Добар ден почитувани читачи. Настаните од неделата во новиот #ПрегледВоПеток, ви ги пренесува yours truly 😀
Па, да почнеме:
Стигна Clubhouse од Силиконска долина, ама само со покана
Clubhouse е аудио социјална мрежа која ви овозможува да слушате и да разговарате со други луѓе преку соби каде што можете да учествувате како говорник или само како слушател. Ја искористува популарноста на поткасти и аудио содржина, а по содржина е најблизу до Twitter или Facebook групите. Новата аудио социјална мрежа стана посебно интересна кога Elon Musk започнaл да дава совети за неа и почнал да го испрашува основачот на Robinhood во една од Clubhouse собите.
Нашиот драг пријател и основач на Нетокрација, Иван Брезак Бркан, лично и персонално направи сеопфатен осврт на Clubhouse кој вреди да го прочитате.
Tim Cook го нападна Facebook
„Не може да се дозволи социјалната дилема да стане социјална катастрофа.“ – рече извршниот директор на Apple, Tim Cook, во неодамнешниот говор во Брисел по повод Меѓународниот ден на приватноста на податоците.
Низ целиот говор апсолутно е јасно дека тргна во офанзива против Mark Zuckerberg и Facebook, кратко по неодамнешниот напад од Facebook, кои објавија реклами во неколку весници во кои се напаѓаат новите промени за приватноста на Apple.
Без воопшто да го спомене името на Facebook, Tim Cook во својот говор даде една тешка лекција за која треба да размислуваме:
„Крајниот резултат на сето ова е тоа што повеќе не сте корисник, Вие сте производот. Која филозофија сакате да ја следите? Сакате бизнис што им служи на корисниците или оној што ги искористува корисниците за да му служат на бизнисот?“
Instagram со една добра и една лоша новина за инстаграмџиите
Прво лошата или добрата вест? Еве прво да ве израдувам:
Instagram додава нов фолдер „Recently Deleted“ што ќе им овозможи на корисниците да ги вратат сите избришани објави 30 дена по бришењето. Ова ќе ги направи среќни сите оние на кои често им се случува по грешка да си избришат објава или пак оние кои биле жртва на хакери кои бришат содржина кога ќе добијат пристап до нечиј профил.
И пред да се возбудите премногу, морам да ви ја кажам и лошата вест.
Додека Instagram продолжува да додава сè повеќе и повеќе функции, тој исто така сега спроведува тест кој спречува некои корисници да споделуваат објави од News Feed во нивните Stories. Ако имате следачи како мене што можда еднаш месечно ќе им текне да прегледаат што сте објавиле во News Feed, а речиси секојдневно ги следат вашите сториња, ummm I think you’re f____d up. 🙁
Среќен роденден Facebook
На 4 февруари 2004 година беше лансирана социјалната мрежа TheFacebook за студенти на Харвард и други универзитети од т.н. лига на Ајви. Така почнува историјата на Facebook кој вчера наполни 17 години. Догодина ќе го частиме пиво 🙂
Настаните што влијаат на оваа социјална мрежа и на кои таа влијае секогаш се многубројни, а јас пак ќе ве испратам на Нетокрација да си ја прочитате Миа Биберовиќ со заклучоците за досегашната работа и иднината на Facebook.
#комкаст 96 – Како да снимите поткаст – втор дел
Дарко го продолжува муабетот за снимање поткаст со малку повеќе осврт на техничкиот дел и опремата потребна за снимање, и споделува што и каде е достапно од опрема на нашиот пазар. Преслушајте си го новиот #комкаст
Бонус линкови
- ICO u Srbiji – Izdavanje digitalne imovine po Zakonu o digitalnoj imovini
- Infografika: Gašenje interneta: Skup poduhvat u borbi za vlast
- The people wanted Lego bike lanes, and Lego is finally listening

Убав викенд, се читаме во 125ката.