119 #ПрегледВоПеток

Hey hey, прв пат пишувам #ПрегледВоПеток, се надевам нема да ми се лутите ако не ви се свиѓа 😀

Па, ова се новостите од овие 7 дена.

Заменето логото на Kока-Kола со охрабрувачки новогодишни резолуции

Кока-кола го замени своето лого со серија охрабрувачки резолуции кои ветуваат дека годината 2021 ќе биде подобра од 2020. Кампањата open to better (отвори кон подобро) е креирана од компанијата 72andSunny од Амстердам и е веќе достапна во Велика Британија.

“Ветувам дека ќе се смеам повеќе за тебе”,  “Во право си. Време е да одмарам повеќе” и “Не сум најдобар во делење комплименти, но ќе пробам”, се едни од пораките. Потрошувачите исто така може да си ги персонализираат своите лименки, на coca-cola’s open to better webpage или да си купат со некоја од пораките на познатите личности, како што е на Katy Perry  “Ветувам дека ќе медитирам.”

Изгледа Кока-кола оди на проверена варијанта… се сеќавате на персонализираните лименки со нашите имиња? Нема зошто да се соменваме дека нема да им донесе и ова успех, на крајот на краиштата, Кока-кола се.

Deеzer станува актуелен на нашиот пазар

Апликацијата Deezer од сега достапна и кај нас со промотивните понуди на А1.

Понудата е достапна за сите постпејд корисници. Во зависност од тарифниот модел, промоцијата за апликацијата е различна.

И нашиот #комкаст е достапен и на Deezer. Може да слушате тука – https://bit.ly/3qZZX87

Верификација на е-трговци

Веќе кога онлајн купувањето е секојдневие, а проблемите со „цена во инбокс” се почести, АЕТМ реши да воведе верификација на е-трговци со цел да ги доближи граѓаните до доверливите онлајн продавниците. Оваа верификација  им  дава гаранција на купувачите дека можат безбедно да купуваат од е-трговци кои ги исполнуваат креитериумите пропишани или предложени од страна на државата, банките, платеќните картички и секако АЕТМ

Беџот е визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници, која им помага на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој ги има имплементирано сите неопходни законски регулативи во работењето.

Беџот ќе биде поставен само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат за ваков беџ за верификација, а во исто време ги поминале соодветните проверки од АЕТМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

Топ 7 трендови кои социјалните медиуми треба да ги применат во 2021

Можеби светот застана, но социјалните медиуми работат со полна пареа. Во целата пандемија единствениот спас од досадата и бегање од реалноста се социјалните медиуми.

Во време кога сè се менува пребрзо, најважно е да сме во тек со сите трендови. 

Не грижете се, нашите пријатели од EmbedSocial, соствија супер реално листа со работи на кои треба да посветите внимание ако работите на социјалните медиуми. Анализирајте ги трендовите и планирајте ги своите следни потези паметно.

Бонус линкови

Marketoonist on Instagram

Толку од мене, претпоставувам ќе ми дозволат колегита пак да пишувам преглед за некоја недела..

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.