Истражување: Навики и употреба на интернет пребарувачи

истражување интернет пребарувањеВеќе некое време го планираме, и конечно ете го во прва фаза: собирање податоци.

Немаме испланирано изложување на анкетава до репрезентативен примерок… па затоа замолувам, ама искрено замолувам… да го споделите линкот до анкетава до што е можно поголем број интернет корисници од различна возрсат, за да може резултатите да бидат порелеванти.

Кое истражување? 🙂

Истражување: Навики и употреба на интернет пребарувачи
http://newmedia.org.mk/anketa/

Еве ги деталите за истото:

Целта на ова истражување е откривање на основните навики и употреба на интернет пребарувачите од страна на македонските интернет корисници. Истражувањето го подготви и спороведува тимот на Центарот за нови медиуми. На прашањата и анализата работеа и ќе работат: Дарко Булдиоски, Анастас Вангели, Славица Биљарска, Мите Кузевски и Сеад Џигал.

Вашата приватност е загарантирана. Резултатите ќе бидат јавно достапни, но без откривање на личниот идентитет. Истражувањето има 18 прашања за кои нема да ви бидат потребни повеќе од 5-6 минути.

Благодарам.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

8 Comments Истражување: Навики и употреба на интернет пребарувачи

  1. Anonymous 09/02/2010 at 16:45

    Прашањето 6, мислам дека треба да содржи и опција „не знам“ и/или „не се сеќавам“. Оти јас не оти се сеќавам колку збора ставам, па уште и просек ќе им вадам. Зависи од поимот што гобарам.

    За прашање 18, „вработен“ не е степен на образование. Вработен може да е и без основно. Мислам дека тоа прашање е подобро да се подели на две, едно за степен на образование, друго за статус со вработување.

  2. Pingback: Tweets that mention Истражување: Навики и употреба на интернет пребарувачи | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

  3. Darko Buldioski 09/02/2010 at 17:00

    Филип благодарам за коментарот.

    Веќе е доцна за да менуваме нешто. Сепак, во поглед на прашањето бр. 6 сепак станува за лина перцепција, не за точна статистика 🙂 свесни сме за тешкотијата во одговарањето, ама тоа е тоа…

    за 18. да, знам дека не е тоа образовние, ама тоа е наш несреќен избор на именување на прашањето, подобро би било дејност или активност или занимање… ќе го смениме.. 🙂

    Фала уште еднаш.

  4. Anonymous 09/02/2010 at 22:41

    Можете да ставите нареден пат и прашања како за што го користите интернетот и пребарувањата.. социјален живот, работа, барање на интересни содржини, игри и сл. мислам дека и тоа е многу битно.

  5. Darko Buldioski 09/02/2010 at 22:43

    Можеме, ама не одевме многу длабоко, сепак онлајн анкета е, немаат луѓе многу трпение да одговараат на прашања 🙂

    Фала за советот, ќе имаме на ум во некоја следна прилика, задолжително

  6. Anonymous 10/02/2010 at 01:10

    Линков е препорачан на насловната страница на Пинг.

  7. Pingback: Истражување за навики и употреба на интернет пребарувачи - Претприемач

  8. melbourne airport tr 21/11/2012 at 05:22

    Q. Did you hear the Energizer Bunny Was Arrested? R. Charged With Battery!

Comments are closed.