Без пардон, a и без усул

Ја гледав „премиерно“, а потем и репризно емисијата „Без пардон“ на МТВ1 (ма ич не ставам ни линкови). Фини гости, фини теми, убаини, ш’о да кажеш. Што паметен и бистар народ се збрал, бравос за новинарката, која ја почитувам, btw. Покрај низа теми од широкиот и интересен спектар од сферата на медиумите се спомнаа блоговите.

Ме чуди како нема никаква реакција, или барем јас не знам за неа, ако има нешто благодарам за каква било информација на темава. Она што се рече за блоговите за мене беше, и благо и слатко кажано, „тропање глупости“ (грандиозен еуфемизам во наводнициве). Роберто си Беличанец, кој знае симплицистички да тропа поприлично без многу пардонирање гебелсовски кажа „70-80% од блоговите се ѓубре, од кое пола се расистичко ѓубре“. Него и ќе го премолченв, но потоа се надоврза и Сашо Орданоски (екс-Форум, карентли Транспарентност Македонија), прафразисам, „(се согласувам со) она што го кажа Роберто, новинарството (сепак) е занает“. Како никој не се побунтува, остана како неофицијален заклучок и став искажан на јавниот сервис во поглед на блогерството „Блоговите се ѓубре!“. Па за овакви ли претплата?

Можеби и игнорирањето на овие докажани а игнорантни господа сепак е најдоброто решение, луѓе кои од дрвјата не ја гледаат шумата веројатно не ни завреднуваат дебата на тема која очигледно не ја разбираат. А вековно испробаниот рецепт на малограѓанската псевдо-логика, е „она што не го разбираш, плукај го“. Нека живеат и живуркаат во својот новинарски свет, а ја ќе си спомнам во стил, кога некој за 100 години можеби ќе прочита (ако не не замава планетата која ни се приближува во 2012 🙂 за која Миленко зборуваше петок вечер) 10 поста и 10 новинарски статии од што повеќе ќе дознае како сме живееле сега и овде?

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

43 Comments Без пардон, a и без усул

  1. Волан 02/02/2008 at 14:47

    ако може некој линк од емисијата – тонски запис можеби … да ги чујам мудраците и МК сончогледи …

  2. sead93 02/02/2008 at 16:31

    Волан, ќе побарам некој линк секако.

  3. Darko Buldioski 02/02/2008 at 20:51

    Дискутирав во неколку наврати за емисија со некои пријатели минатава недела, и баш со акцент за блоговите, ама некако не собрав мотивација да пљукам и јас на тетама. Едноставно нели, не заслужува.

    Само сакав да бидам таму. Да ја разбијам стереотипната практика на банализирање, генерализирање и однесување кон некоја тема од позиција на семоќен авторитет.

    Толку.

  4. sead93 02/02/2008 at 22:15

    Дарко, мислам дека тоа е суштината на работава, самоназначени ѓоа-семоќни авторитети кои мислат дека и во овој децентрализиран свет ништо не се сменило.

  5. Стеван 03/02/2008 at 00:31

    Луѓето во дебатна емисија кажале што мислат за одредено прашање. Кажаното може да биде точно или неточно, тоа во моментов не знаеме.

    И толку.

    Ако мислите дека згрешиле, напишете што мислите вие по тоа прашање.

    Меѓутоа ова што сега вие го правите е напад врз некој човек само затоа што јавно кажал што мисли.

  6. sead93 03/02/2008 at 08:35

    Stevan, mislam deka e obratno, napadot e od drugata strana, a nie samo davame mislenje.

  7. Anonymous 06/02/2008 at 15:31

    70-80 % од Блоговите СЕ ѓубре. 50 % од Блоговите СЕ расистичко ѓубре.

    На блоговите 90 % од коментарите СЕ непотпишани. Што покажува дека ако на прачовек му дадеш компјутер тој НЕМА да стане дигитален граѓанин. Тој ќе остане прачовек со компјутер. И може цела македонска блогосфера да вреска дека тоа не е така. Овие факти не можат да се изменат.

    Децентрализацијата на комуникациите нужно доведува до шум. И тој шум е 70-80 % присутен на македонската блогосфера. И тоа е нормално. Не ми е јасно зошто толку се возбудувате.

    Она што е битно во таа емисија, а истото јас го кажав е дека и класичното новинарство во светски размери умре оној ден кога репортерите од најголемите светски медиуми го прифатија концептот на т.н.р. „Вметнато новинарство“, односно кога прифатија, заради подобри снимки да влезат во оклопните возила на Американската армија во Ирак.

    Традиционалните медиуми ги тресе криза на кредибилитет, потполно се избушени од односите на капиталот и моќта. Во Македонија тој проблем е уште поголем. Но, назад на темава. Дали блоговите се здрава алтернатива… Мое мислење е дека не се… И ова може повторно да си го подведете под „тропање на глупости“, но тоа повторно нема да ги промени фактите. Блоговите, со чест на исклучоците, се места каде што МИСЛЕЊАТА и КОМЕНТАРИТЕ на мислењета се основната форма преку која се пласираат содржини. Се разбира дека се додаваат и аудиовизуелни содржини креирани од корисниците но тоа во суштина не ја менува многу работата… Клучната функција на медиумиот… информирањето блоговите не успеваат да ја исполнат. Од тој аспект ние во македонија не можеме да зборуваме за т.н.р. демократизирано или веќе ако сакате така да го нарекувате децентрализирано новинарство. Дури и во светски размери таквите појави на блогосферата се ретки. Во таа смисла, алтернативата на традиционалните медиуми на мрежата се порталите, но и веб сајтовите на традиционалните медиумски конгломерати кои се приспособуваат на технологијата.

    Ако добро ме слушавте, пред да го напишете кометарот ќе чуевте дека реков: “ Новинарството во Македонија денес е можно само како субверзија… не сум сигурен дека блоговите тоа го овозможуваат затоа што 70-80% од нив се ѓубре, а околу 50 % од нив се расистичко ѓубре“.

    Очигледно дека стариот намќор Хераклит бил во право кога рекол дека: „очите и ушите им се лоши сведоци на оние кои што имаат варварски уши“.

    Значи ајде да ја дообјаснам изјавата затоа што сметам дека секој комуникациски канал е битен и дека заслужува внимание, а очигледно блогерската заедница има проблем со оваа изјава“.

    Новинарството во Македонија страда од недостиг на професионализам кој што е директно поврзан со односите на моќ во општеството. Од тука произлегува дека професионалното обавување на таа професија (со почитување на стандардите што се мачно изградувани од појавата на првиот весник до денес) во Македонија, во традиционалните медиуми, во овој момент не е можно или е можно само на маргините како субверзија на главниот тек. И потоа додадов дека не сум сигурен оти блоговите се медиумиот низ кој што тоа може да се оствари. Поентата е дека шумот е преголем.

    Не велам во ниту еден момент дека нема квалитетни блогови… Само велам дека тоа се комуиникациски канали кои не се медиуми, ниту тоа можат да станат. Некои од нив со тек на време и со посветеноста на авторите можеби ќе еволуираат во такво нешто. Јас лично имам едно 5-6 фаворити во Македонската блогосфера, но во моментов тоа не е така. И затоа пред да се почуствувате нападнати, пред да почнете со големи наративи од типот на “децентрализација на светот“ (а ова е тема за посебна дискусија, зашто ако е толку децентрализирана работата зошто ОН.НЕТ има поставено медиа концентратор како главна појдовна точка кон огромен дел од македонската блогосфера и што е тука деконцентрирано… пристапот ли…) погледнете во себе. Самите се нарекувате блогерска заедница.

    Тоа зборува за две работи: 1. Дека нема публика во класична смисла туку дека функционирате како полузатворен свет. 2. Она што го произведувате е на ниво на меѓусебен муабет за одредени прашања… што пак по дефиниција е интерперсонална комуникација… т.е. немедиумска комуникација.

    Она што најмногу ме загрижува е табиетот да не се потпишувате со вистинското име и презиме туку со никови…

    Се срамите ли од своите мислења… Се плашите ли од тоа што го мислите да не се поврзе со конкретна личност… Толку ли се чувствувате слаби и немоќни во сопствената кожа… На крајот ни тоа не ме интерсира бидејќи тоа покажува незрелост за човечка комуникација за која што пред воопшто да започне комуникаторот треба да се легитимира.

    Од искуство во традиционалните медиуми знам дека најголемите гнасотии се направени со непотпишани текстови, а псевдонимите речиси секогаш биле употребувани само од кукавички побуди… тогаш кога авторот не бил подготвен да се соочи со последиците од својот текст.

    И на крајот, рефлексот да се браните кога никој не ве напаѓа, потребата да се видите сите во тие 70-80% што не чинат толку слатко ја открива вашата несигурност во она што го правите. И јас сакам да видам децентрализиран свет… но ако цената за таквиот свет е кукавичлукот тогаш засегош ќе останам од другата страна.

  8. Anonymous 06/02/2008 at 15:37

    За Дарко Булдиоски и за сите други кои сакаат да разбиваат стереотипи.

    Ајде бујрум на дијалог лице во лице.

    Јас ќе го организирам во клуб на новинари.

    Помогнете да ги поканам битните блогери.

    Кажете кога сакате…

    Еве и телефон од работа па јавете се ќе се договриме 02-3136-340

    Поздрав

  9. sead93 06/02/2008 at 16:14

    Благодарност до г-нот Беличанец кој се придружи на оваа наша дискусија. Поканата за дијалог секако ќе биде прифатена. Што се однесува до некои од тезите, ако анонимноста е претпоставен клуч за неквалитет тогаш овој блог тоа секако не е, затоа што секој може со еден едноставен клик да ги види авторите (http://komunikacii.net/?page_id=444). Така е и за повеќето блогови, кои барем јас ги посетувам. За останатото in vivo. Поздрав.

  10. Darko Buldioski 06/02/2008 at 16:15

    Фала за коментарот Роберто. Дијалог, секако прифаќаме, и за тоа во најскоро време ќе договориме нешто.

    За коментарот твој. Во најголема мера се согласувам, јас лично со тоа што го пишуваш. Точно блоговите нема да бидат замена, не се замена. Блоговите во некои општества си го најдоа свoето место. Порано или подоцна ќе си го најдат и кај нас.

    Она што мене лично ми сметаше е негативниот пристап кон нив, локално, бидејќи истите тие бројки кои ги спомнуваш за Македонија, (не ги оспорувам) важат за секаде низ светот, ама тоа не ги спречи блоговите таму да станат тоа што се. Уште во 2003 светот свати дека постои т.н. Blogging Iceberg кој го турка развојот на блогосферата, и тоа е така.

    Ветојатно го знаеш и правилото за тоа колкав дел од публиката, колкав дел од содржините создава. Македонија, сакала или не, не може да се разликува.

    Разликата е дали вниманието ќе се сврти кон добрата страна и ќе се развива таа, или ќе се одбере, условно речено, полесниот пат па ќе се напаѓа исто како што направивме ние со овој пост.

  11. jana nikuljska 07/02/2008 at 11:22

    Би сакала на сите да ви заблагодарам на коментарите од причина што сметам дека токму дискусиите од овој тип каде преовладуваат ставови кои се поткрепени со разработена размисла недостигаат во нашата медиумска сфера. Со задоволство би присуствувала на една f2f дискусија токму за сите прашања кои се допрени во вашите коментари. Предлагам да го сториме тоа додека сеуште е жива и "жешка" дискусијата. Клубот на новинари е одлична идеја! И доколку не пречи да прескокнеме некои од "ударните" дневници на нашите ТВ куќи / предлагам тоа да го сториме во некој од наредните денови во попладневните часови, некаде околу 18 часот.

  12. Anonymous 07/02/2008 at 13:40

    Во принцип се согласувам дека треба тоа да го направиме брзо.

    Клубот на новинари е една можна локација, но за таму ке треба да се одделат средства-не се големи и може јас да ги покријам.

    Втора можна локација е НВО инфоцентар и таму просторот е бесплатен.

    Поздрав.

  13. Anonymous 08/02/2008 at 04:46

    За да не узурпирам простор тука, го дадов моето мислење кај мене во пост

  14. femgerila 08/02/2008 at 05:21

    ма има нешто точно во коментаров на беличанец туку глупаво е така лаички да се генераизира оти секој блог не претендира да биде пандан на дневниот мак. печат. Сирот тој блогер кој поставил пред себе толку „висока“ цел 🙂

    Пред не многу време беше целата гужва околу абортусот и плакатите низ Скопје. ниеден медиум освен мојот блог и блогот кој си го отвоија кампањерите не ја изведе таа работа на виделина. Дури после еден месец почнаа да ме жилават новинари за едикакви информации и интервјуа. Копаа реченици од нашите преписки и склепаа текстови бедни и оскудни нормално оти немаат ниту доблест да исчитаат се`.

    Околу никнејмовите и наводниот кукавичлук е веќе премногу смотано да се прави муабет. Цела конференција еднаш држев за заводливоста на играта со идентитетите, виртуелната егзистенција, можноста за анонимност, трагите оставени на ајпи адресите, етикетите како пол, род, класа, раса, возраст и слично трасирани некаде помеѓу јузернејмовите и темплејтите…абе што книги се изнапишаа на таа тема, а ете беличанец тоа така луцидно и во стилот на новинарскте шармери ко свитка во пакетче- кукавичлук. грозно.

  15. Археоблог 08/02/2008 at 12:28

    Блогот е коректор на сите аномалии во едно општество. Ниту е медиум за информација како што се тоа весниците, ниту настојува во тоа да се престори оти ќе загуби од основниот шарм. А тоа е дека – ,,Блогот треба да биде гласот на народот", а не на неколку поединци по весниците и Тв медиумите кои ги пласираат информациите во јавноста. Затоа и го почитувам правото на блогерот да излезе со ник или со вистинско име, што е помалку важно во споредба со значењето на неговото мислење за одредена тема или ситуација. Блоговите се моќен медиум каде освен поединечното имате и колективно мислење, што никогаш нема да се случи со мејнстрим медиумите

    Нема многу да должам со коментаров, но би сакала да се случи една таква јавна дебата, зошто мислам дека во моментов навистина има потреба од такво нешто. Очигледно е дека не е направена разликата помеѓу блогот како персонална страница и медиумите кои треба да пренесуваат неселектирани, и пред се коректни информации.

    И господине Беличанец, во ситуација во која моментално се наоѓа македонското новинарство, најголемата увреда која може да му се каже на еден блогер, е дека е новинар.

    Археолошки дневник vol.1

    Археолошки дневник vol.2

  16. Глиша 08/02/2008 at 12:46

    > Поентата е дека шумот е преголем.

    Сосема се согласувам! Ех кога би имало некој начин да се игнорира шумот и да се филтрираат тие 80% од содржините на блоговите што се ѓубре и да испливуваат само најдобрите статии?

    Еј па да има – Кајмакот. 🙂

    http://kajmakot.softver.org.mk/

    Кајмакот не е првенствено наменет за блогови, но кога 90% од .мк содржините на интернет се блогови – тоа му е судбина.

  17. Anonymous 08/02/2008 at 13:17

    Имаше времиња кога новинарските и медиумските процеси беа на посебен начин контролирани и надгледувани. Имаше диригирана хоризонтална но и вертикална информациона пропустливост. Сега кога идеологијата се трансформира во множество на идеологии што се случи?

    Неизбежно е големите електронски и печатени медиуми да имаат политика на претставување, а професионалниот поглед да е тешко забележлив.

    Дури и професионални литератори, писатели, културни дејци кога ќе се најдат во миљето на големите медиуми, неретко се губат и подчинуваат на општата политика на изданието.

    Ако сакаме да ја скицираме целата работа грубо и на хартија ќе се добие следново. Од една страна се медиумите, кој доста превртено ги преставуваат, толкувањата и случувањата во македонската и светската реалност, а од друга страна преку интернетот имаме погледи од очите на индивидуалистот, чиј визир зависи од неговата сопствена генијалност (или беспомошност) произведени од општественото опкружување.

    Во услови на прекинатата вертикална идеолошка матрица и мултупликација на повеќе идеологии достапни само до одредена категорија на приврзаници го води новинарството во правец на самоубиствен изолационизам и провинцијализам. Кругот на восприемачи им е се помал од ден на ден. Одсуствува критика, одсуствуваат дијалозните принципи помеѓу самите новинарски артефакти но отсуствува и самиот новинар како агент.

    Аналитички.

    Интернетот не е магична технологија туку е само инструмент, канал за информации и комуникации. Точно е тоа. Но тој предпочита активност и новинарство во активноста на човечкото присуство.Тоа е медиум кој дава секојпат оној момент кога и самиот ќе дадеш.

    Ако можеме да бидеме гневни на А1, Канал 5, Сител, Време, Дневник и др. електронски и печатени медиуми, што не продуцираат новости и вести базирани на новинарската етика и професионализам, ако можеме да бидеме гневни на советот за радиодифузија кој и после толку години не воведе ред во македонскиот медиумски простор, не можеме да бидеме гневни на интернетот и блоговите што не ги следи и пренесува нештата онака како што секој за себе посакува.

    Затоа интернетот и блоговите предпочитаат.

    Промена на моделот новинарска елит – публика.

    Имено секој човек кој има допирни точки со новинарството во својата работа и живеење може да стане емитувач на новинарски информации од еден или друг вид. Секој може да предложи сопствена информација и позиција спрема одреден настан. Така е создадена возможност за рамноправност и дијалог.

    Една од софтверските средства за реализирање на оваа микромедиумска множественост е т.н weblog или по кратко кажано само блог. Во него се прават брзи записи од дневен или информациски – коментаторен тип. Обединети во тематска мрежа, блоговите можат и те како да се превртат во сериозен канал за размена на новинарски информации, помеѓу пишувачите и нивните читатели. Најспецифично е тука што субјективниот карактер на информацијата, нејзиниот опфат, независниост, и од пазарна и од секоја друга коњуктура е најчовечката и најискрената информација која ќе ја добиете, лишена од секаква редактура.

    Почитуван господин Беличанец, иднината на новинарството е опфатена во следново.

    Блог – новинарски модул кој дава големи и мали новини, предадени преку визијата на субјективецот.

    Вебстраница – пространство во кое некој мал колектив може да се себеизрази, да објави отвореност кон светот и да не покани на дијалог, оцена и рефлексија.

    Вебсајт, многуфункционален тип на вебстраница, на кое има осигурано пространство за новинарски пишувања. Тука се и електронските верзии на големите медиуми кој вие ги регулирате во работењето.

    Да резимирам.

    На човекот не му е веќе потребно само информација како таква сама по себе, туку претставување на истата како комплексна и многуслоевита, со возможност да достигне до поцелосни културни контекси и ситуации. Информација во која ќе биде вградена и субјективната искреност на човекот. Неговата душа. Таа е онаа информација која ќе го води човекот а не сувопарната, фризирана, и извитоперена новинарска информација.

    Тоа е процес кој трае. Има свој почеток и крај.

    Да речеме дека сега сме негде на почетокот.

  18. Darko Buldioski 08/02/2008 at 14:35

    За жал немам многу време да се надоврзам на одличнава дискусија. Еве на кратко само еден линк од мојата презентација на претпоследниот e-society.mk одржан Ноември 2006.

    Битката заврши

    Дебата, дефинитивно ќе има. Се слушнав со Роберто, деталите ќе ги договориме и објавиме штом ги финализираме. Веројатно ќе биде некаде следната недела вторник, четврток во 18 часот или нешто сл.

    Ако има некои предлози за настанот, споделете.

  19. Волан 08/02/2008 at 14:46

    Уф … сте направиле експлозија … Беличанец како да има слично мислење со почитуваната Г-ѓа Ванковска … која преку напис во Фокус рече …

    Блогирањето не е залудно потрошено време

    давајки го мислењето на база на нејзинота кратко читање на дел од блогерите …

    На почитуваната Г-га Ванковска чинам дека веќе никојпат нема да и текне да се впушта во расправа со блогерите … добро ние тогаш бевме без хонорари а таа лапна хонорар од аписот во весникот … 🙂

    Нешто слично сега скока и почитуваниот Беличанец кој незнам зошто се подпишува со “Советот за радио трансфузија“ … 🙂

    Беличанец – мислењето ти е лично ? или е дел од некоја политика на СРД ?

    Дали тоа СРД за реши да стави правила кој смее на интернет да пишува содржини и кави треба да бидат тие ?? Да се врами интернетот во некаква правна рамка ??

    Почитувани новинари и останата МК интелектуала – која несака беспари да пишува текстови и да ги објавува на НЕТ … За да го подигнете нивото на блогот појвете се и самите на него … подигнете го нивото … кажете го мислењето на луѓето од средната генерација … издржете ги ударите на отворениот напад на широката публика … е некои се и анонимени …

    Лесно е од бусија – одстрана да давата совети … влезете внатре во медиумот и дајте го таму мислењето …

    Појавувањето на Најчевска како блогер го поздравив во правец дека се јавува таква личност која фали во МК блогосфера …

    Затоа Беличанец и останатите кои се осеќате повикани повелете внатре во Блогосферата и учествувајте во подигањето на нејзиниот квалитет …

    А тоа што има и луѓе кои не Ви се допаѓаат … просто е не ги приметувајте … тие сами ке се изгубат …

    Ако до сега не ја свативте револуционерната улога на блогот како медиум во подем … тогаш ке мора да почекате уште некој година … истото да се случи и кај нас и да признаете дека сте згрешиле …

    Блогот ке доживее вистинска револуција кога ИП (интернет пенетрацијата …) во МК ке се качи над вистински 30 проценти – бродбенд интернет … Тогаш сите ама баш сите што ке сакаат да му се обратат на народот, ке отвојат свој блог – свое "CV" … сеедно дали ке настапуваат како личност или како партија да речеме или некоја друга интересна заедница …

    Можеби некој се лути што Блоговите ги сакаат пребарувачите … што да правиме така е … првин затоа што блогерите користат линкови и тагови … а пребарувачите тоа го обожаваат …

    Забегав доста беше за сега …

    Беличанец бидејки си осамен … повикај пријател за да станеш порамноправен … или ке мора на некои личности да им платиме хонорар за да учествуваат во дискусијава …

    еве неколку мои написи на темата:

    БЛОГЕРИ НОВИНАРИ

    БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ …

    Блогот & МК новинарство …

    Овој коментар ке оди и како пост и му се извинувам на сопственикот на блогот заради мојата должина на коментарот …

  20. Darko Buldioski 08/02/2008 at 15:37

    Волан, блогосферата не треба да се замислува како затворена сцена во која треба секој да влезе внатре.

    напротив. таа треба да се избори да биде дел од севкупниот медиумски еко-систем

    не може, и не треба секој да биде блогер.

  21. Волан 08/02/2008 at 16:25

    Дарко

    Јас сум за тоа ако сакаш да смениш нешто … направи го тоа одвнатре … од кога ке ги разбереш правилата … ке го вкусиш морковот и стапот …

  22. Волан 08/02/2008 at 16:27

    Туку да не се насекираа некои фаци кои се шетаат од медиум во медиум – дека ке престанат да ги викаат ??

  23. Новица 08/02/2008 at 17:34

    Не разбирам една работа, линкот на името на Роберто Беличанец води до Совет за радиодифузија? Дали тоа значи дека тој пишува во името на советот или што?

  24. Anonymous 08/02/2008 at 17:50

    Да беше блогосферата толку чкарт, каква што се обидува оваа радиодифузна банда да докаже, тогаш верувајте немаше да се замараат ни три секунди.

    Затоа нивната малициозност е со умисла, во смисол упростена порака до јавноста “блог тоа е лошо“ но и испитување на теренот – “блог ако некогаш стане добро, ќе упаднеме ние, ќе инфрилтираме наши луѓе, космополити, комуналци што чистат а не прават ѓубре“.

    Така некои пропаднати транзициони новинари ќе пробаат да се себеобноват или реактивираат преку блогот.

  25. sead93 08/02/2008 at 19:11

    (1) Мислам дека оваа дискусија е вистински доказ и показ колку е блогосферата покреативна и попотентна и од новинарството, и од сите покласични средства за јавно општење. (2) Се разбира, како што начна и Дарко, блогерите нема да им ја преземат корката леб на новинарите. Тие секако ќе продолжат да седат пред партиските и владините седишта, и ќе им се врткаат на „моќниците“ гледајќи да зграпчат некоја трошка моќ и слично. Кога се однесува на сферата на јавното мислење, тоа е веќе друга игра и мислам дека новата генерација наши блогери има навистина што да каже. И кога и најортодоксните новинари ќе разберат дека е така, како што спомна и Букарски ќе има двојни играчи кои ќе пробаат да блогираат и да си го реафирмираат угледот како новинари, но колку ќе можат ќе видиме. Тоа е како атлетичар вежбан за трки на 2000 метри да го трансформираш во спринтер. (3) Во делот за кој Волан и Дарко разменија мислење за тоа кој може/треба да биде блогер, мислам дека тоа самата блогосфера си го само-регулира, и во тоа е убавината на самиот медиум. Критериуми треба да има но нжтие постапно се воспоставуваат, никогаш не смее и нема д аима Совет на блогери кој ќе кажува као и што треба да се блогира. (5) во самото тв-шоу најпроблематичен е исказот некој блогерите без пардон (мислам дека авторите останаа должни јавно извинување)

    да ги обвини за расисти, а н а формулацијата дека е блоговите се ѓубре, може да се даде и контра прашање, па колку од денешните весници не се ѓубре,мислам дека е тоа едно фино купче од емотивно, непрофесионално, тенденциозно, вулграно и слично ѓубре кое можеби ги надминува оние спомнати 70-80 проценти за блоговите.

  26. Anonymous 08/02/2008 at 21:13

    Полека, полека…

    Ја сфаќам потребата да се самодефинирате, ама не ми пикајте во уста работи што ниту сум ги кажал ниту пак ги мислам…

    1. Не ве напаѓам, ниту пак мислам дека она што го сакате не треба да го сакате и она што го работите не треба да го работите.

    2. Она што се обидов да го кажам и сега пак ќе го повторам … Блогот не е медиум во класична смисла, а пишувањето на блог не е новинарство… Толку… Точка.

    3. Не ги бранам новинарите… Далеку од тоа.. еве ако тоа ви прави ќеиф за традиционалните медиуми важи истото… 70-80% од објавените текстови не ги задоволуваат професионалните норми… Бидете доблесни и не си прајте филмови и не ми импутирајте работи што не сум ги кажал.

    4. Не го мешајте Советот за радиодифузија во приказнава – веб сајтот го ставив затоа што формуларот за одговор ми бараше е-маил адреса и веб сајт. Мислев дека е добро да го ставам тој сајт. Сега на овој пост го ставив сајтот на Меѓународна федерација на новинари.

    5. Јас мислам дека традиционалните медиуми ја губат публиката поради менувањето на комуникациските матрици и поради нивниот колаборационизам со веќе изградените системи на моќ, ако не сметав дека е битно да се потегне дискусијата за функцијата на блоговите во општеството немаше ни на крај памет да ми падне да влегувам во ваков осињак, и пак да ви го кажам истото бујрум на муабет. Во лице, без машини. Патем бев иницијатор и на една конференција за тоа дали медиумите ја губат младата публика.

    6. Каде ја исчита Букарски пораката Блог тоа е лошо…

    7. Некој на блогот на рибаро се обиде да објасни дека блогот е приватен интернет простор, и со тоа се согласувам (ова ќе го постирам и таму заради паралелната дискусија која што таму се води)… Ама токму тоа оди во прилог на мојата теза дека блогот е комуникациски канал што не е медиум во КЛАСИЧНА СМИСЛА.

    8. Волан ми ја потврдува тезата дека се работи за ЗАЕДНИЦА ОД ПОЛУЗАТВОРЕН ТИП инсистирајќи на тоа дека треба да бидам дел од стадото за да го сфатам стадото (всушност во голем дел од реакцииве ми смета токму тој колективистички одбранбен механизам на стадо кое се брани.. а брани индивидуални права…). Тоа е таква ноторна глупост како да кажеш дека за да извадиш лична карта прво мора да работиш во МВР во матично. Тој тип на постови е насочен кон ЕЛИМИНАЦИЈА И ЗАТВОРАЊЕ на дијалогот. Ве прашувам отворено сакате да престанам да одговарам, да мислам, да пишувам… Нема проблем. Особено што веќе одредени верници во сектава веќе се јавија физички да ми објаснат некои работи.

    9. Најголема лудница е тезата дека кај блоговите немаат дискурс… Но ова е комплицирано за пишување и сосема ќе ја дефокусира дискусијава.

    10. Значи сега ќе фрлам уште една тема за јадење… Не само што она што го кажав претходно држи туку и ќе додам дека на блоговите не може да се води структуирана диускусија и дека заради тоа дури и како место за размена на мислења е НЕФУНКЦИОНАЛНО (ај сеа само немојте ов да го приочитате дека е нов напад затоа што произлегува од структурата и формата на комуникациското средство). Знаето зошто… Заради дискурсот на КЛОАКА кој што се поткрадува („Пљукање, серење, тепање, педер„) сето ова излезе од постовите и тоа е грдото лице со кое што барав да се соочите.

    11. И натаму сметам дека оваа дискусија е битна и за мене и за вас затоа што на сите ни помага да ги дефинираме или предефинараме улогите на новите комуникациски алатки и традиционалните медиуми.

    12. За анонимноста и кукавичлукот – претерав со цел да испровоцирам реакција. Поинт такен. Прашањата на идентитетот не влегуваат во оваа дискусија и тука бев неправеден. Но и тоа е легитимна дискусија, и ќе ја отвориме друг пат.

    поздрав

  27. Anonymous 08/02/2008 at 21:22

    Ах да и уште ова до Волан,

    Мене не ми треба подршка за тоа што го мислам. Не сум толку паднат со духот па да ми требаат евет-ефендии. Тешко на оној што му треба некој амин да му вика за да биде сигурен во себе. Мислев дека во дискусија се валидни аргументи а не кој колку пријатели има, или кој колку вреска.

    Во таква дискусија немам намера да се впуштам.

  28. Волан 08/02/2008 at 21:50

    Не приметив дека некој вреска … туку само ми падна непријатно дека си осамен …

  29. Волан 08/02/2008 at 22:00

    Кога те поканив да бидеш дел од “стадото“ како ти го именуваш … мислев на тоа дека поарно би ги сватил процесите ако ги гледаш од внатре …

    Ако бидеме живи и здрави само уште две три години и се сетиме на муабетов … верувам дека сите ке се изнасмееме на сопствените тези … 🙂 а до тогаш се ке биде сменето …

    живи били па видели …

  30. Lavot 08/02/2008 at 23:12

    Премногу се генерализира. Блогот не треба никако да се сфаќа, тоа е веб простор кој може да биде искористен на ваков или онаков начин. И тоа е тоа и ништо помалку и ништо повеќе.

    Проблемот не е ни во процентите, ни во релевантноста. Доколку некој блогер изгради свое реноме, по кое ќе биде посетуван, почитуван и на кого ќе му се верува и доколку тој пишува за одреден настан, случај и сл. сигурно дека нема да го одминете или да го потцените, само затоа што е блогер.

    И премногу се цепидлачи со тоа блогер, блогерска заедница и дрн, дрн јариња….

    Главниот проблем е во тоа што кај нас, се уште ептен со резерва се гледаат работите и со потценување кон сите интернет феномени кои не се комерцијално поддржани.

    За разлика од нас, во Хрватска овој проблем е веќе надминат и таму три-четири комерцијални компании се трудат да регрутираат што е можно поголем број блогери кои ќе пишуваат на нивната блог платформа.

    За оваа цел плаќаат јавни личности или им нудат различни поволности само за да бидат „од кај нив“. Кај нас јавните личности кутрите, можат да се пофалат единствено дека имаат свој емаил (кој ретко кога го проверуваат) и евентуално лошо изработен веб сајт кој откако го направиле никогаш не е ажуриран.

    За крај, би сакал да ве информирам дека веќе е регистрирано Здружение на блогери на Македонија, кое ќе има за цел промоција и развој на овој вид медиум во Македонија.

    Откако ќе биде промовирано, Здружението има намера да ги собере сите заинтересирани блогери да учествуваат во него.

  31. Баждарџија 09/02/2008 at 02:05

    Јас имам три прашања до Беличанец:

    Дефиниција за медиум?

    Те молам, дефинирај што е медиум во класична смисла?

    Дали медиумот е информативен или пораката?

  32. Anonymous 11/02/2008 at 17:29

    До баждарџијата:

    1. Во широка смисла секој комуникациски канал кој служи за размена на информации е медиум без огкед дали комуникацијата е симболична или директна. И сексуалниот однос во таа смисла е медиум.

    2. Медиумот во класична смисла е наменет за МАСОВНА комуникација и во принцип е карактеризиран со следно:

    Во однос на комуникациска шема – центар на комуникација – канал – публика – слаба повратна спрега – кумулативен ефект на комуникацијата. При што: Комуникаторот користи организација… Каналот е широко достапен и посредувано еднонасочен… (фреквенција… лесно достапни дистрибутивни точки). Публиката е сегментирана и бројна, лабаво поврзана, кон каналот пристапува неорганизирано. Повратната спрега се јавува на два начина во форма на симптоми (гледаност – тираж, испитувања на јавно мислење) во квантитативни параметри или пак во форма на асиметрична интерперсонална комуникација (публиката на ТВ прилог не одговара со ТВ прилог туку со писма или телефонски јавувања), во одредени случаеви, по избор на комуникаторот фидбекот може да биде интеракактивен и во реално време, но тој е во функција на медиумскиот продукт (писма на читатели, контактни емисии, смс пораки). Ефектот на пораките врз публиката е кумулативен.

    По функција:

    Класичниот медиум информира, забавува, едуцира, продава и наркотизира.

    3. Медиумот е порака – кованица на Маршал Меклуан. Тоа значи дека се нераздвојни и влијаат еден врз друг.

  33. dok 11/02/2008 at 17:40

    Роберто, верувам дека ти е супер интересно што иницира тема каде се прикажуваш како сам против мнозинството.

    Прво настапуваш од позиција на авторитет и се голема леснотија се расфрлаш паушално со оценки (50% се расистичко ѓубре), непоткрепени со ама баш ништо.

    Следен чекор ти е демек се чудиш зошто е таква реакцијата од луѓето, а знаеше дека ќе биде таква. Не сакам да верувам дека тоа беше така наивно фрлена ракавица.

    Сега се криеш зад дефиниции од книги, а во меѓувреме прескокнуваш коментари како оној од Лавот затоа што така ти одговоара. Последно ти е ретерирање во ставот после „жестоката" реакција од некои блогери.

    Ти лично предложи кој сака надолж и попреку да дискутира на темава да ти се јави и да ти закаже ферка и остави телефон. Колку што знам има обид тоа да се договори, ама си презафатен, само ме чуди како не си презафатен да ставаш 2км коментари неколку пати на ден 😉

    Седам и се чудам зошто сево ова и единствено нешто што ми иде на памет зошто си волку активен на повеќе блогови е дека си некое исфрустрирано типче што се утепало од читање книги додека другите деца плескале баскет или табла и се дружеле, па си останал без другарчиња и ова ти е начин да си го пополниш времето кое другите луѓе го користат за комуникација со пријателите.

    Не ми е целта да те навредам или слично, ама така ми личи од едноставна причина што нудиш критика, а ане нудиш решение. Ај сега не се препознај во мојов коментар.

  34. Роберто Беличанец 11/02/2008 at 18:43

    Не бе не сум зафатен,
    понудата уште стои. Ај на муабет. Имаше еден позив од Дарко и не се додоговоривме.
    За провокациите си во право.
    А не нудам ниту критика ниту решение туку дискусија.
    Блогот е битна појава и заслужува дискусија.
    И патем не сум ретерирал од основниот став ниту милиметар. Но ако е проблем да се прифатат аргументи против споредните работи искажани во првиот пост, моја грешка, мислев дека уважување на мислења каде што не си во право спаѓа во култура на дијалог, а не во грев.
    И со ова престанувам да постирам. Станува заморно и ништо ново не произлегува.
    П.С. Играв фудбал и читав стрипови… Книги ретко

  35. Археоблог 11/02/2008 at 20:13

    Значи сепак се потврдува мојата аксиома дека ,,Секоја подлога (површина) па дури и амбиент, реален или виртуелен, која може на мене да ми пренесе порака – е медиум."

    Би сакала да се одржи оваа фино најавена дискусија на тема блогови, но една мала напомена до иницијаторите на идејата дека треба да имаат во обзир неколку факти за тековнава недела, а тоа се: во среда оди Сподели кино, во четврток се 2 празника, а во петок блогерска журка. Почнувам да се сомневам дека доколку ова временски се развлечка, би можела да спласне заинтересираноста кај блогерите кои имаат намера да присуствуваат на овој настан. 🙂

    Поздрав до сите 🙂

  36. dok 12/02/2008 at 12:44

    Роберто, знаев дека вака ќе се надурлиш, ама нели не е убаво кога некој ќе седне и паушално ќе те „оцени”? Како што реков не ми беше намерата да те навредам или слично, ни најмалку. Пред две години го имав истиот став кон блогерајот како и ти. Ниту денес немам блог иако Дарко ме с'ска да правиме нешто, па можеби ќе се активирам повеќе наскоро.

    Дискусија ок, ама за дискусија треба да имаш дискутанти кои настапуваат од рамноправна позиција на соговорници, а ти од старт се обиде да се наметнеш како авторитет и мислам дека од тука потекнаа реакциите (па и мојата).

    Инаку, не гледам дека некој не се сложува дека има шум или дека одреден % од МК блоговите се ѓубре.

    За жал нема да можам да присуствувам на конференцијата (ако дефинитивно ја договорите) затоа што приватно сум презафатен.

    П.С. Во Алан Форд ли ја има дефиницијата за медиум?

  37. деди 13/02/2008 at 02:42

    -Ти си курва.

    Во судницата завладеа молк.

    * * *

    Па ова журналистичка класика од Политика на Рибникари. И сега, едно 70 години потоа не можело да се каже:

    -Ти си обичен педер, Роберто.

    Со оваа реченица започнува утрешниот пост на Деди кај најчитаната блог-платформа во Македонија и нашиот соработник Тартарен Тарсаконец по тој повод разговара со уредникот Тренда на тема ”Дали не страхувате дека Беличанец ќе ве сотре сите до еден?”

    Читајте на страница 3о-и-лева

    Оди бе мали и не треси глупости жити све. Ти и журналистика. Смеа.

  38. fotka 13/02/2008 at 16:07

    Ги прочитав сите коментари и дојдов до заклучок дека некој сака овој блогерај да го направи новинарски, тоа ние блогерите и блогерките нема да го дозволиме, барем јас тоа нема да го дозволам и мојата дружина.

    ЧАО НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ БЛОГЕРАЈОВ ДА БИДЕ ЗАЛОЖНИК НА НОВИНАРИТЕ

  39. Anonymous 14/02/2008 at 03:11

    http://www.vecer.com.mk/?ItemID=797B88E68D86BE459

    Да не стоеше логото на весникот горе можев да се заколнам дека го пишувал определен блогер. Ги има сите елементи – замени на тези, ширење на омраза, анонимност, популизам.

    Гнасотијата не е во блоговите и/или медиумите, таа постои. Прашање е само како е полесно да излезе на виделина.

    А ако некој се замислил дека кликањето на копчето "Sign Up" го направило инстант-дисидент и дека блогирањето е нова демократска револуција се лаже.

    Роберто генерализира, исто како што и повеќето блогери генерализираат. Со мала разлика, се потпишува со име и презиме за разлика од x, y и z (овде одма можам да ставам од ракав 3 блога без да мислам и пребарувам).

    Менталното здравје на нашата јавна свест е загрижувачко до ниво што станува смешно. На пр. во моментов илјадници блогери и коментатори по веб сајтови воскликаат едногласно Грција да ни ставела вето за НАТО. Ситуацијата е сериозна, нашата држава е она што сме ние. Дали го имаме капацитетот да бидеме она што велиме дека сакаме да бидеме? Или е пофер да не се лажеме?

  40. Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И

  41. Pingback: Јас, Гебелс и мојот медиум » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Comments are closed.