72 #ПрегледВоПеток

Ладно е денес. Седи си дома, читај си преглед во петок и дознај што е ново во дигиталниот свет.

Пред да започнеме со четивата од денешниот #ПрегледВоПеток, имам една супер вест. Од март Дарко (@darko156) се враќа во Brainster како предавач на Академијата за дигитален маркетинг. Во интервју за добредојде тој зборува за современиот дигитален маркетинг, предизвиците со кои се соочуваат маркетерите денес и вештините потребни за совладување на истите. Дарко ќе предава за градење на дигитална стратегија, генерирање лидови и оптимизација на целни (landing) страници.

LinkedIn е Instagram-от на нашата (лажна) работна кариера

Инспириран од #DollyPartonChallenge мемето, нашиот драг пријател Иван Бркан напиша одлична статија за Нетокрација во која зборува за тоа како во последно време LinkedIn станува сличен на Instagram.

LinkedIn je očito društvena mreža gdje su ljudi koje smo upoznali tijekom karijere, a koji se svi lažno smještaju i druškaju kao na najgorem korporativnom božićnom tulumu.

Netokracija.com

Тој пишува за тоа како луѓето на LinkedIn се премногу позитивни и објавуваат идеализирани, досадни и предвидливи постови во кои се чини дека се на врвот во својата кариера. До кога? Барем да сме опуштени кога веќе не можеме да сме искрени на LinkedIn.

YouTube во обид да стане бр. 1 платформа за стримање видео игри

Twitch, Mixer и YouTube водат војна кој ќе ги фати најголемите гејминг стримери. YouTube најави дека 3 различни е-спорт организации (Call of Duty League, Overwatch League и competitive Hearthstone) ќе стримаат натпревари ексклузивно на нивната платформа.

YouTube сака да стане бр. 1 платформа за стримање видео игри, титула која со години припаѓа на Twitch. Но стримање е-спорт е различно од креирање заедница за фанови. YouTube ги нема истите елементи за интеракција со фанови како на Twitch. Јас лично се сомневам дека YouTube ќе го постигне замисленото, но останува да видиме.

Од TikTok чекале 3 саати пред да пријават смрт на корисник во полиција

19-годишен TikTok корисник од Бразил се самоубил додека стримал во живо на платформата. Ова се случило пред скоро година дена а тек сега се откри оваа информација во извештај од The Intercept.

Муабетот е што од TikTok чекале 3 саати пред да го пријават инцидентот во полиција. Прво смислувале ПР стратегија со цел да не се прошири веста па потоа пријавиле. Оттогаш TikTok вели дека го промениле начинот на однесување во криза, но не дава детали што промени направиле. Можеби, бр. 1 – Ако некој се самоубие на платформата, прво пријавуваме во полиција.

And now, something completely different…

Јас сум во зрели години, со огромно работно искуство, рационален и со емпатија. Кај мене зборот омраза не постои, а ниту такво чувство сум почувствувавл некогаш. Сосема спротивно – за мене животниот императив е љубовта.

Трифун Костовски

Извадок од статијата насловена “Социјалните мрежи и нивното место во јавната сфера”, напишана од Трифун Костовски.

Бонус линкови

Толку од денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

До следниот преглед во петок. 🙂