Како да креирате момент вреден за споделување?

Заглавени во дневната рутина и измислување на „топла вода” во објавите на Facebook изгледа често забораваме која е суштината на целата таа комуникација на социјалните медиуми. Еден од најважните моменти е секако раздвојување на овие два збора: социјални медиуми. Како што пред некое време велеше царот @garyvee, брендовите штом ќе видат збор медиум веднаш мислат дека треба да кажат нешто… да нападнат со информации кои нив им се важни.

Social… е основата, медиумите се само средство кое е менливо. Затоа ние на сајт си напишавме: companies that integrate social into their business are the long-term winners in their industries. Основата е еден бренд да научи да биде „social” односно да е подготвен да комуницира отворено за свое, но најважно од се, за доброто на свoите сегашни или идни корисници. Кога ќе се достигне тоа ниво, тогаш може да се размислува како може да се креира кампања, реклама, настан или некоја акција која ќе предизвика позитивна реакција од масата.

Моменти за споделување се всушност наменски креирана ситуација, текст, слика или друга содржина со цел да предизвика споделување од страна на оние кои гледаат, конзумираат или учествуваат во акцијата. Навидум звучи едноставно, и понекогаш е едноставно, но во позадина подразбира многу познавање на целната публика, и многу социологија.

Овие моменти веќе ги има често во кампањите на големите брендови, на ТВ и на милион други места. Едни од најнапредните во оваа приказна се секако американските ТВ продукции кои на време добро ја сфатија предноста на Твитер како втор екран и ги прекроија своите производи на начин на кој ќе го вклучат и вториот екран. Во еден свој пост Brian Solis вака го опиша ова:

The goal for content producers and advertisers is to create content that positions and strengthens the TV as the first screen and introduce “Tweetable moments” to spark engagement. Those that learn how to better introduce Tweetable moment drive outcomes and as Twitter found, drives increases in brand recall scores.

Значи, нема баш правила што треба точно да направите за да креирате ваков момент, но може да ги повториме оние кои важат и за ред други работи:

  1. Запознајте си ја публиката, и тоа добро. Разберете на што реагираат, што им е нив актуелно во моментот, колку се технолошки писмени и коку време се подготвени да одвојат за да споделат некој момент.
  2. Не заборавајте на контекстот во кој ќе треба да се случи посакуваната акција. Дали луѓето се во кола, пред ТВ, на концерт, на конференција? Каде сакате да ја споделат содржината? Секоја различна околност си носи влијание кое мора да го земете предвид кога планирате акција која сакате да биде споделена на интернет.
  3. Преиспитајте се што е тоа што го добива корисникот. Која е додадената вредност? Дали му исполнувате некоја желба, му решавате некој проблем или едноставно го забавувате? Оставете го вашиот бренд на страна… прво мора да се осигурате дека потребата на корисниците е задоволена, потоа се друго.

Еве и неколку примери за илустрација:

Сподели CocaCola со… – веројатно глобално најпрепознатливата акција од овој тип. Прилично позната механика, сме ја виделе повеќе пати.. но егзекуција на истата на глобално ниво бара малку повеќе планирање и пристап по принципот one size fits all. Одлично помина во МК и во регионов. А како што гледам уште е актуелна на други пазари. Иако малку се закашлаа во Русија.

ramstor-coca-cola

Old Spice Internetvention – во моментов една од најактуелните кампањи на нет. Old Spice повторно успева да даде материјал кој корисниците сакаат да го користат за да ги прелажат своите блиски, а во позадина секако рекламна порака со брилијантен текст во кој има многу неочекувани моменти што самите по себе те тераат да споделиш.

oldspice

ДиемГП #ТвитерАјвар – малку постар пример, но локално уште актуелен. Механиката беше изведена на твитап, одлично реагираа луѓето и беа предизвикани одличен број на споделувања дури и едно видео креирано веќе следниот ден.

ajvar-diem

 Секој пазар си има свои препознатливи кампањи со момент на споделување кои се паметат и вреди да се споменат. Примерите не се малку, но само неколку од нив навистина вредат и ја исполниле целта за која првично биле креирани.

Кога ќе се спомене кампања вредна за споделување, која предизвикала навистина „shareable moment”  која е првата која ти паѓа на ум? Имаме ли уште позитивни примери на нашиов пазар кои треба да претставуваат инспирација за креирање на идните кампањи? Сподели ако вреди да се споменат.

Овој текст е дел од акцијата на Coca-Cola System – Bloggers Network

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Како да креирате момент вреден за споделување?

  1. Pingback: Bloggers Network Како да креирате момент вреден за споделување? - Bloggers Network

Comments are closed.