Новинарите, традиционалните медиуми и се што се поврзува со нив, се многу честа мета на блогерите, и во МК и низ целиот свет.
Читајќи еден текст од Aidan White со наслов The Information society публикуван во 1998 година во зборникот Media and democracy на Советот на Европа наидов на еден интересен дел кој ме потсети на еден дел од пристапот кон развојот на информациското (не информатичко) општество (information society)
Within media the providers of information – journalists and audiovisual producers – face their own bumpy ride into new information age. Journalists are producers of much of the media product wich is at the centre of the information society. (…) Journalist themselfs – well-trained, aware of their ethical responsibilities, and confident in their forms of employment – will play a crucial role in the helping to develop new information sevices.
И тука се соочувам со размислувањето дали кај нас некој во рамките на градењето на информациско (не информатичко) општество ја позиционирал улогата на новинарите, или испланирал некако да ги вклучи, образова, поттикне за тие да помогнат во трансормацијата. Или едноставно треба да оставиме се да направат техничарите (информатичари, електро инжинери и сл). Обидот на НВО Интернет да ги образова новинарите беше ОК, но тој е далеку од доволен а и самите организатори го оценија како недоволно успешен.
Дали луѓето (стручњаците, експертите) кои се запознаени со структурата и начинот на функционирање на информациското (не информатичкото) општество треба да се организираат и да се потрудат да им ја објаснат функцијата на новинарите и произведувачите на содржина? И самите досега можевме да се увериме дека токму новинарите (секоја чест на исклучоци) се тие кои не можат да ја пратат ситуацијата, кои не можат да се адаптираат или да се конвергираат. Мислам дека е време да ги запрашаме дали воопшто сакаат да го сторат тоа? И доколку сакаат, да им помогнеме, затоа што само така ќе си помогнеме самите себеси т.е. ќе го развиваме инфомациското (не информатичкото) општество.
Со цел образување на новинарите за употреба на Интернет, Сорос пред многу години имаше неколку образовни семинари во Метропол во Охрид. Колку новинарите научија од тие семинари, не можам да кажам. Сепак, има една помала група новинари кои сосем успешно се наоѓаат со новите технологии и држат чекор.
Не се бара од новинарите (и било кои други не-компјутерски професии) некакво огромно знаење. Најчесто фирмата (медиумот) во кој работат треба да организира и воспостави информатички системи врз кои ќе се базира публикувањето на содржините (електронски или печатени) и да им даде солидна обука на вработените како да ги користат овие за нив секојдневни алатки.
Во рамки на еден медиум, информатичките чекори не се парават стихијно и од сите новинари, туку треба да има тим или менаџмент кој ќе идентификува јасна потреба за промена и ќе ги постави целите и метоите како да се стигне до нив (ќе направи проект).
Крајно време е да престанеме да решаваме проблеми стихијно и емотивно. Ова е една нишка од деловната култура која треба да се стекне кај нас (ја има, но не доволно за да претставува деловен „менталитет“ на однесување).
Кога зборувам за улогата на новинарите која ја имаат тие, не мисалм дека конкретно треба тие да научат технички што и како се прави, ниту пак сите дека треба да знаат, туку дека треба да бидат свесни за промената на системите. Кои се суштинските карактеристики на еден нов систем, кои се можностите на новите медиуми како треба да се пристапи и да се креира онлајн содржина. Тука мислам дека недостасува елементарно познавање.
Еве еден пример. Погледнете ги советите за редизајнирање на весниците од Steve Outing. Таму ќе видите дека онлан изданијата, за разлика од печатените, имаат неограничен простор за објавување на информации. А сепак многу малку ја користат оваа прилика, на пример да ја дополнат приказната со повеќе фотографии, со интегрално пренесени делови од некое интевју и сл.
Кај нас никој сеуште не користи ни 1/3 од онлајн можностите. Страната на А1 можеби е најнапредната во овој поглед но сепак и таа се сведува на copy/paste од дневните вести. Едноставно греота е да оди во ветер сработеното.
зашто новините не ги користат предностите на онлине новинарството.Економист кој има исклучителна веб страна и колку што знам три нивоа на пристап.Значи определени текстови не можете да ги добиете со определена претплата,било онлине само која е поекономична или со годишна претплата на печатеното издание добивате акцес до сите информации нели.Нашите новини од друга страна економската математика ја прават стрикно преку маркетингот,кон тиражот се ориентирани стрикно колку за докажување кој пред кого е и нормално за поголем маркетиншки профит.Нив им се помили телеком или друга фирма отколку јас и некој друг како читател.Знаете време на тв почна да ги рекламира рекламите во него,можеби економски оправдано али се дотогаш нема ни тоа што вели информатичко општество уупппссс се збунив информациско општество.