на сурфање на мобилен. Промените во мобилната мрежа ќе имаат влијание и врз веб дизајнот.

Како веб дизајнер останува на тебе да воочиш како 5G ќе влијае врз начинот на кои корисниците пребаруваат на веб. Webdesigner Depot објавија супер статија со совети како да се подготвиш за петтата генерација на пребарување на мобилен.

Бонус линкови

Тука го завршуваме денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 😉

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.