Рејтингот на медиумите и маркетингот

Се во круг, (не)задоволството на квардрат. Колумна на Гордан Геров во дневниот е-Еснаф на релација медиуми-маркетинг агенции-истражувачи.

Темава е стара, колумнава не нуди ништо ново, заокружува некои работи и пак констатира дека има ќошиња. Но сепак ајде да ве посочам сами да се уверите, можеби немам право.

Да не должам, на крајот од овој прилог само ќе укажам на единствениот “спас” кој не се однесува само на одредувањето на “вистинското место” на медиумите, туку и воопшто на “личната определба” за консумирање (конкретно за маркетиншка соработка) на “она вистинското”: систем на вредности. Кога го нема (а го нема), кога (свесно) не се воспоставува, не може да се гради и постојано да се надградува критериум за вредното, па просторот за манипулации и шпекулации е огромен, немерлив. И се уште ќе биде. …повеќе

Инаку една мала напомена: пиплметрите не се крајното и ултимативно решение за мерење на рејтингот. Ова не е моја констатација туку констатација на многу искусни истражувачи и тоа токму од МК.

Извор: е-Есанаф

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.