Отпишаните

Скептицизмот од претходниот пост, во врска со денот за заштита на личните податоци, за жал бргу се материјализираше преку ситуацијата со „о-без-податоч-ените“ кумановци кои протестираа денес. За сите нас ова секако е грубо потсетување до каде сме на овој план и колку сме далеку од европскиот узус. На овие наши сограѓани МВР толку добро им ги заштитиле податоците што ги избришале за да не може никој да ги злоупотреби 🙂

Жителите на кумановската населба Ајдучка чешма кои од povratakotpisanih.jpgјануари 2007 се избришани од компјутерската евиденција на СВР Куманово, денеска (28.01.2008) од 10 до 12 часот го блокираа патот Куманово-Свети Николе. Поради бришењето тие не можат да извадат лични документи ниту да пак да ги евидентираат новородените и починатите. „Петнаесет месеци не ни издаваат никакви документи, а началникот на СВР Куманово не знае зошто сме избришани од компјутерите на МВР“, Благо Додевски рече претседателот на месната заедница Ајдучка чешма (Makfax).

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.