Иако он-лајн информирањето за распоредот на програмите на локалните телевизии (т.е. оние со национални концесии) е со тренд на подобрување, ценам, како добронамерен тв-гледач, дека истото уште не е на задоволително ниво, имајќи го предвид и тоа дека веќе надминатиот телетекст во светски рамки, кај нас не ни виде светлина многу-многу (само А1, Сител и Канал 5 дистрибуираат телетекст информации). Иако мрчењето е најлесна и најнеблагодарна работа воедно, сепак да се укаже на големиот, преостанат, простор за подобрување кој локалните медиуми на овој план, е благородна работа.
Работите во реалноста стојат некако вака:
А1 ТВ програма (навременост ок, опис на содржини просечен, со можност за подобрување)
СИТЕЛ (навременост ок, содржини нула)
ТЕЛМА (навременост слаба, т.е. според сајтот испаѓа дека Телма нема никаква програма преку викенд, содржини нула)
МТВ (навременост ок, содржини нула)
КАНАЛ5 (навременост ок, содржини нула, башка програмата треба да ја побарате под „емисии“ и после таа ви скрола од страна и нема прегледност, без везе 🙁
А како тоа би требало да изгледа?
Па вака некако:
Cudos to Darko156 🙂
Не знам дали се работи за шега, но само кај црногорските телевизии пишува „NEMA PODATAKA“. Дали е тоа последица на поговорната мрзливост на црногорците останува да се види.
Препорака: ТВ програма 2.0
Епа ова е исто како на А1??
Да не претеруваме, сајтов се храни со податоци од сајтовите на соодветните телевизии, не би можеле ни да очекуваме да биде подобар 🙂 или побогат од секоја од нив поединечно.
Иако не сум тв фан, кога го најдов сајтов (и препратив на Сеад) во очи ми остана згодната опција Аларм која патем нуди некоја синхронизација со Google Calendar кој пак може да ви испрати потсетник на мобилен. Треба да го испитам ова.
2Развигор: Fala za preporakata 🙂
Испробав, функционира. Го синхронизирав календарот на ТВПрофил со календарот на гугл, и на гугл му реков да ми прати смс со потсетување.
Финкционира. толку. Ако на некого му треба, со задоволство ќе му помогнам, доколку воопшто треба, бидејќи не е тешко 🙂