Спремни за читање на “вториот” ПО РЕД #ПрегледВоПеток? (smiling excitedly)
Оваа недела се насобраа доста линкови, така што имаме од сè по нешто и за секого. Те чекаат многу новости, а на крајот од постов ти подготвивме и едно изненадување. 😉
- More transparent Facebook pages. Од вчера сите менаџери на пејџови би требало да можат да видат нов таб наречен “Page Quality”. Тука можеш да видиш дали пејџот што го менаџираш е во согласност со правилата на Фејсбук, а можеш да видиш и дали дел од содржината што ја објавуваш е означена како “False,” “Mixture” или “False Headline” од страна на корисниците. Дали ова ќе помогне во битката против злоупотреба на пејџови?
- Google’s Jigsaw vs. Election meddling. Ако учествуваш во политички избори во Европа, прво регистрирај се бесплатно за Jigsaw, технологијата за отстранување на злонамерна содржина на сајтови. Дизајнирана специјално за да ги заштити политичките кампањи од distributed denial-of-service (DDoS) напади, Jigsaw ја апсорбира “опасната” содржина која ја оставаат посетителите и им овозможува на сајтовите да функционираат непрекинато.
- Microsoft Edge built-in fake news detector. Отсега со Microsoft Edge апликацијата на Android и iOS која доаѓа со вградениот Newsguard можеш да сурфаш безбедно, односно без да налеташ на лажни вести. Моментално детекторот работи за сајтови во САД, а вклучени се и голем број светски сајтови. Иако Microsoft Edge не е популарен браузер, сепак се вклучи во борбата против лажните вести.
- The one and only, Original Tweeter. Твитер моментално тестира нова ознака (label) преку која лесно ќе дознаеме кој твитерџија прв започнал дискусија. Со оваа ознака, во теорија, ќе може полесно да се распознаваат лажните акаунти кои шират дезинформации, а корисниците нема да мора да го читаат секој карактер од корисничкото име за да познаат дали читаат оригинална содржина.
- Креативна агенција > Дигитална агенција. Што го одбележа дигиталниот маркетинг во Србија во 2018та и што може да се очекува во 2019та? Нашиот драг пријател Горан од Žiška ќе ви одговори на прашањето во интервју за MarketingMreza.
- Master Card ќе бара овластување за старт на наплата. За да се елиминира грешката која ја правиме со отпочнување на бесплатен пробен период за некој производ или услуга и после забораваме да го откажеме пред да ни се наплати, Master Card објави нова политика во која ќе им бара на компаниите твое овластување пред наплата на трошокот. Компанијата исто така ќе мора да ти приложи и месечни сметки со кои ќе ја покажува месечната цена.
- 10 Year Challenge: Website Edition. Десет години се долго време за интернетот. Да сумираме на кратко што ја одбележа 2009та: 90 трилиони испратени мејлови, 234 милиони сајтови, 1.73 билиони интернет корисници, 126 милиони блогови и 350 милиони Фејсбук корисници. А како прогресираше дизајнот на сајтовите од 2009та до сега? Се стави фокус на корисничкото искуство (UX), на структурата и изгледот на самиот сајт. Не е веќе сè натрупано на едно место!
- Прво прочитај на кратко. Ако се каниш да прочиташ некоја од најдобрите 101 бизнис книги и не знаеш која, прво прочитај си кратко резиме за секоја. Пакетот на You Exec содржи одлични наслови меѓу кои The Lean Startup (Eric Ries), Freakonomics (Steven D. Levitt), Blue Ocean Strategy (W. Chan Kim and Renée Mauborgne) и многу други.
И како за крај, одлични линкчиња за дизајн и креативност.

Се надевам дека верно остана до самиот крај со нас и дека позитивно те изненадивме. 😉 Ако имаш линк што сакаш да го споделиме во следниот #ПрегледВоПеток слободно пиши ни порака на Фејсбук.
До следен петок. (nervous smile)