Информирање на 100 метри со пречки

Локално гледано кои се најбрзите медиуми во однос на пласирањето информации?

Порано важеше дека телевизиите и радиото секако се најбрзите медиуми на кои можете да најдете тазе информации, или да следите некој настан кој е во тек. Ситуацијата сега е прилично изменета. Подемот на он-лајн можностите го смени ова во прилично радикална смисла. Па така ако барате информации каде да најдете најтазе информации (а не сте претплатени на МИА)?

Во последниве неколку недели за жал имаше неколку можности (Бродец, трагично урнатиот воен хеликоптер) каде ова можеше да се тестира и да се види кој каде стои во однос на бризната на информирање (прашањето за квалитетот и содржајноста е сосема друга тема). Според ова неодамнешно искуство, и за сега, вака некако стојат работите:

Агенции: МИА и Макфакс најбргу лиферуваат информации, но претплатничкиот модел на МИА ги става вон конкуренција. Информациите кај нив за џабе може да ги следите само на нивниот тикер. Макфакс релативно бргу пласира информации достапни на нивниот сајт, но недостатокот е обемот, па по некоја сопствена селекција тие следат одредени настани бргу, некои не ги следат воопшто, а други само ги апсолвираат по одредено време, веројатно се работи за објективни ограничувања (луѓе, логистика, средства).

Телевизии: Во однос на ТВ програмата, редовни термини за вести се следниве: први по бризна и бројност се МТВ- 07, 10, 13, 16:55, 19:30 и 22:55, потем А1-16:30, 19:00 и 23:00 (плус утринските репризи од претходнито ден во 07, 08 и 09 часот), Канал 5 – 17:00, 19:00 и 23:00, Сител 16:00, 18:00, 21:00 и 00:00 (плус утринскио брифинг од последниот ден 08, 09ч), Телма – 15:30, 18:30 и 21:40ч. Секогаш останува просторот за вонредни вести и информирање преку текстуални пораки на екранот додека оди редовната програма. Телетекстот на А1 е најбрз, без конкуренција, која е прилично и слаба за вакви информации. Во однос на онлајн информирањето, најбргу 121.jpgинформации лиферуваат А1, со забелешка дека за одредени настани каде не ги ангажираат своите новинари, информациите се пренесени од Макфакс, па се преклопуваат. По скорешниве онлајн искуства втори се МТВ1, додека Канал 5 покажуваат подобрување, но се уште далеку од А1. И двете телевизии имаат RSS сервиси. Другите телевизии не се вредни за спомнување на темава.

Весници: Настрана од колпортерската трка за која немам информации, најбрзи се „Утрински“ чиви информации на РСС може често да ги најдете и попладнето (за печатеното издание за утрешниот ден), „Вечер“ кои онлајн изданието го пуштаат некаде околу полноќ, па следат „Дневник“ кои наутро (по 8) го пуштаат онлајн изданието, и на крај „Вест“ (12:00) и „Време“ кои варираат па не можам да ги категоризирам.

Веб сајтови: Мене лично ми се најорганизирани „Netpress“, а потем следат една група на воодначени сајтови кои селективно пласираат информации (Секојден, Идивиди, Оннет, и слично).

Macedonia Search e згоден прегледен генератор на вести од повеќе медиуми:

Кумулативно, на купче, на ѓутуре, мојата лична топ-листа (а прашањето е секако отворено за дебата и промени) на најбрзи локални медиуми се:

1. Макфакс

2.А1/Нетпрес

3. МТВ1

4. Утрински

5. ….

11 Comments Информирање на 100 метри со пречки

  1. Darko Buldioski 29/01/2008 at 13:27

    Нетпрес нема rss, отпаѓа, од старт 🙂

  2. sead93 29/01/2008 at 13:40

    :)))) fakat, nemaat…belkim ke se podobrat, drugioto im e v'red.

  3. sead93 29/01/2008 at 13:43

    Zaboraiv na Alsat (http://alsat-m.com/mk/index.php), sekako vredniz a spomnuvanje) brz dvojazicen servis na evsti, i sajtot e prilicno okej.

  4. sead93 29/01/2008 at 16:49

    2Глиша, :-))))))) одлично, фала.

  5. dok 30/01/2008 at 12:11

    Па во ред е, има шареноликост 🙂

  6. Стеван 31/01/2008 at 14:47

    Ахх, нешто сте згрешиле со МТВ, го отворив сега сајтот (31.01.2008 12:40) и првите три вести се од 29.12!

  7. Стеван 31/01/2008 at 15:01

    Грешка, 29.01 :), ама пак се работи за два дена!

  8. sead93 31/01/2008 at 16:03

    Забелешката за МТВ е на место 🙂 Не знам што им стана, беа многу поажурни, дури и редакциите на немнозинските заедници. Постојат две можности, или решиле да ми ја саботираат „топ-листата“ или пак, пак нема плати и хонорари за вработените 🙂

  9. Lado 01/02/2008 at 21:01

    makfucks se najbrzi spored tebe i veruvam deka e taka, no toa e za mene samo ushte eden dokaz deka brzinata nosi nekvalitet. lichen primer, imashe ceremonija na predavanje na doniranata oprema za zdravstvoto do makedonija koe se odrza vo tojota salonot vo skopje, bidejki donacijata vklucuvase i ambulantni vozila od taa marka i tamu bea site na kupche. drugata medicinska oprema, kako rendgen, eho, bla, bla bea veke instalirani po zdravstvenite domovi. nejse, se odrza taa ceremonija, ministerot za zdravstvo prezentirase sto i kade e se donirano i se zablagodari, a makfuck prenese photo news deka tojota donirala ambulantni vozila na makedonskoto zdravstvo. tojota donirala? wtf?

  10. sead93 01/02/2008 at 22:01

    Lado, se soglasuvam, zatoa i staviv eden komentar vo zagrada vo smisla na ograduvanje od principot kvalitet, no po se izgleda treba da se spomene i tocnost, oti ova so toyota e tezok lapsus.

Comments are closed.