Американците не сакаат да споделуваат што гледаат на ТВ на интернет

Дали гледате телевизија на интернет? Мислам на програма произведена за ТВ ама како канал на дистрибуција да користите Интернет. Знаете, тоа се оние сервиси (кои најмногу ги има во Америка) каде може сосем легално (со или бе претплата) да гледате најнови филмови, серии, шоу-а и сл.

Кај нас сервиси од типот на SideReel, Hulu, TheWB, Joost, Netflix и слични не се достапни (легално). Најблиску до нив е можеби новата интернет телевизија Македонија 24 или грдо конвертираните прилози од ТВ вестите на национаните и локалните ТВ станици. Зулу не го бројам затоа што таму програмата е само стрим во живо. Не сум голем љубител на ТВ (па ни на интернет ТВ, па затоа ако испуштам овде нешто или несоодветно сум подредил пиши во коментар).

Како и да е. Гледале ние или не, ТВ на интернет (а знам некои кои гледаат и NBA преку nba.com) едно интересно истражување се појави деновиве кое покажува значително различни резултати од досега спроведените. Истражувањето го спровеле SideReel на своите корисници, односно 1800 од нив. Околу 80% од нив изјавиле дека гледаат повеќе од 5 часа телевизија на интернет неделно.

Но само 25% од нив се изјасниле дека се заинтересирани да видат што нивните пријатели гледаат. Уште помалку (10%) се заинтересирани да го споделат она што го гледаат.

SideReel овиe резултати ги нарекуваат „неочекувани”. И тоа со легитимна причина затоа што како што известуваат eConsaltancy овој процент е за половина помал од минатата година. eConsaltancy вели дека ваков пад за една година може да значи само две работи: нешто не чини во методологијата на истражувањето кое го спровеле SideReel или гледачите (consumers) го губат интересот да гледаат телевизија додека се социјализираат.

Изворно податоците за истражувањето може да ги најдете во фино спакуван инфографик

Сепак, во својот осврт eConsaltancy се обидуваат да најдат и легитимни причини за овој пад. Еве што велат тие:

If we assume that the latter is true to some extent, it may have a lot to do with the user experience. As ReadWriteWeb has noted, hit U.S. television show Glee has seen built a unique engagement model that seems to be resonating with fans, particularly those on Twitter. In the face of SideReel’s survey, Glee’s success with social would seems to be an indication that television producers hoping to spark buzz on social communities like Twitter and Facebook are going to have to meet consumers half way by creating social experiences in their shows themselves.

In other words, social media television, like social media marketing, is not a passive undertaking. If you want results, you have to work hard to stand out.

Ова е ситуацијата во Америка. А како е кај нас? Од личното мое искуство гледам дека луѓето сакаат да дискутираат за теми кои одат во живо на ТВ (дебатни емисии, спорт и сл.) но тоа е сосем друга активност. Не е тоа активност која споделува: Јас сега гледам „Кога лисјата паѓаат”.

Дали ти би споделувал што гледаш на ТВ, без разлика дали е на интернет или не?

1 Comment Американците не сакаат да споделуваат што гледаат на ТВ на интернет

  1. Pingback: Tweets that mention Американците не сакаат да споделуваат што гледаат ТВ на интернет | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

Comments are closed.