21 #ПрегледВоПеток

Еј, стави го на разглас, да чујат сите!
вади виртуелен мегафон
ПЕТООООК! ПРЕГЛЕД ВО ПЕТООООК!

Идеме јако и оваа недела со линкови на кои заглавивме изминативе 7 дена. За денес најдовме златна средина и во содржина и во должина на содржината. Одиме како што е редот.

  1. Integrated social messaging. Марки Марк планира интеграција на чет сервисите на WhatsApp, Instagram и Facebook. Апликациите ќе продолжат да си работат засебно, но нивната техничка инфраструктура ќе биде унифицирана. Овој потег ќе се реализира до крајот на годинава или најрано 2020та и ќе го редифинира начинот на кој билиони корисници се поврзуваат со други корисници. Facebook изјави дека го сака само најдоброто за своите корисници – брзо, едноставно, веродостојно и приватно допишување. Ова ќе отвори доста нови можности за унифицирање на ботови и сл. Ќе видиме како ќе се развие.
  2. Advertising is in crisis. Зборуваме за комплексна област каде што ефикасноста и ефективноста се во слаба корелација. Маркетингот и рекламирањето се во криза, но не затоа што не функционираат туку затоа што се идеолошки антипатични во повисоките ешалони на бизнисот. Компаниите не го гледаат маркетингот како извор на додадена вредност туку како трошок кој треба да се минимизира. Rory Sutherlend вели дека овој проблем ќе се реши само ако се вратиме на почетокот: во чудната бизнис култура каде луѓето преферираат да грешат ефикасно отколку да направат нешто како што треба, макар и да е “несмасно” направено.
  3. Crazy smartphone designs. Не знам дали сте приметиле ама дизајнот на смартфоните во последната декада скоро и да нема измени. Да, телефоните стануваат се поголеми и потенки, но ја задржаа истата правоаголна форма што Steve Jobs ја популаризираше пред повеќе од 10 години. Иднината вели дека ќе видиме телефони без копчиња и портови, телефони со екран и на задниот дел, телефони што ќе се превиткуваат, и многу други. Смартфоните служат како платформа за иновација во дизајнот и експериментирање, а до каде ќе оди сето тоа останува да видиме.
  4. Zara’s new logo. Контроверзниот редизајн на логото на Zara ни го фати окото на сите нас, особено на твитерџиите. Како и претходното лого, ова ги содржи четирите букви, но не и растојанието помеѓу истите. Толку многу е сè збиено што изгледа како буквите да пробуваат да се ослободат едни од други. Новиот фонт вклучува и заоблување на буквите “Z” и “R” што само го прави уште толку конфузно. Но и покрај Твитер дискусиите, логото на Zara освои публицитет, било позитивен било негативен.
  5. The Burger King Troll. McDonald’s неодамна го изгуби трејдмаркот на “Big Mac” во ЕУ, а Burger King веднаш презеде мерки. Се прашувате што направија? Па го сменија менито во “The Not Big Macs” и иронично си поигра со препознатливиот “Big Mac”. Видоа можност, ја искористија, истролаа, и тоа не им е прв пат!

Бонус линкчиња:

Од денес решивме да вклучиме по еден од стриповите на marketoonist на крајот од секој преглед. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот #ПрегледВоПеток слободно пиши ни порака на Фејсбук.

До следен петок. (not so nervous smile)

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.