Како публиката манипулира со медиумите

Ако повторувањето е мајка на знаењето, тога(ј) поедноставувањето е мајка на незнаењето. За тоа како медиумите манипулираат со публиката (гледачите, читателите, слушателите, и сл.) може да најдете мал милион записи, текстови, анализи, примери, и така натаму, но запоставената страна во ваквите релации е како публиката манипулира со медиумите?

Манипулацијата на медиумите со публиката се отсликува во процесите на кодирање на пораките. Една медиумска порака најчесто е повеќеслојно кодирана. На пример,

(1) првото ниво на кодирање е јазичното ниво, односно постои соодветен медиумски стил или жаргон (или новинарско-техничко-експертски јазик) на изразување, па одреден настан од типот „А се виде со Б“ се кодира како „А оствари средба со Б“.

(2) второто ниво на кодирање е (Фукоовски кажано) е дискурзивно (=конципирање на целината на текстот), па двојно кодираната порака сега ги одразува релациите на моќ, (пре)власт, етичко-квалитативна (пр)оценка на актерите и слично. Дискурзивното кодирање е веќе ниво на кое кодер-от, авторот на медиумската порака, веќе почнува да ја реализира својата идеја за тоа како треба да се чита пораката и што треба примателот да разбере. Изразот од погоре во склад со дискурзивното кодирање ќе се развива на пример во ваков тип на изрази: „А оствари средба со Б, на негово барање“ (Б бара од А средба и со тоа го реафирмира и зголемува својот авторитет пред Б), „А оствари средба со Б. Б го реафирмираше ставот дека…“ (Б се потенцира како поважен), „А оствари средба со Б. А ја повтори оценката за…“ (А е поважен) и така натаму. Бројот на комбинации е бесконечен.

3 . Третото ниво на кодирање е идеолошкото кодирање кое некогаш и отсуствува, но дури и тогаш функционира, бидејќи се подразбира. Идеолошките знаци (семеми или симболи) се расфрлани стратешки низ текстот или низ сликите, и се еден вид семантички јазли или столбови кои го држат текстот и ја осигуруваат поентата на пораката (како што ја замислил авторот). За различни идеологии, различни знаци и симболи. На пример, за комунистичката идеологија арсеналот, општо познат, се состоеше од кованиците „братство-и-единство, самоуправување, народно ова, народно она“, за демократската идеологија тоа се „слобода, либерално, гласање, човекови права, еманципација“, и.т.н. За визуелните медиуми важи тоа дека идеолошките знаци се прилично побројни и поразновидни, но вршат иста функција, полусвесен проток на идеолочкиот дел од пораките. На ниво на виуелност доминираат, според Фројд, т.н. палеосимболи (нешто слично со подоцнежното архетип на Јунг, но далеку поприменливи како идеја за медиумските појави, додека архетиповите би биле посоодветни во уметноста да речеме). Палесимболите се слики-текстови кои функционираат на пот/над/не-свесно ниво, како на пример палесимбол за мајчинство е жена со бебе во рацете, палеосимбол за победа е рака со истакнат показалец кон небото како некој вид поврзување со повисока сила и слично.

Сега поважното, како публиката манипулира со медиумот?

Манипулира претежно на ниво на декодирањето, и со тоа како ги осмислува images.jpg медиумските пораки.

Едната стратегија на манипулирањето со медиумската порака и самиот медиум е (а) прекин на каналот за комуникација (тоа би било практично промена на тв-каналот, прескокнување на одреден текст или фрлање на весникот…).

(б) втора стратегија е негацијата (се негира пораката и се отфрла без да се подложи на процес на толкување),

(в) третата стратегија е аберантно декодирање (според Умберто Еко), односно пораката целосно се преосмислува и поинаку се толкува од предвиденото од авторот (за мене највпечатлив пример за аберантно декодирање е примерот кој Ранко Бугарски го наведува во книгата „Језик у друштву“ по кој српски истражувач еден староегипетски хиероглиф го „препознава“ како гусла [музичкиот инструмент] и заклучува дека српската култура датира уште од тоа време).

г) честа стратегија е фрагментарно декодирање (еден дел од пораката се прифаќа, други се отфрлаат).

Ова се само најчестите стратегии на манипулација на медиумите од страна на публикат, а во реалноста се тие секако побројни. Како и да е, поважно е дасе подвлече дека публиката не е оставена на милост или немилост на медиумите, таа секогаш има избор.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Како публиката манипулира со медиумите

  1. darko156 04/02/2008 at 12:04

    Тешкото прашање доаѓа кога ќе треба да се открие по кој принципи и врз кои основи публиката ги користи различните начини на манипулација.

    Нели дел од ставовите и перцепцијата за реалноста ја креираме со помош на медиумите. Во случај кога читателите манипулираат со медиумот тие веќе ги имаат креирано своите ставови и само го користат медиумот за да си ги поткрепат или зајакнат.

    Башка со ова претходно оформено знаење публиката намеро одбира одреден канал со однапред јасна цел, што сака од него.

    На пр. припадник на СДСМ гледа Канал5 (хехе) за да се почувствува силен, за да биде прав. А гледа Сител (на пр.) за да може да пцуе и да вика контра и да пра и ц,ц,ц

    Нормално примерот може да оди и во обратна насока.

  2. melbourne airport 21/11/2012 at 06:30

    Pliny the Elder~ No mortal man moreover is wise at all moments.

  3. Baju Bayi 21/11/2012 at 08:30

    Wow, amazing blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is excellent, let alone the content!. Thanks For Your article about Како публиката манипулира со медиумите | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.