Невидливи коментари на Дневник влијаат врз одлуките на Кире

Пред некој ден се појави информација по медумиве дека нашиот (веќе херој) Кире Лазаров ќе влегува во политички води во својот роден град. Информацијата на нет прoјде со доста негативни критики

И ти ли сине Кире? Твит 1, Твит2

Update: Сум ја пропуштил FB групава: Poddrska za Kire Lazarov da ne vleze vo politika!

Но, за среќа денес нова вест: Лазаров не сака да игра за Даневски а во неа на крај вика вака:

Веста дека Лазаров планира да влезе во политиката на локалните избори предизвика и многу реакции. Читателите на „Дневник“ во своите коментари на објавената вест му порачуваа на најдобриот македонски ракометар да се откаже бидејќи „на таков добар спортист не му треба политиката“.

Јас никаде не видов коментари на Дневник? Ај што новинариве се повикуваат на фантомски експерти, ама сега почнаа и на фантомски коментари да се повикуваат.

* пред некој да ме исправи, да кажам дека знам дека на Дневник може да се внесе коемнтар ама нема да се појави, си ги читаат само од внатре луѓето.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

4 Comments Невидливи коментари на Дневник влијаат врз одлуките на Кире

  1. Ели 05/02/2009 at 12:33

    Јас токму од таа причина престанав да коментирам на статиите на Дневник и Време. А и Утрински во последно време ми имаат жолт картон откако селективно ми ги објавуваат коментарите (јас ним конструктивен совет, тие мене бришка)..

    Со сила да дадеш некому нешто не можеш.

  2. Јофе 05/02/2009 at 14:28

    хахаха, добра забелешка… јас уште од поодамна се чудам зошто нема коментари никаде по веснициве освен во утрински и нова македонија…

    стварно не сфаќам, ставиле можност за пишување коментари а не ги објавуваат…

    господ да чува и голман да брани…

    а инаку, можеби дневник се послужил со коментарите на сајтот на а1 кој ја реобјави нивната вест, ги има бајаги таму 😛
    http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103944

  3. Бранка 10/02/2009 at 13:34

    Јас го имам истиот проблем со Утрински Весник…. Не ми ги објавуваат коментарите…

    А не прекршувам ниту еден од нивните "правила" напишани кога се објавува постот 🙂

    Еве најтазе пример од денеска: http://utrinski.com.mk/?ItemID=051A8BB6670B7D4D93

  4. melbourne australia 21/11/2012 at 05:10

    It is better to be boldly decisive and risk being wrong than to agonize at length and be right too late. -Marilyn Moats Kennedy

Comments are closed.