22 #ПрегледВоПеток

Дечки, верувале или не, и овој петок сме редовни со преглед!

Пред да почнеме со новостите од изминатава недела, имаме анкета за тебе. Со цел создавање на подобра слика за ИТ индустријата, it.mk направи кратка анонимна анкета преку која ќе добиеме детални информации за платформите и алатките кои се користат во ИТ, клучните критериуми при избирање на работното место и сл. Иако ДЗС нуди просечна плата во ИТ индустријата, сепак доста информации недостасуваат кои можат лесно да се добијат преку оваа анкета. Одвој некоја минутка и сподели со колегите! 🙂

Ајде сега да читнеме што се случи последниве 7 дена во дигиталниот свет.

  1. Анализа на содржината. Може да се каже дека content marketing е најзначајната стратегија и техника на промовирање на производ/услуга. Со тоа на ум, се поставува прашањето како можеме да ја измериме ефективноста на креирање и промовирање содржина со цел да дознаеме дали таа содржина ја остварила својата намена. Нашиот драг пријател и говорник на сцената на AllWeb, Dragan Varagić, ќе ви раскаже како со комбинација на пратење на сегментите за мерење на релевантност на содржината (Exp, Eng, Loy) на едноставен и брз начин ќе дојдеш до потребните информации за квалитетот на содржата во контекст на бизнис и маркетинг целите на твојот бренд.
  2. Embed Social – Instagram & Facebook mention feeds. „Нашиот” EmbedFeed, деновиве додаде уште еден производ во својата понуда. Сега можеш да следиш кој сè те спомнува и тагнува на социјалните мрежи со опција сето тоа да го споделиш на твојот вебсајт.
    Прикажувањето на mention feeds ја зголемува довербата на потрошувачите, обезбедува транспарентност и го подобрува изгледот на брендот кај потенцијални потрошувачи. Ова е одлична можност брендовите да ја зајакнат нивната UGC (user-generated content) стратегија, но исто така значи дека сите ќе треба да поработат на UGC во 2019та.
  3. Chrome hacker alert. Голем број интернет корисници се жртви на секојдневно хакирање профили и злоупотреба на нивните лични податоци. Со цел да се намали овој број, Google креираше екстензија за Chrome која ќе известува своите корисници доколку нивната лозинка е хакирана, односно дали се наоѓа во датабазата на некој од хакерите. Ова значи дека Google ќе мора да ја зачува твојата лозинка во нивниот систем, што од друга страна исто така може да биде потенцијален ризик. Од двете зла, помалото.
  4. Self-checkout not amusing. Dalhousie University во Канада направи истражување за шопингот на намирници во кое биле анкетирани 1,053 луѓе. 2/3 од таа бројка ја имаат пробано опцијата за self-checkout во маркетите, но само 11% од нив изјавиле дека ја користат редовно. Како се развиваат навиките на корисниците е едно, за нас поинтересно е дека во Канaда се појавиле групи на граѓани кои организиарано повикуваат на бојкот на овој начин на пазарење придвижени со мотото: “never use a self checkout” because they “kill jobs”.
  5. Young minds and screen time. Доколку имаш деца и се прашуваш дали постојаното дремење на мобилен има некаков ефект на нивниот мозок, можеби и ќе добиеш одговор. Федералната влада на САД, преку Националниот институт за здравје, го прави најголемото истражување за развивањето на адолесцентниот мозок во историјата. На 21 истражувачко место низ САД, домашните научници почнаа да интервјуираат деца на девет и десет годишна возраст и да ги скенираат нивните мозоци. Истражувањето ќе трае цела декада и ќе истражува преку 11,000 деца, а ќе чини 300 милиони долари.
  6. The famous egg and its creator. Се сеќавате на изненадувањето од преглед #20? Епа пред неколку дена интернетот го дозна идентитетот на јајцето, односно на креаторот позади јајцето. Кога Chris Godfrey видел дека рекордот за најлајкувана Инстаграм објава е онаа на Kylie Jenner, си направил предизвик да го сруши тој рекод. И тоа со јајце! Патем, јајцето се вика Eugene. Како продолжение на приказната за јајцето, Godfrey и двајцата другари што му помогнаа со акаунтот го презентираа и вториот акт – реклама раскажана преку гласот на јајцето во која зборува како виралноста влијае врз неговото здравје. Креаторите велат дека менталното здравје е една од темите позади кои стои јајцето, а ќе има и други во иднина.
  7. Can’t Unsee. Дали можеш да ги видиш разликите во UI/UX? Can’t Unsee е интересна платформа каде што можеш да се тестираш и да видиш дали ќе ги приметиш разликите помеѓу два дизајни. Ако некои дизајни ги видиш неколку пати, знај дека секој пат има нешто различно. И нешто многу кул – можеш да собираш поени! 🙂

Толку за овој петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот #ПрегледВоПеток слободно пиши ни порака на Фејсбук.

View this post on Instagram

“5 Stages of Data Privacy Grief” – new cartoon

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Се читаме следен петок! (smiles)

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.