165 #ПрегледВоПеток – Instagram, Vatreni crypto, Ecommerce Awards, Lamborghini NFT, #YouTubeBlack Voices

Време е за нова тура линкови во #ПрегледВоПеток. Како за најдолгиот месец годинава, па и не е баш нешто забавен. Како и да е имаме што да ви споделиме …

Инстаграм со нови ремикси и подобар лајв

Ако некогаш сте сакале да гледате лајв видео на некој од инстаграмџиите и сте го пропуштиле, Инстаграм сега го подобрува тоа искуство. Секој инстаграмџија може да закачи беџ на својот профил и да ги извести своите следбеници кога планира лајв, а тие што сакаат д го гледаат може да се сабскрајбнат и да добијат нотификација кога лајвот ќе почнува. Така има многу мали шанси да пропуштите нешто што сакате да проследите.

Дополнително, ако ви беше интересно да правите ремикси на туѓи реелс, сега може да го правите тоа на секое објавено видео. Инстаграм ќе има уште позабавна содржна, но ми се чини дека ова оди во насока на одалечување од оригинални, уникатни фотографии и видеа. Како и да е, вече одамна многу е променето во начинот на користење на мрежата, па не ме изненадува и оваа насока во која Мета го носи Истаграм.

Крипто во светот на фудбалот

Хрватската фудбалска репрезантација си доби свој крипто токен и нормално дека ќе се вика ВАТРЕНИ. Со токенот им се нуди подобро корисничко искуство на навивачите на репрезентацијата, кое досега не го искусиле. Ако поседуваат „Ватрени“, навивачите ќе може да купат ексклузивни влезници, да гласаат за репрезентативниот дрес, да купат дресови кои нема да бидат во продажба, како и други ВИП искуства.

Ватрени токенот не е исто што и Bitcoin, Ethereum или Ripple. Тој нема да се „копа”, туку неговата намена е исклучиво за промоција и поттикнување лојалност во рамките на посебна апликација наменета за обожавателите.

„Ватрени“ не се единствените кои користат крипто-токен. Бројот на клубови кои веќе имаат или најавиле дека ќе ги користат овие токени не е мал: Париз Сен Жермен, Арсенал, Астон Вила, Манчестер Сити, Барселона, Интер Милан. Досега, над 350 милиони долари се потрошени на овие фудбалски токени. Уште една играчка за фудбалските зависници 🙂

E-commerce awards – Првите МК награди за е-трговија

На почетокот на месецов АЕТМ ги најави првите награди за македонските е-трговци, со кои сакаат да ги вреднуваат најдобрите во македонската е-трговија. Најдобрите е-трговци ќе се одбираат од страна на јавноста и од стручна жири комисија во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори.

Гласањето е веќе започнато, а мене ми е ептен ќејф да ве известам дека нашиот „Decal” е номиниран во 3 категории. Ако вас ви е ќејф да гласате за Decal, или си имате свои фаворити тоа може да го сторите на https://ecommerceawards.mk/glasaj/.

Lamborghini го објави својот прв NFT

Lamborghini објави дека ќе стави на аукција серија NFT што ги произведе во соработка со швајцарскиот уметник Fabian Oefner.

Секоја аукција за петте NFT ќе се одржи на nft.lamborghini.com и ќе трае 75 часа и 50 минути, „точно време кое му требаше на Аполо 11 да ја напушти Земјата и да влезе во орбитата на Месечината“, објави компанијата.

Првата NFT слика за Lamborghini

„NFT е прилично млада заедница ориентирана кон иновации“, изјави Стефан Винкелман, извршен директор на Lamborghini. „Тие имаат слични вредности и интереси на Lamborghini како компанија, па влегувањето во NFT светот беше логичен потег за нас“.

135 Јутубери влегоа во 2022 Black Voices Fund

Втора година по ред YouTube продолжува да го одржува Black Voices Fund и да ги поддржува јутуберите од оваа заедница како креатори на платформата, бидејќи смета дека тие одиграа важна улога во обликувањето на културата на YouTube. #YouTubeBlack Voices фондот им обезбедува едногодишна финансиска поддршка, која вклучува основно финансирање за нивните канали, развојни програми, работилници и можности за вмрежување. Освен за индивидуални креатори, фондот е искористен и за поддршка на поголеми продукции, како документарни серии и хуманитарни настани. YouTube месецов објави дека ќе престане да ги финансира повеќето оригинални програми,но сепак ќе продолжи да инвестира во програми во фондот Black Voices и YouTube Kids Fund.

Бонус линкови

На крај на овој #ПрегледВоПеток сакам да се пожалам дека Nastya e на 6то место на листата на најбогатите Јутубери на светот, а кај мене дома е борба да не постои на YouTube плејлистата.

Секој со своите маки.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.