Буч и Бил

Дел од колумната на Филип Ристески објавена во денешниот број на Дневен е-Еснаф под наслов:

Начекани-изненадени премиерот и “неговите” министри

(да се разбереме не заземам никаков став, интегрално го пренесувам последниот дел од оваа колумна бидејќи “брилијантното” решение на Авизо МЦ не овозможува ниту еден друг по примамлив начин на употреба на нивната содржина)


И послендото, исто така од Лисабон, овојпат “обратното”: изненадувањето што Бучковски му го приредил на големиоит Бил Гејтс. Алал да му е: го оставил “првиот бизнисмен на светот” со отворена уста!

Имено, вчера (“види информација во денешниов број) Бил Гејтс “го примил” Бучковски (и придружбата) на разговор “во посебна сала”, за да поразговараат за “општата економска состојба во регионот”, посебно за ситуацијата во Македонија. Се разбира, веста ќе беше сосема поинаква ако од разговорот се “изродеше” нешто конкретно, на пример “некое погонче” на “Мајкрософт”, а не само дека “резултатите од стратешкото партнерство со “Мајкрософт” се извонредно позитивни”. Меѓутоа, “ексклузивноста” е во тоа што, како што информираме, Бил Гејтс бил “позитивно зачуден од фактот дека Македонија е прва земја во регионот целосно покриена со безжичен Интернет”. Знаете зошто? Затоа што знае оти тоа воопшто не придонесува за зголемување на бројот на Интернет-корисници. Проблемот е во неподносливо високата цена (монопол), а и со квалитетот не е баш на “некое” ниво. Сигурни сме, токму затоа Гејтс бил “зачуден” (а “позитивно” само одглумел). Затоа што е неверојатно тој (еден таков!) да не е детално информиран за состојбата со Интернетот во Македонија воопшто, а особено за мизерната бројка на вклучени односно корисници на “глобалната мрежа”.

Колку што можете да забележите од вестите и информациите за средбата (и во нашиов весник), Бучковски воопшто не спомнал нешто што мошне помпезно беше најавувано (со посебна промоција) од еден од неговата “придружба” во Лисабон-Јани Макрадули. Имено, Г-дин Макрадули е претседател на владината Комисија за ИТ кој е “директно одговорен” за реализација на развојната стратегија на информатичкото општество -“е-Македонија”. Од тој проект (објавен во посебна книга, па со фази, рокови на реализација, па “ти реков-ми рече”) нема “ниту трага ниту глас”! . Оценката на Бил Гејтс дека “Македонија е одличен пример за мала држава со применливи функционални ИТ решенија” е само куртоазна оти сигурно знае (таман работа да не знае) дека само поразителни околу 4% (некои наведуваат “пооптимистички” 6%) од населението се вклучени во Интернет мрежата.

Која е разликата помеѓу лажењето и самозалажувањето?

Извор: Дневен е-Еснаф
______________________________________________
Дополнување: Во меѓувреме страната на Авизо профункционира и целата може да се најде на следниов линк: Начекани-изненадени премиерот и “неговите” министри

1 Comment Буч и Бил

  1. Baju Bayi 21/11/2012 at 06:08

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your website is wonderful, as well as the content!. Thanks For Your article about Буч и Бил | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.