Tagged

Оваа штафета уствари е мемо кое се шета по нетов веќе неколку месеци и се вика: 5 things that people don’t know about me. Мене ме тагдна 🙂 Арвена. Па еве да ја задоволам љубопитноста на јавноста.

1. слушав метал (не секаков) и сеуште слушам метал (најмногу) и тоа дум и оној од типот на AtTheGates и Opeth.
2. На промотивно возење на новата Opel Astra во Saint Tropez, пред некоја година, на еден паркинг без никакви сериозни последици удрив во една друга кола.

3. Како мал од дома до кај баба ми со точак стигав за 13-14 мин. Сега не можам да стигнам за толку време ни со кола

4. На матура партнерка ми беше најпосакуваната девојка во школо, ама не бев јас фраер, туку онака, само фино се наредија карите. И денес не сум фраер 😉

5. Мрзам вакви мемо ствари, и особено онакви мејлови кои треба да ги препраќам на “xy” луѓе.

Е сеа, најубавиот дел. Јас да закачам некого. Ама пошто нашава МБЗ е мала а кругов се врти веќе неколку дена, изборот ми се скрати. (ако повторам некој не сум крив 🙂

Жарко, Владо, Џоле, Мите и Томе

5 Comments Tagged

  1. Arwena 26/01/2007 at 13:05

    Абе супер забавно е. А што не ти текна да го тагднеш Сеад, а? 🙂

  2. Anonymous 27/01/2007 at 00:13

    забавно ама и опасно кои не разбираат 🙂

    имаше на кајгана пред некое време ова:
    http://kajgana.com/more.php?id=290&tema=17
    гооглајќи го најдов и линкот:
    http://www.nss.com.mk/press_release/press1.html / .pdf

    само не ми е јасно зашто на нивната страна нема никаков линк до ова!? ваљда они си знаат.

    Мацко

  3. darko156 27/01/2007 at 20:09

    Мацко, благодарам за поучната лекција, јас не ни знаев дека постои сервис со тоа име.

    Јас тој збор го употребив со друго значење, но сепак оваа информација која ја посочуваш е корисна

    😉

  4. Anonymous 28/01/2007 at 11:45

    Uf se spasiv, Darko fala sto ne me tagna 🙂

  5. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 06:11

    Wow, amazing blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is excellent, as well as the content!. Thanks For Your article about Tagged | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.